Нови пасоши, нова националност?

5/21/2007

Повторно новите пасоши ме поттикнаа да пишувам, овојпат на стара тема -„националност“, за која полемизиравме и во постот "GoodBytes vs. Jasnesumjas: за името и Македонија".

Како што ми укажа и darko156 во коментар на постот "„Македонско“ државјанство?", грешката во новите пасоши е исправена, и во графата за државјанство/националност повеќе не стои „Republika Maledonija“ туку „Македонско/Macedonian“. Сепак, ќе остане уште некое време конфузијата - ќерка ми со нов пасош да има македонско државјанство/nationality, а јас со стар пасош – „Република Македонија“.

Туку, што ми беше зборот: Ако сега сите што сме државјани на Република Македонија имаме Македонска националност, дали тоа значи и дека сите сме Македонци – по националност?

Ако е така, тогаш употребата на терминот „националност“ во етничка смисла понатаму не треба да се толерира, и под итно треба да се смени Уставот кој „слободното изразување на националната припадност“ го промовира како темелна вредност на уставниот поредок (чл. 8).

Сега за сега, по новите пасоши, националната припадност на сите граѓани е „Македонци“, а нивната „припадност на заедницата“ – етничката припадност – е „Македонци“, „Албанци“, „Турци“, „Срби“, „Власи“, „Бошњаци“, други.

Не велам дека ваквите формулации не содржат во себе парадокси. Меѓу другото, зошто терминот „заедница“ да се употребува исклучиво во смисла на „етничка заедница“, а не и во смисла на „политичка заедница“?

Меѓутоа, веќе не можеме да се изразуваме дека нашите граѓани „По националност и вероисповед можат да се декларираат како сакаат, но по државјанство се МАКЕДОНЦИ.“ (во коментарот на постот Тиранија на етничкиот идентитет?, Оксиморон). Не можеме да се изразуваме вака, затоа што „националност“ и „државјанство“, според пасошот, се едно и исто.

После новите пасоши, станува многу поитна потребата од разликување помеѓу „Македонец“ – како национален идентитет, и „Македонец“ - како етнички идентитет.

Еве што вели GoodBytes во еден коментар: „За идентитетот - јас сум Македонец и етнички и национално. Воопшто не ми се допаѓа кога некој друг се обидува да ме (ре)дефинира, бидејќи и јас избегнувам да дефинирам други луѓе.“

Пеки, ама повеќето граѓани на Република Македонија кои не се етнички Македонци, избегнуваат да се нарекуваат „Македонци“ во смисла на национален идентитет, затоа што со истиот назив се означува и етничкиот идентитет „Македонци“.

Овој сериозен проблем може да се разреши на повеќе начини. Еден од начините е да се употребува придавката „етнички“, секогаш кога термините „Македонци“, „Албанци“, „Турци“, „Срби“, „Власи“, „Бошњаци“ ќе се користат за означување на етничкиот идентитет, односно за означување на припадноста на „етничката заедница“.

Така, ќе се создаде простор терминот „Македонец“ - без придавката „етнички“ – да го означува националниот идентитет, на сите граѓани на Република Македонија.

Но, дали ваквото решение е прифатливо за сите граѓани на Република Македонија?

Ако не е, тогаш зошто не е прифатливо, и какви други решенија на проблемот со националниот идентитет ни стојат на располагање?

5 коментари:

Анонимен рече...

inspirirana od prethodniot post... sakam... da te prasham... pa kaj si ti denovive? edno inter/vju da ti napraam...galerijashka shema... _?

glisha рече...

Хмм, под државјанство треба и да си стои Република Македонија. Нема некој бошњачко државјанство туку државјанство на Република Македонија.

Е сега дали nationality е државјанство или националност како ние што го користиме незнам.

Во natioanality кај САД пасошите гледам дека стои САД, на шведски пасош пак стои Swedish.

Ме интересира дали има некој „наш“ со странски пасош и дали има/што му стои во тој пасош во таа графа? Swedish(соодветно на пасошот) или Mаcedonian?

Анонимен рече...

Никаде не стои етникум. Секаде е земјата, со варијации од United States of America (vo sad) i Canadian (kanada), Swedish vo svedska. Istoto znacenje e! nacionalnsota ti ja odreduva pasosot, nemozesh da imash amerikanski pasos a da se napises makedonec, makar i imal dvojno, vo amerikanskiot si amerikanec.

Unknown рече...

Баш така, оти
"nationality" means the legal bond between a person and a State and does not indicate the person's ethnic origin (European Convention on Nationality), што значи, нема врска со етничкото потекло.
Патем, „интервјуа“ давам утре во „Галерија 7“ после 15.30 :)

GoodBytes рече...

Жарко, ми се допаѓа компромисот кој го предлагаш на крај: „етнички Македонец“ и „Македонец“. Мене лично не би ми пречело да ја правам таа дистинкција, со обзир дека се декларирам како припадник на етничка или политичка заедница, зависи во кој контекст се изјаснувам (дали ѝ одговарам што сум на некоја бабичка на галичка свадба или на цариник).

Но, тоа можеби прави некаква тежина кон граѓаните на Македонија кои не се етнички Македонци. Сепак, ако си ја сакаат својата земја (нивна е колку и моја), ми се чини дека не би им пречело така и да се изјаснуваат, искрено и без задршка.

Но сепак, не можам да одговорам за нив, па убаво ќе е да се изјасни некој етнички Албанец, Турчин, Влав и слично. Ова е прашање кое технички лесно се решава, но има емотивна димензија која, како и многу други балкански прашања, му додава комплексност.

Како и да е, се согласувам и дека прашањево треба да се затвори. Минатиот пат кажав дека не ми се познати искуствата од други земји. Знае некој како се решаваат вакви проблеми во земји со слична демографија како Македонија? Дали сите Американци се Американци, што е со хиспано популацијата? Или сите жители на Франција Французи, што е со Мароканците и слично?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week