Однапред се извинувам што повторно им одземам време на моите читатели со цитати од колумнистот Венко Андоновски, ама овојпат станува збор за номинација за „Златна капина“ во категоријата - нечовечност.
Во својата најнова колумна, писателот кој себеси се смета за човек со висок коефициент на интелигенција, го поставува следново прашање:
„...до кога луѓе со опасно низок коефициент на интелигенција и со проблематично ментално здравје (малоумници и лудаци) ќе се шетаат слободно по улиците?“ (iq против IQ)
Секој човек, независно од неговиот IQ, треба да научи дека слободата на човекот е неприкосновена, и дека секој може слободно да се шета по улица.
Ниту нискиот степен на интелигенција, ниту „проблематичното ментално здравје“, сами по себе не се основ за лишување од слобода.
Ваквите изблици на нетолеранција - јавно прогласување на „малоумници и лудаци“ на оние луѓе кои имаат поинакви ментални способности - се казниви во модерните земји кои имаат развиено институционални механизми за заштита од дискриминација на ранливите групи.
Едноставно, менталниот склоп на Венко е неспоив со концептот на човекови права, според кој секој/а има право на достоинство на личноста, независно од неговите/нејзините ментални способности.
4 коментари:
Ма шо се замараш со него зар не гледаш дека е ментален ;)
Што викаш (В)енко што викаш (В)енко?
чисто, заради ментална хигиена :)
Кој беше тој Венко? Онај шо сакаше да го тепа Букаро, ама му цвикаше, затоа од некаде ми е познато имево ;)
ова е скандал! еве, ја пишав
Објави коментар