Се сеќавате на легендарната собраниската дебата во која „Ѕинго“ почна да и објаснува на „Весничка“ за Ангела Меркел, Проди, Савевски, Панчев и Најдовски: „Весничка ги побркала работите. Ама и се простува, тука е бруцош, таму е професор“?
Многу убаво ја паметам реакцијата на Претседателот на Собранието кога Никола Поповски (кој и претходно јавно се жалеше дека го викаа „Николче“) побара да се употребуваат „вистинските имиња на пратениците, а не употреба во деминутив“. Претседателот на собранието прокоментира нешто како - не сме ние како Грците да не ги почитуваме имињата, и и даде збор на г-ца Јаневска (уз коментар дека сеуште не научил кои пратенички се г-ѓи а кои г-ци). Патем, на таа седница имаше присутни и бројни дипломатски претставници во нашата земја.
Кога денес пребарував по собраниската страница каде што се објавени стенограмите, се сетив на гафовите на Претседателот на Собранието, и решив да ги побарам во стенограмот од седницата.
Но, таму е објавено само следново:
„Никола Поповски: Ве молам претседателе, Вие морате да реагирате на тоа да се употребуваат вистинските имиња на пратениците, а не употреба во деминутив.
Љубиша Георгиевски: Благодрам, имињата ќе ги почитуваме.
Повелете госпогице Јаневска.“
Иако сите што гледавме ТВ-пренос можевме да ги чуеме јавните коментари на Претседателот на Собранието, тие не се објавени во стенограмот.
Што мислите: дали станува збор за „технички пропуст“ или за цензура?
4 коментари:
Досега не ми е текнало да симнам некој стенограм а има интересни ситуации кои вредат да се препрочитат...
Тоа е цензура...мисли дека ќе се заборави. Да не остане запишано :)
Ако ако....Али некако ми беше интересно, шо не можеше да издржи до крај на седницата кога ја гласаа владата. Лош почеток :/
„Али некако ми беше интересно, шо не можеше да издржи до крај на седницата кога ја гласаа владата. Лош почеток :/“
Една театарска претстава трае максимум 2-3 часа. А за да го издржиш парламентарниот театар на апсурд - треба да имаш нерви на суфлер, а не на размазен режисер. :)
точниот термин ми се чини дека е фалсификат.
„точниот термин ми се чини дека е фалсификат.“
Сакаш да кажеш дека наивно се понадевав дека стено-дактилографката има селективна меморија (филтер што не ги пропушта политичките гафови) или дека нејзиниот лектор си дозволува и извесни стилски интервенции за да ги ублажи глупостите што се трескаат од микрофонот со брзина 100 на саат?
Којзнае, можда сум стварно наивен :)
Објави коментар