Еве што предлага Оксиморон во својот пост „Манипулативно манипулирана манипулација“: „За да не се создава вакуум во работата на парламентот, при што истиот ќе биде злоупотребен за бескрајни натегања, преговори, уцени во обид за издејствување на нереални побарувања...за да не трпи државата штети и да нема застој предизвикан од процедуралните недоследности.....предлагам еден дел од пратениците, кои се во состав на владината коалиција, да изразат национално чувство т.е. етничка припадност различна од мнозинството.“
Не само што предлогот е „непристоен“, туку е и мошне опасен.
Пред 2001 год., Собранието многупати го изигруваше принципот на мнозинско донесување на одлуките, за сметка на малцинските права.
Повторното изигрување на модификуваниот принцип на донесување на одлуките би значело повторно разгорување на конфликтот, и веројатно нова воена криза.
Ако некому не му се допаѓаат уставните правила на игра, тогаш има начин како тие легитимно да се променат. Изигрувањето на правото не е решение, туку нов проблем кој може да генерира нова општествена криза.
Уште две нешта:
– „ Секој може во однос на националноста да се декларира како сака, односно како како самиот се чувствува.“ – вели Оксиморон
Проблемот е токму во тоа што кај нас „националноста“ се интерпретира во етничка, а не во граѓанска смисла, за што неколку пати пишував. Значи, јас не можам во однос на националност да се декларирам како „Македонец“ во граѓанска смисла (што е мое човеково право) – и тоа е неразрешен проблем.
- „Наместо да се повикува на човекови права за сите, почнаа да се истакнуваат правата на малцинствата.“ – вели Оксиморон.
Правата на националните малцинства се индивидуални човекови права и, за жал, кај нас не само што не се истакнуваат, туку се сосем маргинализирани, за сметка на колективистички интерпретираните права.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
6 коментари:
жарко, ако можеш да го ископаш од архива твојот текст за рамковниот договор и општо, етнос вс. демос..
мислам дека беше во политичка мисла пред година, две.. шо знам.
ако не, да го најдеме у пдф, па да го претвориме у ворд документ.. сјајно четиво е стварно.
Жарко,
кога некој се служи со манипулација за да постигне нешто, треба да е подготвен дека истата може да му се врати ко бумеранг :)
Да не се повторувам, ќе го постирам и тука одговорот кој го ставив кај мене у коментари ;)
Жарко,
постојано се потенцира дека претставници на малцинствата во парламентарниот состав се пратениците на коалицијата ДУИ-ПДП (17, од кои 14 на ДУИ и 3 на ПДП)и пратениците на ДПА (11). Дури и екс министерот за финансии, Никола Поповски, во својата дискусија по повод експозето на мандаторот, нагласи дека малцинствата не биле соодветно застапени (28 од 120), т.е. немале 25% застапеност во парламент, колку што имаат % во населението на Р.М. па тоа можело дополнително да генерира нова криза (божем некој од мнозинството е виновен што за малцинствата гласале толку колку што гласале).
И постојано се збори сал за македонците со албанска етничка припадност како да се единствено малцинство во државата, ко Бадинтеровиот принцип (толку артикулиран и кај шо треба и кај шо не треба) да важи само за нив.
Јас се прашувам, дали во постојниот парламентарен состав нема претставници со влашка, српска, турска етничка припадност и дали нивниот глас не се вбројува во потребното мнозинство на малцинствата при споменатиот принцип на гласање?! Зошто толку галама околу уцената од ДУИ-ПДП дека нема да гласаат за носењето на законите при кои е пресуден овој принцип? 17 пратеници не се мнозинство од малцинствата ако се бројат сите претставници на сите малцинства
Еве, на пример, мене ме интересира како ќе се брои гласот на Љубчо Георгиевски, дали ко на глас од мнозинството или ко глас на бугарското малцинство во земјава? Оти, општо познато е дека тој има и бугарско државјанство, а за да се добие истото - потребно е да се даде изјава во која се наведува дека личноста има чувство на бугарска национална припадност. Значи, тој таму се произнел како бугарин и следствено на тоа, бидејќи живее и работи во Македонија - претставува тука претставник на бугарско малцинство
ВЕРОНАУКА У ШКОЛЕ ДЕЦА ВАС МОЛЕ!!!
Еве го текстот Вуна у pdf, претвори го ако не те мрзи.
http://www.kas.de/db_files/dokumente/7_dokument_dok_pdf_4944_1.pdf
Оксиморон,
Кога зборуваме за малцинства, зборуваме за повеќе од 25%, и „бадентеровиот принцип“ не важи само за етничките Албанци - пеки.
„17 пратеници не се мнозинство од малцинствата ако се бројат сите претставници на сите малцинства“ - е тоа допрва ќе го видиме кога ќе се гласа, како кој ќе си се изјасни. Ете и за тоа се согласуваме - во принцип, иако практиката може да зборува нешто сосем друго.
Не се согласувам само намерно да се „шифтаат“ идентитети за да се изигра правото (без разлика дали се согласувам со конкретниот принцип или не).
Има чуден парадокс во тоа што бадентеровиот принцип има колективистички дух, а правото на „национална“ припадност е индивидуално - и прашање на личен избор.
Што се однесува до Љубчо Георгиевски, и другите случаи на двојно државјанство - можда треба да почнеме да размислуваме за решение со кое ќе оневозможиме државата да ја предводат луѓе на кои Република Македонија не им е единствената држава.
Нели е малку чудно што добивме и министер кој не знае да зборува македонски, а тоа е еден од условите за добивање на македонско државјанство.
1) Али Ахмети беше 4 години во власта, а никогаш не сум го чул ниту збор Македонски да каже.
2) „ Секој може во однос на националноста да се декларира како сака, односно како како самиот се чувствува.“ Тоа се глупости. Националноста има смисла само како што кажува Жарко - во граѓанска смисла. Ако речеме дека и има етничка смисла - тогаш, секако, неможеш да бираш. Можам јас да тврдам дека сум Французин - ама штом немам француско потекло, ниту државјанство - апсурдно е.
Објави коментар