Реакцијата на МАССО и поздравот од Тинки Винки

5/20/2007

Стигна и соодветна реакција на МАССО од нивната чајанка за контроверзната песна: „Истиот ден го искористивме за реакција на песната “Притвор за педери“ на прилепската група “Македонски синови“ како ригиден, фашизоиден и нацистички модел на ширење на говор на омраза и повикување на насилство преку евтина и манипулативна реторика. Се надеваме дека македонските политичари, власти и соодветни правни институции во името на демократијата и почитта кон секој човечки живот ќе ги преземат соодветните мерки за правилно и навремено реагирање на вакви недозволиви акти. Се надеваме дека ова ќе претставува навистина парадигматичен индикатор за македонските власти дека законската регулатива на говорот на омраза е неопходна како надополнување на веќе постоечката македонска законска рамка и кривичниот законик.“ (Одбележан денот против хомофобијата под мотото "Хомофобијата е геј")

Имаше и поинакви реакции, дека песната на прилепските рапери не е контроверзна тема. Според Ania, разоткривањето „на хомосексуалноста“ на Тинки Винки од Џери Фалвел во 1999, сега после неговата смрт и интервјуто со Тинки Винки, е тема „многу поконтроверзна отколку тоа што пееле некои прилепски рапери, и кој рекол дека песната им е закон...“ (поздрав од Тинки Винки).

Можда темата е поконтроверзна во САД и Европа, ама не и во Прилеп или Скопје, Ania. Не можам ни да си претставам како е да си геј во Прилеп, изложен на „уметноста“ на „Македонските синови“ во тамошните кафичи.

Сепак, и за денешно „Неделно Време“ поинтересен е Фалвел, отколку хомофобијата на Македонските синови и чајанката на МАССО, со загадочното мото. Покрај аферата „Џери Фалвел против Тинки Винки“, весникот пренесува уште пар хомофобични изјави на евангелистичкиот свештеник, познат по својата „кариера на демонизирање на другите“:

„Пагани, извршители на абортуси, феминистки, хомосексуалци и лезбејки, кои активно се обидувате да направите алтернативен начин на живот... го вперувам прстот кон вас и во лице ви велам „вие помогнавте да дојде до ова.“ – Фалвеловата интерпретација на божјата казна за неморалот во САД, по 11 септември.

„Фалвел морал да се извинува и за изјавите дека сидата е божја казна за хомосексуалците.“ („Човекот што направи политичка сила од христијаните“).

Да се надеваме дека следната година ќе се направи и позабележителен настан за денот против хомофобијата (можеби дури и јавни протести), дека конечно ќе имаме Закон за заштита од дискриминација, и дека најпосле ќе ги дочекаме и првите казни за хомофобични испади и говор на омраза. Колку за пример, казната за „harassment“ („вознемирување“ е преблаг збор) и поттикнување на дискриминација според бугарскиот Закон за заштита од дискриминација е до 2000 лева.

9 коментари:

Анонимен рече...

Pederista...

Ania рече...

во право си, локалното е далеку поконтраверзно од глобалното.
Сепак, јас сакав само да ве поздравам од страна на телетабисот, ете баш толку.
А инаку, не се грижам многу за прилепските хомофоби - на изумирање се, верувај.

Unknown рече...

Фала за поздравот.
Не знам баш за Прилеп, одамна не сум бил таму, ама во Охрид се далеку од изумирање.
А како што може да се види и од нашето анонимно коментаторче, блогерај е рај за хомофоби.

Анонимен рече...

niz BiH i Hrvatska, mislam, ima golemi bilbordi so porakata "I homofobi su ljudi" i letovo vrz eden od niv so crven sprej gledam napishano "Svi pedere na lomaču" =)) taka vo odnos na "Makedonskite sinovi" bas pomisliv deka i samoto ime im e avtoparodija...

Анонимен рече...

Денешната прогноза во Прилеп и прилепско вели дека е умерено хомофобично и тивко, како и во сите делови на фобичнава ни држава.

Unknown рече...

Рибар - идејата за ГЛБТ-временска прогноза е едноставно генијална! :)
„Денеска паѓа дожд, ама тоа не е причина да не излезете надвор (од шкафот)“

Unknown рече...

МАССО:Дали македонските медиуми се хомофобични?

Скопје /21/05/ 13:54

Дали македонските медиуми со хомофобични, прашува Македонската Асоцијација за Слободна Сексуална Ориентација(МАССО) во соопштението објавено денеска.

Во соопштението, меѓу другото, од МАССО реагираат на тоа дека македонските медиуми, со исклучок на Утрински весник и Макфакс, не информирале за одбележувањето на 17 Мај-Денот против хомофобијата, организиран од МАССО.

Од Асоцијацијата за слободна сексуална ориентација прашуваат дали ваквото игнорирање претставува „уште една потврда за тоа дека сензационализмот, а не објективноста и хуманоста, е основниот перпетум мобиле на медиумската уредувачка политика“.

(Макфакс)

Анонимен рече...

Да беше геј-измот во ред, при настанокот на светот ќе имаше Адам и Адам.

Unknown рече...

Шлајфка, по тој резон, ниту хетеросексуалноста не е во ред, затоа што на почетокот на светот не биле Адам и Ева, туку само Адам!
Така, ќе испадне дека само автосексуалноста е во ред :)
Плус тоа, ако земеш предвид дека Ева настанала од реброто на Адам, дали тоа значи дека само инцестот е во ред?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week