Бранко „коцкица“?

5/29/2007

Демек, еве што ги интересирало децата за институциите на државата:

“Која ви беше првата училишна љубов, како се викаше вашиот најдобар другар во основно, кои детски игри најмногу ги игравте, како и беше името на вашата учителка…”- ова беа дел од прашањата што љубопитните првооделенци од О.У.”11 октомври” од Скопје денеска му ги поставија на Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски. (Во рамките на наставната програма каде што децата учат за институциите на државата, учениците од ОУ “11 Октомври” од Скопје го посетија и Претседателот Бранко Црвенковски)

Убаво си знаат децата кои теми се најрелевантни за „државникот“.

А каде се одговорите г-не Претседателе? Или, и за децата важи дека некои прашања не заслужуваат одговор?

И од самите прашања, а и од режираната фотографија, очигледно е дека првооделенците се искористени за подигање на лошиот имиџ на претседателот.

Но, ако толку добро му оди на Бане со децата, зошто тогаш не даде оставка од државната функција и не ја воскресне емисијата „Бранко коцкица“?

И така во царството на Бранко (додека тој беше премиер), царуваше само другарство, куќите беа од чоколадо, прозорите од мармалад, и секој си го работеше она што го сакаше.

5 коментари:

Анонимен рече...

:)))))
Та та та ти ра !!!

Анонимен рече...

врати си назад темплејтот, ова е бљак! :)

Unknown рече...

нема назад, ама ќе има нов темплејт :)
Та та ти ра!

Анонимен рече...

оф топик- би било супер во следниот темплејт да си ја вратиш опцијата со месечни архиви. као посветен хроничар ќе ти кажам дека тие се полесни за keeping track! :)

Unknown рече...

благодарам на укажувањето. ќе го оправам блогов, кога и да е.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week