Кој е најсеирџиски настан на денот?
1) Спроведувањето на екстрадираната Чочоровска („куќната пријателка на Глигоров“) во „Шутка“, од страна на маскирани лица и со невидено полициско обезбедување;
2) „Скромното“ рипање у тавче на Груевски со Боркица и „искрената“ честитка на Црвенковски;
3) Испрашувањето на заштитениот сведок М 017 на Хашкото судење „зад затворени врати“ на двоецот Бошковски&Тарчуловски;
4) Настапот на „туфнестата“ Каролина на квалификациите за „Евровизија“;
5) Падот на акциите на македонската берза, анализиран од страна на поранешниот брокер, а сегашен премиер.
Или си имате некој свој фаворит?
Покрај толку сеир денеска, кому му е гајле за „гласините“ дека Македонија се' уште не докажала дека е зрела демократија или дека Просечната плата во Хрватска е 615 евра (повеќе од два и пол пати од нашата)?
3 коментари:
Одма да признаам, пред да ме обвинат за сквернавење на македонштината (ова ваљда се пишуе со мала буква!? :)))) ширење дезинформации и слично: ТУФНИТЕ ГИ ИЗМИСЛИВ, ЗАРАДИ ДРАМАТИЧНОСТ!! Не бива клод, ако се прашувам ја :)))
А патем, и Канал 5 опасно ја контаминираше јавноста со менувањето на нијансата на фустанчето: тоа е бре тиркизна, неписмени едни! :)))
Иначе, дефинитли гуасам за свадбата на пуемиеуот. Евровизија е секоја година, а ова првпат ни се деси :D
e, aj da vidime kolku ke trae...
Koлку и да трае де...мене искрено не ми е гајле. Само, кладилнициве, ако се паметни, можат и пари од тоа да намлатат :))))
Објави коментар