Во услови кога се водат „крстоносни војни“ и „џихади“, кога сиромаштијата чука на портата на секој втор граѓанин Македонец (42,5% од граѓаните не остваруваат никакви приходи, според UNDP), новата влада запнала за „спасоносниот“ проект - воведување веронаука.
Еве што констатира едно истражување: „Според граѓаните, веронаука треба да се воведе (...) и заради зајакнување на меѓусебната толеранција и почитување на човековите и граѓанските права и слободи.“ (Проект Веронаука 2006: Како да се избегнат грешките од 2002-та ?)
Што - девојчињата нема да се бунат кога преподавателите на „Библијата“ ќе ги учат дека настанале од „реброто на Адам“, дека треба до склучување брак да останат девици, и дека кога ќе се омажат треба постојано да ги слушаат „мажите“?
Хомосексуалците нема да се бунат кога ќе ги учат дека тоа што го посакуваат е најголем грев?
Ако не се лажам, во Библијата и ропството е дозволено, а се промовира и каменувањето до смрт на жените кои ја изгубиле девственоста. Каменувањето е казна и за практикување на поинаква религија и за бласфемија.
Ќе ми објасни ли некој, каква врска има тоа со „меѓусебната толеранција и почитување на човековите и граѓанските права и слободи“?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
16 коментари:
море жаре, религијата не е само учење за реброто и поуки за сексуалните општења. кога не би бил вака "програмски слеп" во однос на религијата, би можел да видиш и некои посуштински вредности кои таа/тие ги промовира/аат. вака, ти останува да се батргаш во припросто тривијализирање, слично на она кое твојот блог би го свело на "постови за некакви сателитски антени на стари фасади".
Мислам дека не е проблемот во веронауката туку во вероучителите.
Библијата ја толкуваш прилично социјалистички (или евентуално протестантски). Ми се чини дека многу површно си ги кажал работите содржани во Светото Писмо.
Си заборавил да ги спомнеш учењата на Светите Отци.
Za koja religija zboruvash anonimuse?
Klikni go linkot od biblijata, i prochitaj ushte ednash.
Da ne e nekoj drug "programski slep" vo sluichajov, pa selektivno gi chita svetite knigi.
Eve ti i eden citat od Kuranot:
"Against those of your women who commit adultery, call witnesses four in number from among yourselves; and if these bear witness, then keep the women in houses until death release them, or God shall make for them a way." (SURA IV: 20)
Stanuva zbor za preljuba!!!
Nikade ne pishuva i deka mazzite so smrt ke se kaznat za preljuba!
Diskriminatorskiot pristap kon zzenite, karakteristichen za dvete najgolemi religii kaj nas, nema nishto zaednichko so chovekovite prava!
Kade e tuka "posushtinskata vrednost", drag moj anonimuse?
Во никој случај не смее да се меша религија со наука (дури ни во кованицата „веронаука“). На поповите местото не им е во училиште. Повеќе мислења (мои и на други) на оваа тема има на форумот Багра: „Дали да се воведе веронаука во училиштата?“.
http://kontroverzija.blog.com.mk/node/44381#new
http://kontroverzija.blog.com.mk/node/
44381#comment-175580
Колку што гледам, „каменувањето“ по блогови веќе започнало...
Жарко, од исламистички сајтови учиш за христијанството?!?!
GoodBytes, ѕирни го ова
"Жарко, од исламистички сајтови учиш за христијанството?!?!"
ај, биди културен и докажи го тоа. :)
Kje uchime kamenuvanje, diskriminacija....
namesto da se ucat desette zapovedi, zasto da ne se vovede etika. Bar ke gi ucat deka se krsat eticki pravila a ne deka ako ne se pocituvaat zapovedite se vrsi smrten grev i se odi vo pekolot :/
jas koga bev mala na veronauka taka ni kazuvaa. Ne znam dali e pametno na decata da im se nametne toa :/
Не се учи ни етика, ни логика, ниту право, за философија да не правиме муабет.
Поданиците мора да се држат во незнаење.
Научи ги само да го вртат другиот образ, и владеј со нив илјадници години.
ај, биди културен и докажи го тоа. :)
ај.
Za koja religija zboruvash anonimuse?
Klikni go linkot od biblijata, i prochitaj ushte ednash.
линкот што го посочуваш како библија води до сајтот free-minds.org којшто е очебијно исламистички.
„очебијно исламистички“?
А правиш разлика меѓу „ислам“ и „исламизам“?
Битно е дека цитатите што ги посочив се од библијата, нели? :)
во случај да не правам разлика - за библијата учиш од исламски или од исламистички сајтови?
Битно е дека цитатите што ги посочив се од библијата, нели? :)
само неколу реда погоре пишуваш:
Da ne e nekoj drug "programski slep" vo sluichajov, pa selektivno gi chita svetite knigi.
а ти практикуваш селективно читање и при тоа селекцијата ти ја прави некој друг.
Ако не се лажам, во Библијата и ропството е дозволено, а се промовира и каменувањето до смрт на жените кои ја изгубиле девственоста.
дури и извадоците од исламскиот (или исламистичкиот) сајт ако ги прочиташ ќе сфатиш дека не е така.
Еве ти цитат и од христијански сајт, за да се увериш дека е така (http://www.ccel.org/ccel/bible/asv.Deut.22.html):
"But if this thing be true, that the tokens of virginity were not found in the damsel; 21then they shall bring out the damsel to the door of her father's house, and the men of her city shall stone her to death with stones, because she hath wrought folly in Israel, to play the harlot in her father's house: so shalt thou put away the evil from the midst of thee."
Еве ти и друг англиски превод на истото место:
„But if the thing is true, that evidence of virginity was not found in the young woman, then they shall bring out the young woman to the door of her father's house, and the men of her city shall stone her to death with stones, because she has done an outrageous thing in Israel by whoring in her father's house. So you shall purge the evil from your midst.“ (http://www.gnpcb.org/esv/search/?q=Deuteronomy+22)
Убаво си стои - „каменување до смрт“.
гледам дека не си сфатил, па да бидам поконкретен: единствениот посочен цитат од библијата во којшто каменувањето е спречено и не се случува е настанаот опишан во новиот завет. се’ друго е од стариот завет, којшто првенствено е почитуван од евреите. би се дрзнал ли нив да ги обвиниш дека проповедаат каменување?
Објави коментар