Никако Македонија да ја преброди тешката политичка криза. Еден од нејзините клучни аспекти е кризата на лидерството. Се' повеќе политиката се претвора во уметност на убедување на народните маси дека тие што ги донесуваат политичките одлуки не се одговорни за сопствените политички неуспеси. Одговорни да ти биле некои зли демони отелотворени во нивните политички опоненти, независно од која страна на границата. Привикувањето на „добрите“ племенски демони од минатото (демоните на славните Филип, Александар и Букефал), во борбата против „злите демони од сегашноста“ (поткопувачите на нашиот „вековен идентитет“ олицетворени во „клетите Грци“ и „дволичните Европејци“) стана доминантен модус на владеење. Поточно, на манипулирање со масите.
Токму затоа, поскоро може да се каже дека преживуваме демонкратизација, отколку демократизација. Демократизацијата подразбира политички процес на јакнење на демосот (неприкосновеност на граѓанинот, независно од неговото потекло). Но, по 2001 година граѓаните на Република Македонија само формално останаа носители на нејзиниот суверенитет. Во практика, тие беа трансформирани во припадници на етнички заедници што не можат да ги остварат своите индивидуални права независно од нивната етничка припадност и без посредство на етничките „пастири“. Во доктрината на владејачката партија која се повикува на конзервативните вредности и „реалниот човек“ (како „суштество на слободата, патриотизмот и на верата“) нема никакво споменување на индивидуални човекови слободи и права, туку само на „права на нацијата“. Може ли воопшто да се зборува за демократизација ако индивидуалните човекови права се потиснати од колективните етнички права?
Криза на лидерството настапува кога лидерите не можат да одговорат на современите политички предизвици, во случајов интегрирањето на Македонија во ЕУ и во НАТО. Криза на лидерството настапува кога политичките лидери не можат да спроведат слободни и фер избори. А слободните и фер избори се само неопходен, но не и доволен услов за демократско владеење. Не е доволно да бидеш избран демократски, потребно е и да се владее демократски (Бжежински). По предвремените избори од 2008, нашите лидери ниту се избрани на демократски избори ниту, пак, владеат демократски.
Еден од клучните симптоми на кризата на лидерство е отсуството на политичка одговорливост и одговорност кон сите граѓани. Најголем дел од избраните едноставно престануваат да одговараат на повиците на оние што ги избирале или, пак, делумно се одѕиваат само на повиците на оние што ги избрале. Ги избравме за што побрзо да не' интегрираат во ЕУ и во НАТО. Никој не поднесе оставка поради неуспехот. Оставката како чин на политичка одговорност е речиси непознат феномен во македонската демократска традиција. Потребата од постојаната „закрила“ на меѓународната заедница е можеби најубедливиот показател на кризата на лидерство во Република Македонија. Се' поголем број граѓани имаат впечаток дека не постои автономно донесување одлуки од страна на оние што се избрани да донесуваат одлуки во нивно име.
Избраните лидери не придонесуваат ниту за изградба на автентичен демократски модел. Модел што ќе се крепи на јасно дефинирани демократски принципи кои ќе бидат отелотворени во ефикасни демократски институции. Напротив, лидерите не само што настојуваат да ги заобиколат механизмите на граѓанска контрола, туку и активно учествуваат во дерогирањето на демократските принципи. Ги претпочитаат интересите на партиските истомисленици наспроти интересите на сите граѓани. Наместо политичката енергија да се вложува во изградба на моќни и независни институции, таа се вложува во изградба на моќни култни личности.
Затскривањето зад „култот на личноста“ остана темелна одлика на македонската посттитоистичка политика. Култот на личноста успеваше да ги засени дури и изборните нерегуларности што бодеа очи. Има ли појасен индикатор за кризата на лидерството од сомнителниот начин на кој беше избиран претседателот на Република Македонија на сите три избори? На првите избори сенка на сомнеж фрли пресметувањето на резултатите во првиот круг; на вторите избори драстичните нерегуларности што не беа отстранети ниту со повторување на изборите во стотици избирачки места (нерегуларностите беа пренебрегнати откако политичкиот конкурент се откажа од правото на жалба); на третите избори - нерегуларностите во вториот круг што го доведоа под прашање официјалниот процент на лица што излегле на гласање (кој одвај го надминуваше изборниот праг). Дали конечно ќе покажеме демократска зрелост на овие претседателски избори?
Сепак, најпрепознатлив симптом на криза на лидерството е недостиг од јавна критичка дебата која подразбира елементарна политичка култура на комуникација и почит кон државните институции. Има ли нешто потрагикомично од упорноста на премиерот (избран на најлошо спроведените избори во историјата на самостојна Македонија) во понижувањето на институцијата претседател на републиката (наводно, поради нерегуларности во изборите)? Има ли нешто потрагикомично од личните дисквалификации на најголемите претенденти за претседателската функција во предвремената кампања? Од докажани експерти за демократија и човекови права очекуваме да го подигнат нивото на политичка култура. Очекуваме натпревар на демократски идеи, критичка дебата и конечно напуштање на веќе видените методи на демонизација на политичкиот противник.
Најмалку што очекуваме е значаен исчекор од демонкратизација кон демократизација.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
8 коментари:
Наистина е странно, колко много се различава управлението в Македония от класическия тип дясно управление в посттоталитарна Източна Европа
Има ли нещо вярно в това, че в Македония се говори за членство в Движението на необвързаните? (не се шегувам - мернах го в някакъв мак.сайт)
Abe zombi,jebo te tebe Bukefal,jebote Filip,jebo te i Aleksandar Makedonski da te ebat site anticki Makedonci sto oci ti vadat lugjevo od VeMeReTo ako kopaat po antikata pa naogjaat po nesto vredno.Smenija plocata idiotu eden,nikoj od vladeackata garnitura ne ni e kriv za nevleguvanjeto vo toa tvoe NATO i EU,toa i sam go znaes tuku samo tropas se edno te isto,kako rasipana ploca..........tuka ni se krivi samo tvoite anticki heleni i onaa ebana,kurva t.n.EU.Inaku dobro se vklopuvas so Brance,so onoj strumickiot kopuk Zaev,zalizaniot Frcko i ti taka nabradosan.......prekrasen mozaik a vo mozaikot JUDA,neli.Ovie prokleti bugarcinja sto ti se obazdaat se uste eden dokaz deka si go ebal ezot so temata na niv im trebaat takvi kako tebe,jasno ti e????????????????
Ako nekoj treba da ja smeni plocata toa sigurno ne e Zarko.
Da,da batka ne Zarko,vo sekoj slucaj ne e toj.............PA KOJ E BRE NEDOKVAKAN EDEN,KOJ E, BABA MI........moreeeee sto ne krepi ovaa zemja.
Многу добра тема за дискусија, но штета што се отвара на овој блог и од овој автор кој и самиот е виновен за креирање на култови кон одредени личности што го прави самиот текст крајно лицемерен. Во текстот авторот се концентрира исклучиво на т.н. „позитивен култ на личноста“ каде што една личност се велича практично до ниво на светец, но целосно го игнорира т.н. „негативен култ на личноста“ каде што ликот и делото на личноста константно се напаѓа и навредува, практично еднострано (со игнорирање на позитивните работи што таа ги сторила и игнорирање на сличните погрешни потези што ги прават неговите опоненти). Ако некој независен набљудувач ги прочешла архивите на блогов ќе добие впечаток дека на политичката сцена во земјава постои само Никола Груевски и никој друг (со по некое интермецо на Боцевски), кој воедно е македонски еквивалент на сотоната. Се друго не постои. Каква опозиција какви глупости! Ете и во текстот кој се занимава со „култните“ феномени единствен именуван политичар е актуелниот премиер. Да парафразирам еден друг политичар кој практично воопшто не е застапен на блогов: „се поставува прашањето кој кого демонизира?“.
Воедно многу несериозно изгледа изјавата дека последните избпори биле најлошо спроведени избори во историјата на Македонија кога во истиот текст малку погоре се дадени не помалку поразителни оцени и за претседателските избори, па сепак тие не се ни во конкуренција на последните. Новите генерации „експерти“ имаат малку почит кон историјата и кон тоа што се случувало пред моментот кога они почнале да „експертираат“. Се заборава што се се случуваше во почетната деценија на самостојноста и транзицијата, и низ годините а посебно на изборите кои се изведуваа тогаш. Сите тогашни нерегуларности се занемаруваат, со тоа и оправдуваат исто како и „актерите“ кои учествувале во нив. Зарем десетици и стотици илјади фалсификувани гласови е демократија? Но ете, тоа биле подемократски избори од последниве. Не знам, може е до мене но нешто до што секогаш сум се држел (за што сум им премногу благодарен на моите родители) е секогаш најдетално и со многу почит да се истражи одредена тема пред да се искажат одредени тези кои ја засегаат неа. Без почитување на тоа што било пред нас, ваквите мудрувања остануваат само празни зборови на уште еден од плејадата „IN“ фаци на македонската политичка сцена, обид да се дојде до поголема слава, најверојатно за некои повисоки цели.
Истото се случи и со предлогот на авторот да се редефинира датумот на народното востание (11 Октомври) кој практично се сведе на една идеја која ја има авторот, без грам почит кон историјата, тие што ја правеле и тие што цел живот ја истражувале и бележеле. Леснотијата со која овие новокомпонирани ѕвезди на аналитичкото небо искажуваат „апсолутни вистини“ е застрашувачка и не толку различна од тие кои константно ги плукаат.
П.С. На авторот толку милата и драга Европа доживеа колективна амнезија и го заборави нашиот јазик, националност и кодот на државата!
Жаре, штом си се фатил у коло со Гелевски, Героски, Милчин и компанија, јасно ми е од каде е мотивот за текстовите во последно време. Како пишуваше на почетокот, а како сега, покажува колку ја имаш задржано својата авторска "неутралност".
Патем, очекувај да добиеш улога во Еднооки ;)
Г-н Жарко, во никој случај немојте да потклекнете пред притисоците кои ги вршат диктаторите и нивните слуги кои како анонимуси јадат трици и овде. Ним им пречи слободата на мислата, им пречи оти сакаат да глумат „Гласот на народот“ со режирано сценарио, со однапред смислени гости и прашања и со водител со презиме на -ИЌ. Јао шта је лепо, као да је опет Јужна Србија. Срби нам серу и серу, а ми једемо нивна говна. Е Грујевиќу, Грујевиќу... Дали си ти ВМРО?!?
Објави коментар