После лустрација - рехабилитација?

5/03/2007

Стојан Андов повторно јава на идејата за Закон за рехабилитација, и покрај тоа што на времето му беше пружен силен отпор од страна на некои проминентни историчари.

Од една страна, добро е што застапниците на лустрацијата конечно се сетија и на рехабилитацијата, затоа што без фокусирање на жртвите чии права биле прекршени во претходниот систем, тешко би можело да стане збор за транзициска правда.

Но, пред да се почне со „рехабилитација“ на жртвите од поранешниот режим, не е лошо да се организираат трибини и јавни расправи, во кои жртвите или нивните роднини ќе имаат прилика да го изразат својот став во однос на ова прашање.

Колку што ми е мене познато, не само некои историчари, туку и некои од жртвите на поранешниот режим се отворено против рехабилитацијата, образложувајќи дека се рехабилитира виновник, и дека „рехабилитацијата на невините е демагошка фарса“ (како што вели, на пример, писателот Живко Аџија).

Во овој контекст, треба да се има предвид дека терминот рехабилитација кај нас се употребува во Кривичниот законик во смисла на престанок на правните последици од осудата и бришење на осудата од казнената евиденција, по што рехабилитираното лице се смета за неосудувано.

Ако рехабилитацијата ги опфати само судските процеси, тогаш со овој процес нема да бидат засегнати сите оние жртви чии човековите права биле прекршувани не со судска постапка, туку со административни мерки и без никаква постапка, на пр., преку социјално исклучување и стигматизирање. Да потсетиме, Србија донесе Закон за рехабилитација во 2006 год., со кој се опфатија сите лица кои „без судске или административне одлуке или судском или административном одлуком лишена, из политичких или идеолошких разлога, живота, слободе или неких других права од 6. априла 1941. године до дана ступања на снагу овог закона, а имала су пребивалиште на територији Републике Србије.“ Во случај кога не е донесена судска или административна одлука, тогаш судот утврдува дали рехабилитираното лице било жртва на прогон или насилство од политички или идеолошки разлози. Законот предвидуваше со друг закон да се уреди правото на надомест на штета и правото на враќање на конфискуваниот имот!

Мошне битно е предлагачот да не ги направи истите грешки како со Законот за лустрација, и да отвори јавна дебата уште веднаш, за да се дојде до издржан текст кој нема да ги опфати само „Голо-оточаните“ (претежно информбировци), туку и сите други што биле стигматизирани и прогонувани како „реакционери“, „ненародни елементи“, „класни непријатели“, капиталисти, буржуи, ВМРО-вци, противници на колективизација, непријатели на социјализмот, шпекуланти, како и сите оние кои што биле прогонувани затоа што сакале или се обиделе да бидат политички активни вон рамките на единствената партија.

Посебен фокус треба да се стави на осудените на смртна казна, и егзекутираните, имајќи предвид дека непосредно по војната некои луѓе биле осудувани на смртна казна и заради трговија со забранети стоки.

Возобновување на загубеното чувство на правда и на довербата во институциите на системот не е можно без соочување со „гревовите“ од минатото, и без какво-такво исправање на нанесените неправди врз жртвите и нивните блиски.

5 коментари:

Анонимен рече...

уф, широки се темиве, али две-три работички вака блиц ми паѓаат во очи:
-како да се врзе лустрацијава со уставното право на секој граѓанин да врши јавни функции, како и со уставното право на судска заштита во случај на прекршување на слободите и правата (чл.23 и 50). ок , јес да го направија дополнителен услов, али идејата е таа.
- зошто законот да важи ретроактивно(од АСНОМ навака),при што де факто лицето за кое ќе се утврди дека било соработник ќе се “казни“ со ускратување на уставното право на обавување јавна функција, а истиот закон не важи ретроактивно во делот на казнените одредби (или бар така личи)- поентава ми е: што со оние лица кои прикривале податоци и уништувале досијеа и палеле цели картотеки (шпекулата е дека тоа се случувало 91 ва)пред донесувањето на законов?
- за другата страна од медалот лустрација- рехабилитацијата: што со лицата кои биле стигматизирани, судени, мачени и ликвидирани(ова е најчестиот случај) под обвинение за соработка со окупаторите?Најчесто во првите повоени години и од страна на преките судови, а некогаш и без суд.
нота бене: новиот број на Crossroads-публикација на МНР за надворешна политика, и особено, текстот на Андов од истата.Хит ми е!

Unknown рече...

Отвораш интересни дилеми. Некои веќе планирав да ги чепнам во следните постови на тема лустрација. Овој беше повеќе за „рехабилитација“.
Инаку, што се однесува до третото прашање - ако се однесува на лицата кои биле судени за повреда на националната чест, од страна на посебниот суд на АСНОМ - и тоа е мошне интересно прашање, за кое поподробно ќе пишам во посебен пост на тема: „Како се лустрирало во 1945“ :)
Практично, ние сега треба да правиме рехабилитација и за жртвите на процесот на лустрација по Втората светска војна!
Кој знае, за некое време можда ќе треба да се рехабилитираат и идните жртви на сегашниот закон за лустрација, ако се спроведува според зацртаното.

Анонимен рече...

my point exactly.
кругот е малечок, а во него вака-така, ама баш сите ќе се најдат...

Unknown рече...

"Закон за рехабилитација на прогонуваните и затворани лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства - вака гласи работниот наслов на текстот што пратеникот Стојан Андов ќе го достави на разгледување во Собранието." - пренесува денешен „Шпиц“.
Да знаев дека само „про-македонците“ ќе бидат рехабилитирани, веднаш ќе го прогласев предлогот на Андов за дискриминаторски.
„Шпиц“ ја пренесува следнава моја изјава: „- Без фокусирање на жртвите, чии права биле прекршени во претходниот систем, тешко би можело да стане збор за транзициска правда. Застапниците на рехабилитацијата треба да имаат предвид дека на повеќето жртви човековите права им биле прекршени не со судски постапки туку со административни мерки и преку социјално исклучување и стигматизација.“
Уште еднаш нагласувам, оваа моја изјава се однесуваше на сите жртви на прекршување на човековите права, а не само на „прогонуваните и затворани лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства“.

Unknown рече...

„Дневник“, пак, денес известува дека најавениот закон ќе биде поопфатен:
"Прогонуваните и затворани поради идеите за самобитноста на македонскиот народ, домобрани, четници и балисти, кои не се на листата на ОН како воени злосторници од Втората светска војна, ќе може да бараат обновување на судските постапки за да докажат дека биле осудени во монтирани судски процеси. Тоа ќе може да се побара кога ќе биде донесен законот за рехабилитација на тие што биле репресирани или настрадале од комунистичкиот режим.

- Законот за рехабилитација ќе биде обнова на правдата. Ќе може да се обноват судските постапки за политички мотивирани и монтирани процеси од кои масовно настрадаа луѓе од крајот на 1944 година до 1991 година. Многумина се осудени без вина, факти, па и без вистинска судска постапка бидејќи во правосудните органи имало неквалификувани. Има многумина репресирани и затворани со административни решенија без судска одлука -вели пратеникот Стојан Андов, предлагач на законот."

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week