„Не ме нервира снегот, ме нервира градот.“ - Марко Петрушевски
Скопје има многу имиња:
Shkupi (Albanian), Scupi (Latin), Skop'e - Скопье (Russian), Skópia - Σκόπια (Greek), Skopia (Spanish), Skopie (Bulgarian - Скопие, Polish), Skopje (Dutch, German, Macedonian, Latvian, Portuguese, Slovene, Romanian, Swedish), Scoplie (Romanian variant), Skoplje (Serbian, Croatian), Skūbyī (Arabic), Uskub (Ottoman Turkish), Üsküp (Turkish), Skopjė (Lithuanian), Szkopje (Hungarian).
Сепак, мене најмногу ми се допаѓа Skopiepolis, а Google кажува дека и се допаѓа и на Arwena.
Скопје е жилав град - не го сотреле ниту чуми, ниту пожари, ниту поплави, ниту земјотреси, ниту градоначалници, ниту фабрики. Она што навистина го уништува градот е „митот на супериорноста на христијанството“ во однос на муслиманската „другост“.
Скопје е незамислив без „Камениот мост“ што сега повеќе ги раздвојува, отколку што ги спојува, окцидентот и ориентот.
Душата на Скопје е старата турска чаршија која сеуште нема закрепнато од траумите по 1993 год., и која крие многу приказни и мистерии.
Скопје е поделена личност, со нарушено внимание. Фокусот (или „Фалусот“) на Скопје веќе не е старото „Кале“, туку огромниот крст на Водно, кој отвора нови иконокластички спорови.
Скопје е градот во кој сеуште живеам, со страв дека ќе подивеам.
11 коментари:
благодарам за вниманието и посветениот простор :)
ако не си подивеал досега ...од сега па натаму потешко...%)
А да напишеш ти еден текст за во рубрикана во Вест „Зошто го сакам Скопје“. Секако таму сите што ги прашуваат не го сакаат и редат мани :)
Мојата омилена рубрика е „Зошто се акам по Скопје?“ :)
да и јас го обожавам Скопје, ама сета среќа што барем засега, не живеам таму :)
мене, сепак, ме нервира снегот...
и луѓето што зборуваат против скопје и неговото скопјанство (кованица де ок :) од дистанца- демек тие не го прават скопје она што всушност најмногу им пречи.
уосталом, со парадоксите е повесело...
„...со парадоксите е повесело...“
Не за џабе Диоген бил циник. :)
да се најде јунак тоа крстот да го ОТШТРАФИ..
и од шипките да направи една болница.. тогаш стварно тој куп железо ќе биде искористен у христијански сврхи.
Изгледа Скопје ќе мора уште долго да го носи тој крст на своите плеќи.
Сеуште може да послужи - како краен столб за жичарата, една од прекрасните нереализирани идеи. Замисли си, со жичара до врв, и после шибаш полека накај Матка.
Што сите се буните против христијанскиот споменик? Што не се буните малку против еврејскион споменик-музеј што го градат на местото од старата автобуска? Ај тоа нека биде болница, сигурно ќе биде посолидна отколку онаа што ќе ја направите со железото од крстот.
Не беше ли крстот цивилизациски споменик? :)
Објави коментар