Грешка во чекори?

9/16/2006

Во огласниот дел на „Дневник“ и „Утрински весник“ (16.09.2006), Владата на Република Македонија (Канцеларија на Претседателот на Владата) објавува ненасловен текст (не пишува ниту „Оглас“, ниту „Конкурс“) во кој се пројавува „интерес за ангажирање на високо мотивирани професионалци од повеќе области...“, меѓу другото и за позицијата „Портпарол на Владата (еден извршител)“.

Во СООПШТЕНИЕТО од 2-та седница на Владата на Република Македонија, Секторот за односи со јавноста информираше дека на 5 септември 2006 година „За портпарол на Владата е назначен Ветон Ибраими“.

Денешен „Форум плус“ известува дека „тазе портпаролот на Владата, г. Ветон Ибраими, до затворањето на весникот не успеа да одговори. Нему, сепак, му го слушнавме гласот, но само колку да се дрзне да ни одржи лекција за тоа како „треба да се поставуваат прашања“.“

Што е финтата?

Владата решила да го менува штотуку поставениот портпарол?

Или, пак, „огласов“ мириса на „Прле пред магаре“ и „Магаре вјавај, магаре барај“?

Со вакви ли „кораци“ ќе правиме „преродба“?

6 коментари:

Анонимен рече...

Или ке се „преродиме„ со ваквиве чекори или најверојатно ќе воскресниме.

Unknown рече...

Воскресение во 100 чекори?
Ама, за да воскреснеме прво треба да не распнат (Затоа ли градат крстови и воведуваат теологија?).
Така се создаваат услови за појавување на некој нов политички Лазар (после Колишевски, Мојсов...).
Дури и во оваа влада имаме Лазар.

Анонимен рече...

Ех, да беше само портпаролот веќе вработен...

Unknown рече...

Да ти'бам државата во која правото е само „формалност“...

Elea Creta Makedonija рече...

Без пљукање мола.
Преробата во 100 чекори не е плукни па залепи. Што си мислевте 100 чекори изоди ги и ете ти нов свет, не, не, не.
100 Чекори се сочинети од по 100 чекори за секој еден чекор. Значи за првиот чекор имаме 100 чекори за овој да биде исполнет, а за пак да се исполнат тие 100 што ке го остварат првиот, за секој има уште по сто чекори.
Ете така и Ве молам трпение.
Трпе, Спасе и Трајче
:)

Unknown рече...

Ако продолжат со вакви трапави чекори, може и да изгинеме по некои дупки. :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week