Прекрасно што некој почна да се занимава и со ПАРАДОКСИТЕ ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА: Невин зад решетки поради прескапа ДНК-анализа.
Осомничениот бил држан во затвор иако постоеле сериозни, медицински потврдени сомнежи дека не е виновен - се додека не била утврдена вината на друга личност со ДНК анализа.
Верувале или не, „Судот ја префла вината на Институтот бидејќи однапред барале пари за секоја анализа што треба да се направи.“
Независно од монополската позиција на Институтот за судска медицина, во случајов е најодговорен Судот, ако е вистина дека „судот не испратил барање до Институтот за судска медицина за да се направи ДНК-анализа.“
Судот ги утврдува фактите, и не би требало да утврди вина ако постои и најмал сомнеж дека некое лице е невино.
Изгледа, кај нас многу судии сеуште размислуваат тоталитаристички: Ако постои и најмал сомнеж дека си виновен, тогаш има основа да лежиш во затвор или притвор.
2 коментари:
Без преседан е ваквото однесување на Институтот.
Интересното што се посочува во овој текст е моментот во кој се наведува дека ,,Досега не се случило Институтот да згреши со резултат од ДНК-анализа."
А како да знаеме дека не згрешил до сега? Кој ќе го потврди тоа? Во светот е практика секогаш да се направат 2-3 анализи од различни институти, заради компарација на материјалот.
Од текстот во Дневник можев да проценам дека: ,,Џабе ти е да имаш стручност во лабараторијата, ако немаш човечност."
и п.с. во контекст на ова, арно ме потсети на еден текст од Маријановиќ, во врска со потеклото, археологијата, DNK-та, докажувањето случаи итн. Кога ќе го пронајдам ќе го постирам
„Без преседан е ваквото однесување на Институтот.“
Се согласувам, ама без преседан е и ваквото однесување на Судот.
Не одлучува институтот дали некој ќе оди во затвор/притвор, туку конкретен судија, со име и презиме.
Мајстори сме за префрлање на одговорноста на друг и за колективизирање на одговорноста.
Инаку, за политичките манипулации со ДНК-анализата, мошне симптоматично е и истражувањето за потеклото на Македонците и Грците. :)
Објави коментар