Кралот алкохол

9/30/2006

„Десет до дванаесет тинејџери неделно завршуваат на Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар во Скопје поради труење со алкохол.“ (Тинејџери пијат до бесознание, па често завршуваат на Токсикологија )

Тоа значи дека алкохолот критично го загрозува животот на 500-600 тинејџери годишно само во Скопје, град во кој кафани има на секое „ќуше“.

Пред некое време, седам со две пријателки во еден скопски „кафиќ“. Имаа желба да пијат „ладен чај“ оти им се згадило од премногу алкохол претходните неколку дена. Кога видоа дека чајот е 120 ден., а џинот 70, веднаш го променија мислењето.

А што да се каже за нашите „локални“ традиции - секое трето-четврто семејство е производител на сопствено вино или ракија.

Паметам, кога станав прваче, баба ми ми рече: „Сега си голем, ела да пробаш малку ракија!“

Алкохолот нашироко се рекламира, и од страна на големите компании, и од страна на црквата.

Зошто „во виното е вистината“, а не „во травата е вистината“?

Зошто оние што секојдневно се дрогираат со алкохол се социјално прифатени („кул“), а оние што се дрогираат со трава се социјално исклучени („еднаш џанки, засекогаш џанки“)?

4 коментари:

Анонимен рече...

оние што се дрогираат со трава се социјално исклучени („еднаш џанки, засекогаш џанки“)?

не знам за кои социјални кругови зборуваш и ти се репер за тврдењево,а и немам баш емпириски податоци да докажувам, ама тврдам дека воопшто не е така. Напротив и двете -вистини-, се сосема соодветно застапени, иако во поголема мера спортски- што ќе рече, за викенди и важни настани.

еве, од око, зборувам за средна и за висока средна класа, ако уопште таквата класификација е уште на сила, бар во Скопје.

на за нијанса повисоките :) од горенаведениве, викендашки (читај на журки или забави од затворен тип) не им се страни ни табли ни кокаин - сите ќе ти кажат дека не е во прашање зависност, а и на сите истото им е кул.

напротив, се повеќе мислам дека травата влијае и врз социјалната инклузија... затоа ваљда е joint... како што алкохолот во помладите години го има истиот ефект.

Unknown рече...

1. ако пиеш по 2-3 пијачки алкохол дневно навечер, никој нема да те нарече „алкохоличар“.
ако пушиш по еден џоинт секоја вечер, речиси сите ќе те прогласат за „наркоман“
2. дури и ако предозираш со алкохол и завршиш на токсикологија, повторно автоматски нема да бидеш третиран како „алкохоличар“ (средината нема да те исклучи).
ако предозираш од хероин и завршиш на токсикологија ќе бидеш жигосан како „наркоман“ - ако дознаат на работа за тоа, големи се шансите да ја изгубиш.
3. Да, алкохолот и дрогата (како и цигарите) се „социјални лубриканти“.
Алкохолот е легален, може да се рекламира, да се консумира и на јавни места, дури и во работни простории.
Но, иако последиците од алкохолот се речиси идентични како и последиците од дрогите (па, алкохолот е дрога!), тој не е третиран како дрога.
Оние што пијат не се третираат како „наркомани“, ниту пак се социјално исклучени, како што се оние кои земаат дроги.
Во тоа е неправдата, во тоа е хипокризијата.
Алкохолот е „крал“, тревата е „дворски шут“ :)

Shepard рече...

со шлепер алкохол.. ништо..

со кец у џеб ќотек у подрумче..

Фројд. рече...

Индикативно е владеењето на Кралот Алкохол; баш деновиве се замислив до колкава мера е тој присутен во животите на малолетниците (впрочем, како е можно да е толку In за разлика од joint-от, кој е толку Out). За мене, тоа е логична последица на дезориентираноста на целата младина... легален бег од суровата стварност, каде младите не можат да се пронајдат себеси.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week