Умре „Старо купујем, старо железо...“?

5/23/2007

Се обидувам со сите сили, ама не можам да разберам:

Владата на вчерашната седница донесе забрана за откуп, внатрешен промет и извоз на отпадоци и остатоци од метали, железо и челик, алуминиум, бакар, олово, цинк и калај, а казната за непочитување на забраната ќе биде 6.000 евра.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Ивица Боцевски, целта на забраната е да се запази јавниот интерес во управувањето со отпадот и заштитата на животната средина.“ (Владата забрани откуп, промет и извоз на железни отпадоци ...)

Ако го оставиме настрана прашањето дали Владата е надлежна за донесување ваков тип одлуки, што ли ќе стане сега со луѓето кои живееле од трговија, промет, и извоз на отпадоци и остатоци од метали? Колку што ми е познато, голем дел од засегнатите се сиромашни луѓе, некои од нив со продажбата на железо си ја обезбедуваа голата егзистенција.

На ваков начин ли ќе се бориме против невработеноста и сиромаштијата, во името на „јавниот интерес во управувањето со отпадот и заштитата на животната средина“?

Со оваа одлука, сите што продавале и купувале отпадоци и остатоци од метали, Владата практично ги прогласи за виновни за украдените шахти и вентили и ги остави без работа и без леб.

Не можејќи да се справи со крадците, Владата удри по трговијата.

Дали следниот чекор ќе биде забраната на трговија со стара хартија, ако се зголемат кражбите на весници по трафиките?

Во обид да реши еден проблем, Владата создаде неколку нови.

Да не беше трагично, ќе се насмеев.

6 коментари:

Анонимен рече...

аман бре срамота!
не ми текнува сега соодветна клетва, за ингениозниот ум, ма шупак до шупак!!!еве не сосема офтопик:
23.05.2007.
Pasivistički nepokret JOŠ: PODRŽIMO NATO I RAT U IRAKU

lasnik, tvorac, Alfa Beta i Omega bez Zete nepokreta Još, izvjesni samoprozvani vodja Pexim Slani najavljuje velike demonstracije pasivizma u znak podrške širenju Nato pakta, kapitalizma, militarizma, jada, bijede i Side.


Ne pozivamo sve nezainteresovane da sutra u 9 h ujutro, u znak podrške NATO paktu, kapitalizmu i ratu u Iraku, budu u svom krevetu, pokriveni i bez kafe.

Tačno u 9, svi koji to budu mogli, okrenut ćemo se na lijevu stranu i nastaviti sa snom ...

Nijemo ćemo tražiti:
- veće plate za radnike UN-a
- veće vojne budžete
- manje hrane i lijekova za one kojima je to najpotrebnije
- pravo na besplatan rad na naftnim platformama
- više izbjegličkih kampova bez vode i struje
- i još mnogo toga ...

NEPOKRET JOŠ!

Анонимен рече...

хмм ... не навлегувајќи во конкретната одредба на владата ... мислам дека животната средина е поважна од бизнис моделот на некој поединец или групација.

Unknown рече...

"...мислам дека животната средина е поважна од бизнис моделот на некој поединец или групација."
Се согласувам сосем. Ај да ги отселиме од Скопје Железара, Охис и Цементара :)

Анонимен рече...

Шварци веќе донесе ваков эакон. (се мисли эа последниот пример со хартијата)

детали тука

Анонимен рече...

Грешка у линк ;(

тука треба

Unknown рече...

Да, ама одлуката на „Терминаторот“ не е забрана на целокупнта трговија со стара хартија, туку се однесува на земање повеќе од 25 весници.
Нашава одлука е многу по-терминаторска :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week