Еве каков закон за полиција ќе се носи:
„Лицето кое е повикано или присилно доведено се поучува за правата од членот 34 на овој закон, како и за околноста дека истото не е лишено од слобода и дека откако ќе даде или одбие да даде известување може да си оди.“ (чл. 43 ст. 5)
Ќе ми го објасни ли некој овој апсурд?
Како е можно некој со сила да те доведе во полиција и тоа да не се смета за лишување од слобода?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
6 коментари:
па можда вака....
прво, вреди да се обрне внимание и на ставот 3 од истиот член што го цитираш, колку да се види дека не секогаш е на сила присилното доведување.
исто така вреди да се ѕирне и член 46 од истиов закон ,колку да се направи нужната разлика помеѓу присилно доведување и приведување, а богами и да се види дека полицијата не (или не треба да) презема стихијни акции пошто-зашто, него мора да има налог од суд.
за основаност- член 12 од уставот
за термини - член 141 од законот за кривична постапка- значи согласно статусот на лицето, во кривичната постапка можат да се применат и различни мерки.
мислам дека присилно доведениов е осомничен, а приведениот веќе обвинет.
осудениот може да добие казна затвор.
даље- може да се приведе само обвинет- значи лице против кое е покренат обвинителен акт или е под истрага- и тоа под конкретни услови- подоле во истиот закон стои јасно и што е притвор- тоа Е неспорно лишување од слобода али под услови определени со закон.Доколку се пресуди дека си невин, ќе си бараш отштета и со право треба да ја добиеш.
за сето горенаведено и врската помеѓу истото и меѓународното право за човекови права- член 5 од европската конвенција- која успут прави и разлика помеѓу термините лишување од слобода и притвор.
насловот ти е сугестивен али неточен пошто СЕКОГАШ имаш право да се буниш- просто ќе си тужиш,ако е пост фестум а богами анте фестум ќе приговараш или жалиш и во текот на постапката против тебе- за повреда на постапката, нормално.
во физика за седмо имаше една лекција сврзани садови- сите ја сакавме дека беше пола страничка и загарантована, мада незаслужена петка.
правото ти е све сврзани садови.
а владеењето на правото, помеѓу другото, е она што тече во садовите.
Фала на лекцијата. :)
Ама, еве што вика „Советот на Европа“ во својот прирачник за чл. 5 од ЕКЧП, напишан од Monica Macovei (актуелна министерка за правда на Романија):
„The terms arrest and detention are used interchangeably in almost all the provisions of Article 5 and they should therefore be seen as being essentially concerned with any measure – whatever designation is used by national law – that has the effect of depriving a person of his or her liberty.“ (...)
„Deprivation of liberty will most obviously have occurred where a person is being forcibly kept in a police or prison cell but there are many other forms of confinement which can lead to Article 5 becoming applicable. Certainly this will be the case where, for example, a law enforcement officer – whether or not force is actually used – makes it clear that a person either cannot leave a particular place or is obliged to come with the officer to some other place. Thus it would cover a person being stopped in the street or being required to stay in a police station after having originally come there of his or her own free will. It is the existence of compulsion that is important so that, as the European Court made clear in De Wilde, Ooms and Versyp v. Belgium, it is of no consequence that the person may have surrendered him or herself voluntarily. Moreover it is probably irrelevant that the person deprived of liberty is unaware of this fact; it is sufficient that he or she is no longer free to leave.“ (Human rights handbook No. 5)
Во нашиов случај, имаме присилно доведување во полициска станица (не на осомничен, туку на граѓанин повикан „заради собирање потребни известувања неопходни за извршување на полициските работи“) – кој ќе биде известен дека не е лишен од слобода?!?
Не само што цитираниот член е спротивен на духот на дефиницијата за „лишување од слобода“ од ЕКЧП, туку тоа е најголемата глупост што сум ја прочитал – ќе покажуваат со прст на нас и ќе ни се смеат!
Велиш, „правото ти е све сврзани садови. а владеењето на правото, помеѓу другото, е она што тече во садовите.“
Во право си! Должни сме нашите закони да ги интерпретираме во духот на ЕКЧП. А сега ќе донесеме закон кој не е во согласност со ЕКЧП - кој од „правото на лична слобода“ прави карикатура!
Уште едно дополнување.
Значи - ем ќе те апсат, ем ќе немаш право да се буниш (дека те уапсиле) - затоа што законски - не те уапсиле (лишиле од слобода).
Паметно, нели?
значи ок.
ќе се согласам дека синтагмата - потребни известувања неопходни за извршување на полициските работи - е благо речено, несреќно одбрана.
мојот коментар главно се однесуваше на тоа дека не може просто да се извади одредба (во случајов еден став) и да се коментира истиот на голо и популистички,бидејќи ако веќе целта била критика на духот на законот за кој збориме тука, има и појасни начини да се стори тоа, а поентата (во случајов твојата)да биде иста.
ценам што ја цитираш маковеј која иначе ја поштуем за ршумот што го направи.
сепак, не мислам дека конкретнава спорна одредба не е во духот на ЕКЧП. Уствари, не мислам ни дека конвенцијата тоест член 5 дава дефиниција лишување од слобода, туку дава исклучоци кога лишувањето од слобода не го прекршува правото на слобода и сигурност.
во нашиов случај со кутриов закон за полиција, многу лесно ќе се докажува (додуша, се надевам дека нема често да се доаѓа дотаму) дека моментот повикување односно присилно доведување е во склад со ставот бе на член 5 - пошто, доколку се изведува согласно закон, повикувањето би прераснало во присилно доведување само со судска наредба (with the
lawful order of a court- ЕКЧП) од причини to secure the fulfilment of any obligation prescribed by law (ЕКЧП) што у нашиов случај би било доаѓањето на граѓанинот, а не давањето известување, пошто нели, не е обврзно давањето на истото.
а сигурно знаеш дека судот се занимава во основа со процедурите -значи не навлегува во аргументите на домашните судски одлуки, макар колку и да биле кретенски (а ги има такви, не викам не).
антологиски се, исто така, случаите кога судот интервенира кај држава членка за промена во легислативата. За разлика од ЕУ регулативата, тука немаме обврски да транспонираме ништо, пошто коневенцијата може да се применува и директно.
и прогласувам личен мораториум на темава и почнувам да се спремам за искачање! :) фала на внимание и трпение! :)
Велиш - „во нашиов случај со кутриов закон за полиција, многу лесно ќе се докажува (...) дека моментот повикување односно присилно доведување е во склад со ставот бе на член 5“
Да, ама убаво си пишува дека членот што го посочуваш е законит случај на лишување од слобода (No one shall be deprived of his liberty save in the following cases and in accordance with a procedure prescribed by law...)!
Ми даваш убав шлагворт за да се доискажам: Поентата не е дека лишувањето од слобода не е во согласност со закон, или дека не е согласно судска одлука (тие услови се исполнети).
Поентата е дека нашиот закон вика дека тоа воопшто не е лишување од слобода (присилно доведеното лице ќе се извести дека не е лишено од слобода)! Ако судиите се согласат со законот (а тие судат според законот и не ја есапат многу ЕКЧП), тогаш лицето лишено од слобода не ќе може да го искористи законското право за испитување на законитоста на лишување од слобода, како и за обештетување во случај на незаконито лишување од слобода, пошто ќе му образложат дека согласно законот не бил ни лишен од слобода.
Е, ама ако поднесе жалба во Стразбур - таму сигурно ќе се скинат од смеа на таквите образложувања!
Спорот таму ќе биде дали тоа е лишување од слобода или не е лишување од слобода, а не дали било согласност со закон или судска одлука!
Ако државата се повика на 5.1 (б), тогаш таа ќе признае дека тоа било апсење (arrest), односно, лишување од слобода, и практично ќе признае дека применетиот член од Законот за полиција не е во согласност со ЕКЧП.
Ако судот во Стразбур утврди дека „присилното доведување во станица“ потпаѓа под заштита на чл. 5 од ЕКЧП, ќе се постават и прашањата дали се исполнети условите 5.3 (изнесување пред судија), 5.4 (право на испитување на законитост на лишување од слобода), и 5.5 (право на компензација).
Пошто кај нас „присилното доведување во станица“ нема да се смета за лишување од слобода, бесмислено е да се очекува дека овие услови ќе бидат исполнувани.
Значи - некој направил каша-попара.
Не е битно дали од елементарно незнаење или намерно. Битно, ако сакам да ја бојкотирам судската одлука (на пр., не сакам да губам време во кодошење), полицијата ќе може со „присилба“ да ме донесе во станица, а законот ќе ми ги оневозможи заштитните механизми во случај на лишување од слобода (оти, нели, воопшто не сум бил ни лишен од слобода).
Се надевам дека сум појасен.
И благодарам за исцрпните и стручни коментари. :)
ахххх, ме влечеш за тастатура, али согласно начелото за правна сигурност :) не би било во ред да го погазам сопствениот горенаведен проглас за мораториум :)
ај у друга прилика...
Објави коментар