Геј закана

9/18/2006


Една „вознемирена сосетка“ вака реагира на веста дека на нејзината улица ќе се отвори геј бар:
- Ова е школска населба. Тука се училиштето „Ѓорѓи Димитров“ и градинката „Мајски цвет“. Сексуалната определба на гостите може да влијае на нашите деца.“ (Шпиц)
Дали тоа значи дека треба да им забраниме на хомосексуалците да бидат во контакт со деца за да не ги „заразат“ со нивната сексуална определба?
Ако сексуалната определба е заразна, не треба ли сите не-хетеросексуалци да ги ставиме во карантин?

11 коментари:

nikolani рече...

Како би реагирал ТИ ако твојот на пример 14 годишен син ти каже дека обожава да оди во геј барови и дека е луд по некој дечко? Или ти го носи син ти дечкото дома, седите заедно и ти си пресрекен додека ги гледаш како љубат и горат од љубов?

Мислам дека оваа галама околу правата на сексуалните малцинства не е ништо повеќе од знак на лажен либерализам! Чуено недочуено! Македонија ти е ултарконзервативна земја (да не речам заостаната) и збунува од каде толку „напредни“ размисли.

Shepard рече...

ова погоре е коментар на психолог :)

иначе, ја иам на повидок геј заговор. некои мои познаници веќе се збираат.. ќе го палат.. ќе го рушат.. шо знам..

инаку, мојот став, ќе го повторам по којзнае кој пат:

кога двајца возрасни луѓе стапуваат во било каков меѓусебен однос, нема ништо спорно. што сакаат нека праат. кој од страна се осеќа засегнат.. поради нечива слободна волја.. ондак тој си има проблем.

Shepard рече...

иначе, клубов, е сосем ок..

zBani рече...

еј какво палење нека не се заебаваат, ќе одиме на отварање!! :)

„Како би реагирал ТИ ако твојот на пример 14 годишен син ти каже дека обожава да оди во геј барови и дека е луд по некој дечко?“
Сигурно нема да го испратам на психолог. :)
Ете зошто и родителите треба да посетуваат сексуално образование - за да сфатат дека нивните деца имаат право на сексуална слобода и сексуален избор - вклучително и избор на сексуална ориентација.
А после вакви „напредни“ коментари - ќе се залагам и психолозите да поминат елементарен курс по сексуално образование.
Или, што можеш да очекуваш во ултарконзервативна земја - ултраконзервативни психолози?

Навистина, мене ме насмеа сосеткава... не разбирам зошто толку им сметаат на луѓево. Па тие се само уште едни (не)обични луѓе, со секојдневни проблеми, стравови, желби и надежи.

На крајот на краиштата, што е нормално? Да, да: знам дека мнозинството кажува што е нормално. Но, зарем треба да плукаме по леваците или да ги спалуваме како во Средниот Век, само поради тоа што се леваци (деца на ѓаволот)?

За конзервативноста на Македонија... Жарко, сметам дека Македонија одамна расчисти со конзервативноста и традиционалните вредности. Сега имаме една лажна и изопачена траадиционалност...

Darko156 рече...

@вуна
вториов коментар звучи како да си бил на отварање :)

на темава: реакции ќе има уште долго време, но факт е дека се додека не почнат да се случуваат вакви работи, рекациите ќе бидат огромни. Штом ќе стане оваа работа секојдневие, едноставно ќе се навикнеме сите и нема воопшто ниту да ни смета, ниту да го приметуваме како да е којзнае што.

Клубов ќе го збогати Скопје, а тоа е ОК. Ако јас сакам да одам во клуб со технаџии зошто тие да не можат да одат во клуб со хомосексуалци?

споредбава е крајно глупа, ама нека соти :)

Денеска МАССО демантира дека стои зад отворањето на геј-барот:
„Со оглед на фактот дека во Скопје веќе со години континуирано постојат места за социјализација на ЛГБК луѓето, МАССО ги демантира и изјавите со кои новоотворениот клуб се означува како прв геј и лезбејски клуб во Скопје, со кој ”се става крај на мрачната ера на геј луѓето во Македонија”(Вест 18.09.2006).“

nikolani рече...

Жарко, психолозите се сексуално едуцирани. Појавата на „демократски“ хомосексуализам коинцидира со порастот на криминалот, невработеноста, сиромаштијата, падот на моралните вредности итн.
Всушност хомосексуалноста постоела и порано, во социјализмот на пример, ама никогаш не била подигната на ниво на општочовечка придобивка

"Појавата на „демократски“ хомосексуализам коинцидира со порастот на криминалот, невработеноста, сиромаштијата, падот на моралните вредности итн."
E, od kade pa sega ova?
Zarem vo zemjite od EU, kade homoseksualcite se najvidlivi ima porast na nevrabotenosta i siromashtijata?
Poveke mi lichi na negativen stereotip - ova shto go kazhuvash.

makondo рече...

GLBT, GLBT!! Podgoltnuva nasevo kutro out-of-space gragjanstvo! Knedla mu e zastanata vo grlo! Konecno,kje mora da ja progolta!

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Loading...

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week