Сосем очекувано: наместо да почне да го доведува под прашање потеклото на имотот, нашето Собрание почна да го доведува под прашање етничкото потекло на пратениците.
На политичарите престана да им е гајле кој што зборува и прави, единствено им е битно кој како се изјаснува.
Ете ги придобивките од „Рамковниот договор“ кој го уби граѓанинот во нас, претворајќи не во покорни овци затворени во етнички трла (пардон, „заедници“).
Не е тешко да се процени на каде одат работите. Ако има повеќе исклучиви политички „заедници“, логично е дека тие полека ќе престанат да бидат за едно!
Ако продолжи тиранијата на етничкиот идентитет, на крајот, ќе престанат и да бидат заедно.
Конфликтот етнички Македонци vs. етнички Албанци е лажна дилема.
Вистинската дилема е: македонски граѓани vs. етнонационалисти.
А каде се македонските граѓани?
Фатиле џенем на печалба во странство?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
е стварно се изнервирав вчера кога го видов потегов.
мислам, се е ок, човек може да се премислува за својата етничка припадност, ама во рок од 2-3 месеци??? па уште и да застане пред сите и да раскажува колку е она влаинка. катастрофа
на истава тема се нервирав кога македонци се запишуваа на факултет како еѓипќани.
„мислам, се е ок, човек може да се премислува за својата етничка припадност, ама во рок од 2-3 месеци??? па уште и да застане пред сите и да раскажува колку е она влаинка. катастрофа“
За жал, тоа се последиците на политиката која се темели на стабилни, исклучиви етнички идентитети.
А како да се изјасниш ако едната Баба ти е Бугарка, едниот дедо Македонец, другиот Дедо Србин, а жена му Влаинка?
Објави коментар