Еден од најдраматичните показатели дека Македонија тоне, е официјалната статистичка информација дека „Бројот на умрени лица во периодот јануари-март 2007 година изнесува 5554 лица што претставува зголемување за 10.2% во однос на истиот период од минатата година...“.
Зголемувањето на бројот на новородени деца (2,7%) е речиси четири пати помало во однос зголемувањето од 10.2% на починатите лани .
Е, сега, проста математика:
Ако претпоставиме дека во Македонија умираат околу 20.000 лица годишно, и ако за смртта на секое лице најблиските издвојуваат околу 3.000 евра (за гробно место, ковчег, споменик, разно-разни такси, за попови, за помени...), тогаш испаѓа дека околу 60 милиони евра бесповратно се „инвестираат“ како резултат на косењето на смртта и на нашите свети традиции.
Тоа е застрашувачка цифра, повеќе од половина од директните странски вложувања во 2005 година! Испаѓа дека во Македонија не е најсилна ниту сивата, ниту црната, туку морбидната економија!
Имајќи предвид дека Владата е ем заинтересирана за економија, ем сака да поддржува добри идеи, еве една интересна идеја:
Владата да спроведе медиумска кампања за подигнување на свеста и популаризација на поевтиното кремирање, наместо ужасно скапото закопување.
Еве и неколку предлози за рекламни слогани на кампањата: „From ashes to ashes, dust to dust!“, „Не вложувајте во ковчези и споменици, вложувајте на берза!“, „Не инвестирајте во „нов живот“ на оној, туку во нов живот на овој свет!“
Успешната кампања би довела до заштеда на огромни средства, кои граѓаните би можеле да ги вложат или во купување на акции, или во ново потомство, што би придонело за подзапирање на епидемијата на „белата чума“ во Македонија.
10 коментари:
"Морбидна економија" ...
Воведуваш нови поими ... :)
А види го ова:
„Само 7,8 милиони американски долари како директни странски инвестиции влегле во земјата од почетокот на годинава, покажуваат официјалните податоци од народната Банка.“ (денешно „Време“)
Кампањата „Инвестирајте во Македонија“ најмногу ефект имала на „Британските Девствени Острови“, од каде што дошле „дури“ 4 милиони долари.
Економски бум, нема што!
tamam de, da se platat parite na NYTImes i the Economist shto im gi lupnavme. Ako naleta nekoja od USA, mozda ke go isplatime i Wall Street Journal u skoro vreme :(
Кремирањето не е добро решение гледано од еколошки аспект (најважниот!).
Потребно е преголемо количество енергија за да се кремира човечко тело, плус пепелта не влегува директно во синџирот на исхрана, и е потребно уште повеќе енергија таа материја да се врати во синџирот на исхрана.
Плус:
еве што вика wiki.
Мајсторе, во Македонија не вреди ни да се умре:)
www.psiholog1.blogspot.com
Извини - www.psiholog1.wordpress.com
Добро Жарко, според тебе, во идеален случај, колку време најмалку треба да помине пред акција на привлекување на странски директни вложувања да даде реэултат? Мислиш дека тоа некој директор чита реклама денес во Економист, утре решава да инвестира, и эадутре веќе праќа пари?
Петарк, забелешката ти е на место.
Ама мој впечаток е дека Груевски со успешната кампања создаде токму такви краткорочни очекувања во јавноста, дека инвеститорите се тепаат кој попрво ќе вложи во Македонија.
Не велам дека тоа нема да се случи, можеби стварно и ќе се случи, којзнае.
Но, ако си ги видел прогнозите - за 2007 година се предвидуваат странски инвестиции во износ од само 150 милиони долари!
Нашиот економски раст останува најнизок во регионот, а една од главните причини што ги наведуваат аналитичарите се „политичките ризици“.
„Потребно е преголемо количество енергија за да се кремира човечко тело...“
Мислам дека не е толку до енергијата (сигурно повеќе енергија се троши за ковчези, изработка на споменици, и патување до гробишта) колку до отровните емисии.
Интересно прашање е дали крематориумите ќе испуштаат повеќе отровни емисии од Железара, Цементара, Охис, топлификација, и ГСП.
Инаку, ако сме толку загрижени за синџирот на исхрана, тогаш најеколошко решение би било да им ги препуштиме нашите мртви тела на белоглавите мршојадци, кои се еден од најзагрозените видови кај нас. :)
Инаку, ако зборуваме за инвестиции, само купувањето на кабловските телевизии беше инвестиција од 20 милиони долари.
Објави коментар