Нашите парадокси

9/22/2006

Дипломи од Кембриџ не се признаваат, а дипломи од Албанија и Мала Речица се признаваат. (Видете Скопје не верува во дипломите од ЕУ).
На мојата диплома стои дури и знакче на Универзитетот „Кирил и Методиј“, потпишана е од ректорите на Универзитетите во Болоња и Сараево, ама не сакаа ни да чујат кога пред неколку прашав во ректоратот дали се признава.
Згора на тоа, кај нас нема студии за човекови права, а програмата што ја завршив беше спонзорирана од Европската комисија, и наменета токму за Југоисточна Европа.
А, бе, се додека тие не ме признаваат мене, и јас не ги признавам нив.

4 коментари:

Анонимен рече...

Единственото што ми е чудно е што ти се чудиш. Се разбира дека професорите од УКИМ ќе направат се што подолго да потрае што потешко признавање на дипломи.

Unknown рече...

А бе не се чудам, само констатирам парадокс.
Инаку, и тука студирав пост-дипломски. Иако трае две години, имаше само две-три предавања од тукашни професори, и се друго беше по принципот „направи сам“ (вклучително и купување на книги од свој џеб, затоа што библиотеките се буквално празни).
Од друга страна, во Сараево имаше специјализирана библиотека за човекови права и демократија со 10-ци илјади наслови, околу 45-50 предавачи од различни земји во светот, предавања (или вежби и консултации) имаше секојдневно и, после сиот тој турбо систем (5 академски написи, и магистерска од 100 страни) - овде ќе ти речат: твоите студии траеле само една година, а нашите „пост-дипломски траат две, затоа не ги признаваме.“
Знам и зошто не ги признаваат.
Половина од професорите не знаат англиски, ниту пак се во тек што се случува на академската сцена во Европа и пошироко.

Анонимен рече...

ако ти е за утеха Жарко, истото се случува и на другите катедри и институти. Да не почнам од мојот..., а мислам дека е веќе време... да почнам :)

Unknown рече...

Тешко се наоѓа утеха кога ќе поарчиш толку години на образование соочен со корупција и игноранција.
А на повеќето професори ич не им чуе за било каква критика, особено на тема академска мобилност и интердисциплинарност.
Си нашле они омилено хоби: праење списоци за студентите кои ги купиле нивните скапани „скрипти“ објавени како учебник, задолжителен - разбира се.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week