Во Македонија немало војна и не се случил никаков „мировен договор“?
Во својата најнова колумна (симптоматично насловена Човек има право на баналност), поранешниот министер за внатрешни и надворешни работи се обидува докрај да ја банализира нашата поблиска историја, во „критичкиот“ осврт кон една нова книга:
„Единствена корист од ова монголоидно чудо од книга и автори ќе има Хашкото обвинителство кое својата тенденциозна воведна белешка на обвинението ја темели на иста конструкција (и веројатно ќе најде потврда во овие идиотштини): Во Македонија имало ВОЈНА, имало ДВЕ СТРАНИ во војната, а Охридскиот договор е „мировен договор“. Тоа го товари обвинението на оние наши несреќници во Хаг и го прави (неосновано) потешко.“
Книгата и нејзините автори настрана, ама колку човек треба да е „изгубен во просторот и времето“ за да ги прогласи за „идиотштини“ стојалиштата дека во Македонија имало војна и дека Охридскиот договор е „мировен договор“?
Предлагам новата Влада да основа посебно Министерство за историја (како во Орвеловата „1984“) - оти не гледам поидеален кандидат за таа функција од нашиот „калиф наместо калифот“.
Како и другите наши поранешни министри, и Фрчкоски се чини пати од синдромот „кратко паметење“. За да му ја освежиме меморијата, во коментарите ќе изнесеме уште неколку „идиотштини“ (мислења кои се разликуваат од мислењето на Г-нот Фрчкоски).
Како е можно сите овие луѓе да биле во илузија кога зборувале за „Рамковниот договор“ како за мировен договор?
1 коментари:
„До крајот на оваа година треба да го спроведеме охридскиот мировен договор, да ја демаркираме граничната линија на нашата северна граница и да добиеме гаранции од привремените власти на Косово дека договорената гранична линија ќе биде прифатлива и за нив.“ (Бранко Црвенковски, како претседателски кандидат, за „Време“)
„Вашите гласачи очекуваат и да ги консолидирате достигнувањата од Охридскиот мировен договор и да донесете траен мир и стабилност во Македонија“ (Хавиер Солана во писмо до Црвенковски, А1)
„Со Дејтонскиот мировен договор, со кумановскиот мировен договор и со охридскиот мировен договор ние немаме трајно решение на балканските проблеми. Решението јас го гледам во нова конференција за нови балкански граници, на која хрватскиот дел од Босна би се споил со Хрватска, српскиот дел би се споил со Србија и муслиманскиот дел би останал независна држава. За Косово нема подобро решение освен поделба и преселба односно трампа на населението. Значи, само создавањето етнички граници е единствената гаранција за трајна стабилизација на Балканот.“ (ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ, за „Време“)
„Со Рамковниот Договор пред две години во Охрид му беше дадена навистина голема шанса на мирот и на заедничкото живеење, но и на заедничката одговорност за иднината на нашата заедничка држава, оценува претседателот Трајковски во пресрет на утешните две години од потпишување на Охридскиот мировен договор.“ (А1)
„Точно е дека умерената македонска влада, предводена од Премиерот Бранко Црвенковски и поранешниот лидер на бунтовниците, Али Ахмети, имаше успеси. И двајцата остануваат посветени на Охридскиот мировен договор и единството на државата. Откако тие победија на изборите во 2002 година, политичката реторика беше смирена.“ (Меѓународна кризна група)
„Оваа програма ќе и помогне на ПЈР Македонија во имплементирање на Договорот за Стабилизација и Асоцијација и на Охридскиот рамковен (мировен) договор.“ (Европска агенција за реконструкција)
„Никаде на светот парламентот на државата не преговара за мировен договор од овој тип. Тоа обично го прават повисоките лидери. Тие постигнуваат договор како претставници на своите партии кои го претставуваат македонскиот народ пред парламентот. И имаат обрска да го образложат договорот пред парламентот. Тие беа обврзани тоа да го сторат до 27 септември.“ (ЏЕЈМС ПЕРДЈУ, за „Вест“)
„...меѓународната заедница е, ми се чини, хипокритична, кога на извесен начин праќа сигнали дека имплементацијата на Рамковниот договор, и тоа ми е најинтересниот дел, е услов за влез во ЕУ и НАТО. Побогу ве молам, па тоа е мировен договор, и такво нешто никогаш не се случило. Услов за прием е да имате пристојна држава, пристојна економија, човекови права, високи стандарди - се знае што се критериуми. И сега во овој случај ви велат "мировниот договор ваков каков што ви го дадовме е услов за прием". (Билјана Ванковска за „Вест“)
„Аналитичарот Сајмон Серфати од Центарот за стратегиски и меѓународни студии во интервју за истиот извор наведува, пак, дека ниту еден мировен договор не може по кратка постапка да ги реши проблемите кои постојат со децении, но, оти Македонија е на вистинскиот пат.“ (Макфакс)
„- Секоја конфликтна ситуација завршува со некаков договор. За жал, војните се водат за потоа со политички средства да се решат истите проблеми. Во Македонија не зборуваме за класична војна, но сепак имавме борбени дејства меѓу паравоени структури и структурите на безбедноста на државата, каде што требаше да одреагира политиката и да каже што понатаму. Значи, да ги прекинеме воените дејства и да застанеме да се договориме. До тоа дојде со асистенција на меѓународната заедница, бидејќи случувањата во 2001-та можеа да се пресликаат и во другите држави во регионот и да дојде до регионална криза. Затоа меѓународната заедница изреагира така како што изреагира. Изврши притисок и врз Македонија и врз парамилитантните структури да се седне и да се преговара. Како и секој друг договор, да го наречеме мировен, и овој договор не им дава еднакво задоволство на двете страни.“ (Полковникот Благоја Марковски, за „Време“)
„Дури и да може да се надева на изборен успех во некој друг скорешен циклус, Георгиевски тешко ќе владее со земјата што темелно е преуредена со Охридскиот мировен договор, на кој стои и неговиот потпис.“ (Бранко Героски, за „Форум“)
Објави коментар