„Тешкото“ на Македонија – со вакви политичари

5/28/2007

Уште лани на 12 јули, веднаш по изборите, предупредив за Криза на легитимитетот, а еве што укажав на 18 август во постот Многу сум скептичен: „Ако составот на новата влада биде изгласан од Собранието наредната седмица, во владата ќе седат министри/министерки кои не добиле доверба од мнозинството излезени гласачи! Имено, новите министри/министерки ќе имаат доверба само од 47,19% од граѓан(к)ите кои излегоа да гласаат (31,24% - ВМРО-ДПМНЕ итн., 7,21% - ДПА, 5,81% - НСДП, 1,78% -ДОМ, 1,15% - ПЕИ).“ Затоа порачав неколку месеци подоцна, Инвестирајте во стабилност, уште пред да се случи Оли Рен-де не направи!

Но, Груевски си беше тврдоглав, и затоа сеуште важат овие согледби (од 11 февруари!), во постот „Монолог ил рецитацију“, танго или „тешкото“?:

„Наместо широк политички консензус, и мобилизација на целокупниот кадровски потенцијал (ЕУ-интеграцијата претпоставува знаење, а не ароганција), Груевски прво не ги послуша добронамерните совети за широка владина коалиција (со ДПА+ДУИ/ПДП) како претпоставка за политичка стабилност во пресрет на разрешувањето на косовското прашање.

Потоа го прекина дијалогот со институцијата Претседател на Републиката (со бојкотот на неговиот говор во Собранието, непризнавањето на резултатите од претседателските избори, и дубиозните иницијативи за уставни измени). Една од колатералните штети се непотполнетите амбасадорски места, клучни за неопходната дипломатска офанзива.

Со упадот во институцијата „Комитет за односи меѓу заедниците“ и со дерогирањето на „Бадентеровото мнозинство“, Владата предизвика бојкот на Собранието од страна на политичката партија која освои многу повеќе гласови од владиниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата честопати наметнуваше теми кои немаат никаква врска со ЕУ-интеграцијата, а кои предизвикуваа раскол во парламентот и јавноста - законот за празниците, воведувањето веронаука, Милениумскиот крст... Така ли се гради консензус? (...)

Не велам дека немаше и добри потези, за кои пишував и на овој блог.

Но, ако „за танго се потребни двајца“, за играње оро се потребни многу повеќе од двајца.“

Е дури сега Груевски почнува да игра оро, според пораката до македонската влада од Оли Рен, за отпочнување дијалог со сите политички партии.

Ако добро сум разбрал, Ахмети веќе порача дека не се враќал „дома“, ако пак го натераат да го напушти парламентот, што беше проследено со бурни аплаузи од „ОНА-нистите“.

Можда навистина Ахмети си има проблем со поимот „дома“ (како што проникливо забележа една блогерка), ама неговиот проблем може да ни ги уништи шансите за преселба во нашето посакувано „дома“ – НАТО и ЕУ.

Токму затоа, сега кога сме во „цајтнот“, проблемот на Али е и наш проблем, заедно со имплицитните закани за нов „конфликт“, на кои (за жал) се навикнавме како на дел од нашата политичка култура. Колку побргу Груевски ќе сфати дека е и негов проблем, толку побргу и самиот ќе престане да биде дел од клучниот политички проблем – недостатокот од консензус околу приоритетните прашања, без кој е практично невозможно продолжување на неопходните реформски процеси во Македонија.

Е сега, орото да ти било „тешкото“, а тоа на „новокомпонирани“ свадби не се свири.

Но, што е поарно - „зурли диво да писнат“ или пак „зољи“ да грмнат „со подземен екот...“?

8 коментари:

Анонимен рече...

"Но, што е поарно - „зурли диво да писнат“ или пак „зољи“ да грмнат „со подземен екот...“?"

Ти што би одбрал?

Анонимен рече...

A кога сме кај поддршката и процентитие, Б.Ц. ја имаше поддршката на 44% (стои во извештајот на странските набљудувачи). Претседател се станува со 51%.

Влада формира парламентарното мнозинство-61 пратеник. Владејачката коалиција има 74 (беше избрана со 72).

Многу едноставно. Така е пропишано во македонскиот Устав.

Цивилизирани партии го сваќаат тоа. Нецивилизираните ни власта не ги цивилизира.

Unknown рече...

Поарно ќе е Груевски да почне да го игра орото, кога веќе се фатил на него.

Анонимен рече...

Жарко има менталитет наведната глава сабја не ја сече. Епа се надевам Груевски нема таков менталитет. ДУИ не смее да влезе во владата затоа што се жива штета рециклирани терористи и збирштина на неписмени селани. А ако треба да писне нека писне уште еднаш, секоаш расположени за второ полувреме -)

Unknown рече...

„ДУИ не смее да влезе во владата затоа што се жива штета рециклирани терористи и збирштина на неписмени селани.“
Тогаш ни ДПА не смееше да влезе во владата, оти многу од тоа „терористите“ (вклучително и Агим Красничи) преминаа таму.
И немој така за „неписмените селани“, оти Владата на Груевски е прилично фокусирана на тој дел од гласачкото тело.

Анонимен рече...

Погледни го генералштабот на ОНА од 2001 година од тие луѓе 95% се во ДУИ. Во ДПА истакнат член на ОНА е само Лека а Агим Красниќи никогаш нити бил командант ни ништо најобичен лопов што се согласувам треба да лежи затвор. А што се однесува до тоа кон кого е фокусиран ВМРО-ДПМНЕ, само да те потсетам каде победи ВМРО-ДПМНЕ и на локални и на парламентарни избори - Скопје(центар,кисела вода,аеродром и др.) Битола, Прилеп. Изгледа ти се водиш од 90 година кога СДС градеше имиџ на градска партија. Сега најистакнат член им е Заев од Струмичките села и Чеботарев е за овој последниов не знам од која шума е излезен. Или земи го на пример Охридскиот градоначалник кој сосила стана градоначалник со помош на гласовите на албанците и турците кои се разбира беа злоупотребени, е тој градоначалник со интересна фацка на пример е од струшкото село ташмаруништа а е градоначалник на Охрид. Или пак градоначалникот на СДС од Куманово со исто така прилично рурална фаца. Или на пример погледни ги егземпларите во парламентот Бендевска,Грковска и др. И тоа е тоа...Ај Поздрав, знам дека не си за СДС ама само да ти објаснам некои работи да ги знаеш.btw ВМРО до смрт а за ДУИ - СМРТ хехехе

Unknown рече...

Ја само реков дека „Владата на Груевски е прилично фокусирана на тој дел од гласачкото тело“.
Министрите, ако не се лажам, Груевски ги праќа да се „челичат“ по села, а не по градови. Демек, таму биле најблиску до „народот“.
Инаку, слоганите во кои се акцентира зборот „смрт“, многу често испаѓаат „самоостварливи пророштва“.

Анонимен рече...

Да се разбереме немам ништо против селаните. Напротив сметам дека се важен сегмент во општеството исто како и Груевски но реагирам кога се употребуваат со цел да се омаловажи некоја партија...важен е и блогерот но важен можеби и поважен којзнае тој што одгледува пиперки и краставици -)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week