Дури денеска ја видов насловната на „Шпиц“ и написот На дрога од четврто одделение. Интересна коинциденција. Мора да се признае, што се однесува до фотографиите, новинарите од „Шпиц“ биле далеку порадикални во пристапот од мене.
Поразителна е информацијата: „Најмладите зависници во Македонија имаат само 10 години, а нови 8.600 малолетни зависници од дрога и алкохол се регистрирани во Македонија од почетокот на учебната година до денес...“
Зависници од дрога и алкохол?
Со ваквата формулација се имплицира дека зависниците од алкохол не се зависници од дрога, односно, дека алкохолот не е дрога.
Да потсетиме, алкохолот се наоѓа на петто место на новата листа на дроги, според нивната штетност, веднаш зад кокаинот и хероинот, а пред тутунот, канабисот, екстазито... (Тутунот и алкохолот поштетни од „тревата“!)
До кога љубителите на алкохолот ќе се себезалажуваат дека не употребуваат дрога?
До кога произведувачите на алкохол ќе можат слободно да произведуваат и тргуваат со оваа штетна дрога, затскривајќи се зад „традиционалните вредности“ кои немаат никаква поткрепа во медицината и другите науки?
Признавам, прв пат дрога пробав во прво одделение кога баба ми и дедо ми ме иницираа со зборовите: „Штом одиш во школо, голем си, можеш да почнеш да пиеш ракија.“
Признавам, скоро цела моја фамилија беа не само „наркомани“, туку и производители и трговци со дрога – „препеченица“ од 54 степени.
Признавам, исто така, дека во средно ги сметав за „џанкери“ луѓето што рекреативно пушеа трева, а не ги сметав за „џанкери“ луѓето што знаеја да испијат пола флаша вотка, десет пива на екс, или што „швајсуваа“ цигари во секоја можна прилика.
Крајно време е да престане општествената хипокризија, и нееднаквиот третман помеѓу тие што употребуваат алкохол и цигари и тие што употребуваат канабис, кокаин, хероин... Како и нееднаквиот третман помеѓу тие што се зависни од алкохол и цигари и тие што се зависни од канабис, кокаин, хероин...
4 коментари:
Не ми е јасно баш ова.
Добро ај, лесни дроги тешки дроги.
Мислам дека некој што е навлечен на канабис , во колку има намера да се одвлече хехе, сосема поинаков е процесот на одвикнување и не е исто со хероин зависник.
Знам дека не би му дала на хирург кој се надувал со трева да ми вади умњак.. или бубрег, ама па од друга страна канабисот иако е опијат , мислам дека и во поголема доза ги и ма ефекти на некои обични дрогички кои се за лечење срце, нерви и сл.
:D
Но тоа е тоа.. ми се гади од ФРЧКО и слични говеда кои се дури некакви професори ејјјјјјј , кои се директно или индиректно баш виновни за тоа како дрогата продре низ МК и се вовлече во сите пори на општеството. street dealing ни е секојдневица.. и што па ќе се чудиме што 10год. деца се навлечени на свашта бидејќи свашта им се нуди во, на и пред школо.
:(
Now I wanna sniff some glue now I wanna have somethin to do
All the kids wanna sniff some glue all the kids want somethin to do
1-2-3-4 now I wanna sniff some glue now I wanna have somethin to do
All the kids wanna sniff some glue all the kids want somethin to do
1-2-3-4-5-6-7-8
Now I wanna sniff some glue now I wanna have somethin to do
All the kids wanna sniff some glue all the kids want somethin to do
Now I wanna sniff some glue now I wanna have somethin to do
All the kids wanna sniff some glue all the kids want somethin to do
Тоа (по)лесни и (по)тешки дроги е еден вид поделба.
Тука подразбирам друг вид поделба:
„традиционални“ (легални дроги) - алкохол, никотин, разни „апчиња“, и „неморални“ (илегални) дроги - све што е на забранета листа.
"ама па од друга страна канабисот иако е опијат"
E roxane.. marihuanata ne e opijat..
ima razlika golema..
Објави коментар