После подолго време, една мошне контроверзна и страстна колумна на Никола Гелевски: „Една од работите која сериозно не' оддалечува од ЕУ е манипулирањето со историјата.“ (Историјата и политиката).
Посебно ми беа интересни забелешките за „идолатријата спрема Александар Велики“ како и мошне умесните цитати од Хобсбаум: „против грчкото националистичко митотворство и злоупотребата на античка Грција“, и неговата препорака до историчарите – „да стојат настрана од страстите на политиката на идентитетот - дури и кога самите ги чувствуваат.“
Коментарите од читателите се посебен сеир.
6 коментари:
Коментарите од читателите се како печат за потврда на напишаното. наместо на сеир, мене на плач ме тераат.
кога ќе научам непристрасно и со студена глава да го читам гелевски, без да ми одзвонуваат во глава неговите блогерски преписки и дамнешни записи во форум под псевдото мраковски, тогаш ќе сметам дека сум научила да ги апсолвирам сите позначајни креатори на она што го викаме “македонска граѓанска јавност“.
вака, пошто он ми фали у портфолиото, уште сум аматер.
Нена, ако имав ad hominem став кон она што се печати на македонски јазик, малку што ќе останеше за читање.
Дури и Фрчкоски, у некој пасус, еднаш у три месеци знае пријатно да изненади :)
Ете, со таков став приоѓам кон колумните.
И ти богами исто како Фрчко на моменти знаеш да запрепастиш.
Фала на коментарот, уште да не беше анонимен. Или неќеш да ги запрепастуваш луѓето со својата појава? :)
богами ако се произнесувам искрено и многу „опасен“ си за читање..да не може човек на раат да ги чита туку да мора перманентно да њушка усред-и-меџу редови во тоа колумните за да пред тебе (ако и воопшто е можно) прибележи се` од киксови и „проблесоци“ :)
Објави коментар