Ни срам, ни перде! „Ролексот“ на Црвенковски

5/11/2007


Срам да им е на новинарите од „Фокус“.

Прво, затоа што шират непријателска пропаганда меѓу напатениот македонски народ. Мошне е проѕирна нивната намера да го подријат братството и единството на нашиот народ со подметнување на неосновани шпекулации. Демек, нашиот високопочитуван и сакан претседател на Република Македонија, г-нот Бранко Црвенковски, да ти бил љубител на скапи марки часовници, а не скромен човек кој штеди пари од претседателската плата за да му се најдат за хумани донации.

Како бре не ви е срам да пишувате толку лоши работи за претседателот-доброчинител? Зарем толку бргу ја заборавивте великодушноста на нашиот државник кој несебично донираше приватни средства ем за Домот за деца без родители, ем за спортскиот рекреативен центар за корисниците сместени во Специјалниот завод – Демир Капија?

Второ, срам да им е и арам, што го сликале претседателот два пати со иста кравата, а со различни часовници. Па, толку ли мозок имаат новинарите на „Фокус“ што не можат да сфатат дека секој удар по имиџот на нашиот државник е перфиден удар и врз имиџот на нашата држава?

И каква е таа глупост, ич не можам да разберам - да подметнуваш шпекулации („Бранко би можел да носи украден часовник, или купен на старо“) и инсинуации („Може ли Јасна да претрчала до Зелено пазарче и да му купила фалсификуван „ролекс“ на Бранко?“) кога многу убаво се гледа од фотографиите дека човекот е толку скромен што една иста машна си ја носи на два различни состанока.

Трето, срам да им е на новинарите што поставуваат такви ступидни прашања: од каде му е, и зошто му е „Ролекс – Сабмаринер“? До толку ли не можете да сфатите зошто на нашиот претседател му е потребен часовник отпорен на вода до триста метри длабочина? До толку ли не можете да сфатите дека нашиот државник е решен до смрт да го гони „октоподот“, па дури и да е скриен на дното од Охридското езеро, кое не е подлабоко од 294 метри (или 289 метри)?

Наместо да се радуваат што нашиот доброчинител решил да се снабди со најсовремена опрема за бркање на октоподи (па нека е и со судската отштета од Николчета!); наместо да го храбрат нашиот државник за неговата одважност и решеност да го гони „Октоподот“ (ако треба и по дното на Охридското езеро!) - малициозните новинари на „Фокус“ во секој број поставуваат нови и нови барикади додека нашата држава со грчевит напор се обидува да ја добие нерамноправната борба против корупцијата.

Навистина, срам и арам да им е!

Заради нив, можеби нема да не примат ниту во НАТО, ниту во ЕУ.

Прашање е дали заслужуваме, со вакви „државни непријатели“, на кои им е побитно „Колку чини новиот часовник на Црвенковски“, од тоа дали ќе го фатиме конечно „Октоподот“, исполнувајќи со тоа еден од клучните услови за прием во НАТО и ЕУ.

(„Матните“ води на Слатинското езеро, каде што според извори блиски

на комесарот Катани, за последен пат се забележани траги од „Октоподот“)

9 коментари:

spartak рече...

Bravo za predsedatelot.
Vo narodot se veli: Lice prodava pice. Taman rabota predsedatel na drzava pa da nosi casovnik od bitpazar. A mozebi i od tamu mu e.

Анонимен рече...

добро ти е ова со слатино. :)
ваков еден момент имаше и хрватска неодамна, со колекцијата саати на Иво Санадер,наводно вредна над 150 000 евра.
Со цел ризик да излезе дека го бранам Б.Ц. (а немам таква намера), факт е дека политичарите добиваат вредни поклони, а во времето пред Законот за спречување на корупција, доколку поклоните беа од лична природа, ирелевантно беше колку вределе.
Исто така, сметам дека е можно во еден лајф тајм на премиер/претседател, истиот стварно да заштеди толку за да си купи еден ролекс, ако тоа му прави ќејф. Јас одма би го прогласила за луд, но чудни се патиштата на потрошувачкото општество! :)Сепак, доколку стварно го купил од свои пари ,не сметам дека немал право на тоа.
Е сега, пошто е можда поинаква ситуацијата, мислам дека некој мудар ПР гај треба да го посоветува, исто како и Санадер, лично да ја разреши дилемата со луксузната играчка чие постоење на неговата рака го иритира граѓанството.
Исто како што мислам дека и најскромно и чиновнички да се носеа нашите политичари, повторно ќе најдевме начин и тоа да им го замериме. Школски пример за стилски подем, кој повторно и се удира од глава, е Шеќеринска.

Unknown рече...

Забелешката за Шеќеринска ти е сосем на место.
Што се однесува до „ролексот“, се претпоставува дека и тука Б.Ц. покажал скромност.
Инаку, мене ми е поинтересен феномен опседнатоста на „Фокус“ со Б.Ц. која на долги патеки мислам дека позитивно влијае на неговиот рејтинг (колку и да му е мал).
Негативната реклама преку стрипот и насловните страници создава впечаток дека Б.Ц. е многу повлијателна политичка фигура за која вреди да се троши време.

Анонимен рече...

Али затоа еден прекрасен младич, толку скромен и фин, директно од работа на свадба се појави, бурма од 50 евра купи и на поп Стефан му кажа не сакал ништо посебно за свадба туку скромно. Е тоа е човек од народот. Да не се иритира граѓанство. Мене искрено ко изрод од граѓанство за беља ме нервира и едно и друго. И кад се пуват и кад лажат дека не пувнале. Ал ја нит се терам нит се водам.

Анонимен рече...

Е баш ти се намерачив вечерва на блогот. Петок навечер ја у Сарејеву нема што да праам. А ти никад не дојде. Рече ал се пишмани. Ајде побрзај пошто уште малце сме овде, после у Бугарску идемо.
Од претходниот пост да го одберам сеирот на неделата.
Патерналистичкиот однос на државата околу тоа кој и за колку пари ќе купува акции. Ја сфаќам дека е со добри намери се поплочено (како не сум сфаќал лажам сушам) ама дали некој ќе продаде куќа и купи акции во една либерална земја е само негова работа и ничија друга. Да се препрочита Лок треба.
Ама најмногу ми се допадна експертскиот заклучок на крајот: „Берзата е таква работа, каде што акциите некогаш растат, некогаш паѓаат [...]“, прекрасно срочено, ни Сорос не би имал што да додаде.

Unknown рече...

ја би дошол за неколку дена кон крајот на мај, ако сте уште таму :)
пиши ми до кога сте :)

Анонимен рече...

Можеш да дојдеш до 26 ти мај, пошто на 26ти одиме за Дубровник и ќе бидеме таму некои 7-8 дена.

Анонимен рече...

„Негативната реклама преку стрипот и насловните страници создава впечаток дека Б.Ц. е многу повлијателна политичка фигура за која вреди да се троши време.“
И уште повеќе. Ние можме да си игражме мајтап со криминалецот БЦ, но не смееме да се опуштиме. Дека стварно е страшно влијателен. Како што европјаните играјќи си мајтап со Адолф 30тите, невниматлни на неговата моќ, така и ние стигнавме таму каде што сме.
Туку среќа го имаме ЉуБчо да го измастурбираме своето незадоволство наместо да се сконцентрираме на моќникот којшто ни ги сјеба животите. Ама кој не ебе, зар сме заслужиле нешто подобро?

Unknown рече...

„. Ама кој не ебе, зар сме заслужиле нешто подобро?“
Засега, очигледно не сме заслужиле.
Освен малодушните стечајци, не гледам некој друг на улица да се буни.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week