Во тој миг ми се запали „сијалицата“. Најпосле укапирав зошто Трифун толку чека прво да заврши летото, па да почне да го прска Скопје против комарци. Ако скопските комарци ми ти беа навремено истребени, ќе беше ли вицот за разликата помеѓу мажите и комарците немаше толку ефектен?
Сепак, вицовите се ефектни само „на прва топка“. Ако малку се подзамислите за првиот виц, тогаш можете да го изведете непријатниот, но логичен заклучок дека жените се најглупи за време на секс. Ако малку го проанализирате вториот виц, можете да дојдете до поверодостојниот заклучок дека комарките-крвопијки многу повеќе нервираат во лето отколку мажјаците-комарци.
Меѓутоа, овие машко-шовинистички „досетки“ воопшто не се ниту ефектни, ниту смешни. Тотално се „аут“. Навистина, зошто женско-шовинистичките вицови сега се „ин“, а машко-шовинистичките вицови се „аут“? И дали вицовите имаат навистина толкава моќ да одредуваат што е „ин“ а што „аут“?
„Ин“ е да си „Аут“?
Прашањата на тема „Ин“ & „Аут“ ме потсетија на истоимениот филм со Кевин Клајн. Во филмот популарниот комичар игра улога на „латентен“ геј, кој одеднаш, на чуден начин станува свесен за сопствената хомосексуалност - откако неговиот поранешен ученик јавно ќе му го посвети штотуку добиениот Оскар со зборовите: „На мојот учител, кој што е геј“. Бидејќи живеее во мало, хомофобично, идилично градче, во кое доделувањето на Оскарите е главна атракција, после ненадејниот „каминг оут“ неговиот живот станува вистински пекол. Но, лека полека, како во „политички коректните“ американски филмови со среќен крај, главниот лик станува општоприфатен од средината како „геј“.
Едно нешто никако да ми се разјасни. Има толку многу американски филмови во кои е „ин“ да си „аут“ како геј, но зошто не можам да се сетам на ниту еден холивудски филм во кој „ин“ да си „аут“ како лезбејка?
Ете дури и кај нас, „јавното излегување“ на првиот геј активист беше медиумска атракција. Но, зошто истото не се случи и со јавното излегување на првата лезбејска активистка? Дали филмовите имаат навистина толку голема моќ да одредуваат што е „ин“, а што „аут“ во врска со сексуалноста?
Очигледно, во нашата сексуално идилична средина, сеуште е „аут“ да си „аут“, барем кога станува збор за поинаквите сексуални ориентации. Традиционалниот македонски хетеросексуален ген пружа жилав отпор на евроатланските „педерски“ влијанија. Кај нас сеуште не е „ин“ да се прават „љубовни паради“ - како горди „западно-балканци“ претпочитаме паради на насилство. Затоа пак е „ин“ да се снимаат македонски порно филмови, или да се оди на „нудистички“, пардон - порно плажи.
Но, каква ли е таа чудна сексуална дијалектика? Она што пред некое време беше „ин“, сега е веќе тотално „аут“. Пред само неколку месеци, снимањето „порно-клипови“ кај нашите сексуално „напредни“ младинци и младинки беше прилично „ин“. Но, откако сеирџиската глад беше задоволена со нивното јавно прикажување на „малите“ екрани, тие престанаа да бидат „ин“. Дали телевизијата навистина има толкава моќ да одредува што е „ин“, а што „аут“?
Дури и на сексуално заостанатиот „Западен Балкан“, телевизијата полека почнува да ја губи битката со кибер-просторот. Она што е „ин & оут“ на интернет, станува „ин & оут“ во секојдневниот живот на се повеќе примероци од загрозениот вид „хомо балканикус“.
Сексуалната понуда и побарувачка на интернет е толку многу разновидна и лесно достапна, што тешко може да му се оспори приматот на промотер на „ин & оут“ содржини. Сексуалната индустрија како да го пронајде својот виртуелен рај.
Но, и на интернет сексуалната дијалектика „ин & оут“ е крајно непредвидлива. На пример, Северина умешно ја искористи моќта на медиумот за да се лансира како естрадна ѕвезда вон границите на Хрватска. Но, дали ако повторно бидат повредени нејзините „авторските права“ со пуштање на нов „порно“ клип на интернет тоа ќе биде пак главна вест во медиумите? Просто се сомневам - освен доколку нејзин партнер овој пат не е Бред Пит или Дејвид Бекам.
„Македонскиот дел од интернетот“, на кој сеуште царува девизата „фантазирај глобално, сурфај локално“, сеуште не ја преживеа својата „Северина“. Но, прашање е само на време кога тоа ќе се случи, имајќи ја предвид сеирџиската глад за локална виртуелна „порно“ икона.
Порното е сега повторно „ин“ токму благодарение на интернетот, за разлика од ерата на 90-тите кога еротиката беше „ин“ благодарение на филмот и телевизијата. Ако не верувате, трк на една виртуелна прошетка. На интернет можете да пронајдете дури и феминистички порно филмови. Такво нешто беше незамисливо во времето на радикалниот феминизам, кога „порното“ беше „аут“ како форма на насилство врз жената.
Во „нашиот“ кибер-простор, малку ќе попричекаме за феминистички порно филмови. Затоа пак, „феминистичката“ порно-литература цути на македонските блогови.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
9 коментари:
не знам дали си ја видел шпицата на Бруна, на Јутјубо: маршира „ин аус, ин аус„ со раката во воздух... сега ќе ти го најдам клипчето...
bruno: fashion polizei:
youtube.com/watch?v=sLi7liCC_zs
...dobro ne bilo baš so rakata, ali so nogata, što e dovolno dobro...
bar ako se ja priupitam:D
Генијално :)
Се згазив од смеа.
последната реченица од колумнава ме заинтргирира, бидејќи јас немам баш таков дојам. феминистичка да (и таа ретко, али квалитетно), а феминистичка порно - тоа ми е некако blurry.
„IN“ е да си „Out of the room“:
уште еден виц- Што е вечност? Вечност е времето оод завршувањето на сексот до испраќањето на девојката дома.
Бруно ин аус, ма целата приказна за Бруно е супер!
Фемгерила
Нена, можда си во право.
Можда крајот ми е поише како „Wishful thinking“, или пак препознавам родово-чувствителна порно-проза и онаму каде што ја нема.
Фем, еве уште пар вица на кои налетав во „Вест“ отпосле:
Жените се родени возачи: Прво ќе те запалат, потоа те возат, па ќе те згазат и на крајот ќе те заобиколат.
Жените го возвраќаат ударот:
- Зошто мажите се како делфини?
- Затоа што се збори дека се интелигентни, но тоа уште никој не го докажал!
- Зошто батериите со подобри од мажите?- Затоа што секогаш имаат една позитивна страна!
- Зошто мажите не можат во исто време да бидат и убави и интелигентни?
- Затоа што ќе бидат жени!!
Со кеф би гледал две жени на кревет.
Ама два курајбера - потешко.
Кога ми се полни јајцата, дирекно ми притискаат на центарот за логично размислување.
Поздрав Оги.
a зашто не феминистичко порно? тоа му доаѓа како декларативните изјави од типот "нема живот без кислород"
ако не го гледате, не значи дека не постои ;)
dr Igor Janev proposed this question of UNGA for ICJ: "Is the unilateral declaration of independence by the Provisional Institutions of Self-Government of Kosovo in accordance with international law?".
29.09.2007. Belgrade
Објави коментар