Написот во „Неделно Време“ - ДА ЗБОРУВАМЕ МАКЕДОНСКИ:
НЕ на странските зборови во македонскиот јазик! – започнува со следниов антологиски автогол:
„Овојпат не зборуваме за економија!“
А за промена, наместо за „економија“ да почневте да зборувате за „стопанство“?
Треба да се прочитаат само првите неколку пасуси, за да се увиди колку странски зборови (или зборови со несловенски корен) се употребени во текстот:
комуникација, електронски, емисии, тим, анализира, потранспарентни, дискусии, телевизија, феномен, термин, практика, џабе, резултат, експерти, манипулирано, апсурдни, момент, нормално, варијанта, колонизирала, цитирани...
Со свој камен по своја глава?
Се скинав од смеа кога прочитав дека авторките го преведуваат (или, можеби, по бугарски, го „адаптираат“) зборот „инстант“ со „моментален“!
А кога ја прочитав поентата, почнаа да ми навираат солзи. Текстот завршува со апел да се спаси македонскиот граѓанин од „изолација и неинформираност поради неразбирање на јазикот што се зборува“!
Што е многу, многу е!
6 коментари:
:))))))))))))
ги фати во ЗАЛЕЏЕ! (загрбје?!)
а скролај (лизгај?!) малку низ коментарите..
па то јазично богатство на претек.. ризница.
Еден „колега“ од чајџилница, ми раскажа приказна дека на времето, уште кога бил студент, му предложил на Блаже Конески да ги исчистат турцизмите од македонскиот јазик. Добил одговор нешто како „седи си мадро“.
Така и приказнава за „туѓинките“ во нашиот ни јазик. Не можеш ни да ја раскажеш како што требит.
А денеска ја чув следнава анегдота (од една охриѓанка):
Место на случување: Струга
- „А, бе, каде е „ч“-то на тастатурава?“
: „До „л“-то.“
- „А, бе не тоа, другото.“
Жарко, Жарко.. запомнил си я тая думичка (зборче) "адаптирам". Много тежко я приемаш бе, човече ;-)
много ме накефи :)
Објави коментар