(И)лустрација

9/25/2006

За жал, „полемиката“ Милчин-Боцевски се претвори во (и)лустрација за катастрофалната состојба на критичката мисла кај нас. Повторно сме сведоци на залудно поарчен јавен простор, на огномет на суети, наместо на аргументирана критичка расправа:

И без оглед на актуелниот лов на вештерки, ни претставува сатисфакција што, макар и на ваков начин, прашањето за лустрацијата станува актуелно и кај нас. ФИООМ ќе го даде својот придонес во јавната дебата за предизвиците и ризиците на лустрацијата.“ (Владимир Милчин)

„Отворено општество не се прави со затворени умови, а либерално-демократски поредок не се гради со поранешните тоталитаристи и со актуелните корумпирани плутократи.“ (Боцевски)

Еве неколку прашања, кои се надевам дека ќе побудат критички коментари:

Зарем лустрацијата - сфатена како политика на оневозможување на поранешните комунисти (особено поткажувачи на комунистичката тајна полиција) да заземат политички или државни позиции - не е нов облик на „политичка подобност“?

Како да се спречи злоупотребата на процесот, за да не се повредува правото на приватност на луѓето, и претпоставката на невиност (да потсетам, вината се утврдува само со правосилна судска пресуда)?

Можна ли е „лустрација“ во состојба кога државата сеуште неуставно/незаконски прислушкува, кога нема закон за обештетување на жртвите на монтираните процеси од стариот систем, и кога се предлага нов закон за полиција кој мотивира поткажување (кој овозможува присилно повикување заради „собирање потребни известувања неопходни за извршување на полициските работи“)?

5 коментари:

Анонимен рече...

без разлика на темата што ја одбираш, фасцинантно е како секогаш успеваш да си досаден.

Unknown рече...

тоа е затоа што се трудам.
а ти мора да си мазохист, затоа што редовно ме посетуваш? :)

GoodBytes рече...

Јес, треба добро да се осмислат сите аспекти и операции на лустрацијата. Но, таа сепак мора да се спроведе за да се ослободиме од неколку тешки камења кои ни висат околу вратот.

Анонимен рече...

Попусто ние секој ден го вежбаме изговарањето(пишувањето) на зборот лустрација. Едноставно за тоа само се вергла и ништо повеќе. Додека во Македонија да се лустрираат оние кои треба да бидат лустрирани, тие ќе заминат од земјава физички, по години на старост.
Ги гледам пред некој ден на ТВ те ваква комисија те онаква комисија. Како може комисија за лустрација да формираат оние кои всушност треба да подлежат на работата на истата.
Многу беше фино кажано во “Еднооки„ разговорот меѓу сенаторот и Андов. Ми мириса рече на комунизам, а овој само се поднасмеа и ја забошоти работата. Истото ја чека нашата претстојна лустрација.
И зошто би правеле лустрација кога полловина популација и младо и старо е смртно убедено дека во “тоа време“ беше поарно. Тоа време кое ги остави тие заблуди(а било поарно) ние ќе го лустрираме?

Unknown рече...

„Додека во Македонија да се лустрираат оние кои треба да бидат лустрирани, тие ќе заминат од земјава физички, по години на старост.“ - за жал, ете со такви чекори напредуваме.

„И зошто би правеле лустрација кога половина популација и младо и старо е смртно убедено дека во “тоа време“ беше поарно.“
- Можеби токму затоа, за да ги разубедиме луѓето дека тогаш било „поарно“.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week