Уште едно фијаско?

9/23/2006

Сеуште мислите дека Македонија ќе успее да го забошоти случајот „Ел-Масри“?
„- Како земја-кандидат и иден член на ЕУ, политички за Македонија би било добро да спроведе сопствена истрага за случајот“ - препорачува парламентарецот Волфганг Крајсл-Дорфлер (германски член на Привремениот комитет на Европскиот парламент за истрага на активностите на ЦИА во Европа). (
Брисел очекува истрага за „Ел Масри“).
Откако и Буш го призна постоењето на тајните затвори, Република Македонија мора да престане да биде
заложник на случајот Ел-Масри, и новата Влада под итно треба да работи на промена на досегашниот имиџ за Македонија како земја каде што правдата е спора и недостижна - дури и кога станува збор за флагрантни прекршувања на човековите права.
Да потсетиме дека една од првите работи што мораше (под надворешен притисок) да ги сработи Владата на СДСМ беше отворање истрага и расчистување на случајот „Раштански лозја“.
Како што е познато, судската разрешница се претвори во фијаско.
Ако ни се случи уште едно такво фијаско, тогаш никој друг нема да ни е крив што каскаме заедно со групата ЕУ-лузери од „Западен Балкан“.

1 коментари:

Unknown рече...

Што извесува „Време“: „Од Министерството за внатрешни работи нема најави дека ќе биде променет ставот во врска со случајот на германскиот Арап Калид ел Масри, откако американскиот претседател Џорџ Буш јавно призна дека ЦИА имала тајни затвори во Европа.
Деновиве и Аугуст Штерн, минхенскиот обвинител, издал потерница по дваесет агенти на ЦИА за кои постои сомневање дека го грабнале Масри од скопскиот аеродром и со нивен авион го однеле во Авганистан, каде што бил пет месеци мачен. Тројца од нив биле идентификувани како пилоти на „боингот“ Н314П, кој слетал во Скопје на 23 јануари 2004 година.“
Ќе се праиме на Тошо дека скопскиот аеродром не е под јурисдикција на македонското судство?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week