Дување лепак

5/24/2007


Пред некој ден, седиме со Етна во „Галерија 7“, дрмаме чајчиња и праиме нешто муабет за сексуална работа и трговија со жени, кога одеднаш забрзано поминува едно дете со бела најлон кеса во раката.

„Гледај го, дува лепак на сред бел ден“ – ми објаснува Етна.

Апаратот ми беше во рака, и ми требаа само неколку чекори за да ја направам фотографијава.

Долго се думав дали да ја објавам или не.

Не затоа што е малку матна.

Станува збор за дете кое прашање е дали има 10 години.

Но, ете ја објавив.

На фотографијата не се гледа ликот на детето, и тешко некој да го препознае.

Но, се гледа целата хипокризија на нашето општество, во кое никому не му е гајле што децата слободно си дуваат лепак на сред бел, по улиците во центарот на градот. Очигледно, не му било гајле ниту на фотографот, кој заради фотографијата, не успеа да го стигне детето, за да му „помогне“.

А што ќе направев ако не фатеше гитла за секунда откако ме здогледа како го фотографирам? – сеуште се прашувам.

Уште не ми е јасно што требаше да направам: да го пријавам на родителите, да го однесам на лекар, или во „социјално“?

Што би направиле вие?

14 коментари:

Shepard рече...

ние би го ставиле на насловна страница.. :(

Анонимен рече...

Добар си (со блогов). Терај даље.

Анонимен рече...

Bas eden drugar mi kazuvase kako im napravil muabet na cigancinjata na ploshtad shto duvaat, i devojcinjava (isto okolu 7god) rekle "lepak duvaat maskite, nie ne toa, samo treva od vreme na vreme"

Unknown рече...

Da, be da, "samo treva od vreme na vreme".
Prirodno si e prirodno! :)

Unknown рече...

Се плашам само, следниот чекор на владата да не биде забрана на трговија со лепаци во име на правата на децата. :)

Vladimir рече...

Што би направил јас? Детето за рака, кај татко му (не кај мајка му, не тепам жени), и ѕвееенк ШАМАР на татко му. И ќе го прашам (нормално без да ја земам в предвид социјално-економската положба на таткото/семејството): Стоко, ако тебе ти е уништен животот, не му го уништувај и на син/ќерка ти.

За радикални проблеми, радикални решенија.

Шегата на страна. Ова е повеќе од загрижувачки проблем. Еден serious issue, кој не гледам дека сегашнава влада има намера да го реши, или пак дека прави нешто во врска со истиот.

За ова е потребна една поширока акција, во која ќе бидат вклучени министерството за труд и социјала, министерството за финансии (затоа што ќе требаат пари за сето тоа), сите можни домашни/меѓународни владини/невладини организации кои што се занимаваат со таа тематика. Нормално, тука ќе треба и поддршка од медиумите.

Се со цел под итно да се изгради стратегија, која и ќе се примени/оствари, а не да остане мртво слово на хартија.

Да не должам многу, но тука ќе треба да се работи на заштита на децата и нивните права, потоа не помалку важно, едукација на засегнатиот сегмент на родители итн.

Што и да биде, треба БРЗО ДА СЕ РАБОТИ!

Unknown рече...

Убаво го тоа кажа, многу работи треба да се направат, и тоа итно.

Анонимен рече...

ах оптимисти :))

можеме да смислуваме што сакаме , какви не стратегии, програми .. реалноста е таа , дека се повеќе ќе има деца така препуштени сами на себе..

јас така 8годишни деца имам видено во лондон, сао паоло и сл. не па македонија, молдавија или кикистан некој.

единствено решение е , да се подигне GDP на ниво на швајцарија , норвешка.. родителите да имаат работа за која се чесно платени или социјална помош доволна за нормален живот и оф корс ефикасни институции за згрижување, каунселинг итн. ;)

во еу и пошироко, ти доаѓаат од социјално и ти го земаат детето ако некој пријавил дека си му шлапнал шамар, а камоли дека шетало само со кеса и лепак ;)).. и сите се престрашени дека некогаш ќе се случи некоја беља и ќе им го земат детето.

ми се чини дека кај нас има толку многу случаеви (особено кај ромите) што да им отиде социјално и им каже “ќе ви го земеме“ ќе го дадат потскокнувајки од радост.
леле црн хумор и јас:(

поздрав:)

Unknown рече...

црн е хуморот, ама не можам да кажам дека не е на место.
Сепак, родителите се должни да се грижат за децата, и ако не го прават тоа - постојат казнени мерки.
Ако државата не ги спроведува тие казнени мерки, и ако не презема други мерки за заштита на децата, тогаш и таа станува соучесник во запуштањето на децата.

Анонимен рече...

Да да тоа и мене ми е зборот.

Што поскапана држава, тоа поголема социјала и побројни социјални случаи.. беда, семејно насилство,дрогирање, нешколување.

е сега, поради тоа што далеку сме од некакво подобрување и станување ’словенија’ барем .. мислам дека на некој начин треба да се помириме со реалноста и со зголемувањето на таа “видлива“ социјала.

случајно имам продискутирано со еден профа од Правен, кој дури бил и дипломат.. и што ќе чујам?? божее каков снобизам. Според него и таквите како него , вака социјалава , мизеријава е на некој начин кривица на овие луѓе и што победни се тоа значи дека толку повеќе ја заслужуваат БЕДАТА !!!

ма не знаааам.. ми иде да ги запалам сите факсови кај нас сите влади
ха
па да ги видам тогаш
(паднав у трааанс еве)
:)):))

Анонимен рече...

ха, мислам дека имам претстава кој би можел да биде дотичниот профа!
веројатно истиот тој на кој му пречи што на вести гледа претставници на “социјалата“ кои, замисли молим те, имале расипани заби! ерго, државата била у тотален аут затоа што луѓето не посетувале ни елементарен забар(отприлика тоа беше тезата негова).

Анонимен рече...

А зошто блогот на Етна не функционира?

Анонимен рече...

Е да, кога ќе порасни GDP-то тогаш нема да е лепак тику кокаин.

Unknown рече...

црњак, нема што

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week