„Последниот човек“ во Македонија?

2/09/2007


Во написот на Блаже Миневски „Тајните писма на Ченто скриени во ѕидот, од затворот ги изнесоа удбашите“ (Фокус, 9.02.2007) го прочитав следново:

„Како што е познато, поради конфликтот со Лазар Колишевски околу потценувачкиот третман на Македонија во Федерална Југославија, Ченто тајно е уапсен на 14 јули 1946 година во Прилеп и оттаму веднаш е префрлен во затворот во Скопје. Дури седумнаесет дена подоцна, на 31 јули, тогашниот македонски министер за внатрешни работи, Цветко Узуновски - Абаз, за првпат јавно ќе обелодени дека наводно на „грчката граница“ при обид за бегство, е уапсен Методија Андонов - Ченто.“

Во кусата статија за Ченто кај тетка Вики, може да се прочита само -

На 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто е уапсен поради обид за бегство во Грција.

Но, кај тетка Уики, стои дека „На 14 юли същата година е заловен в близост на Градския парк в Прилеп, а три седмици по-късно е обявено, че: "е заловен при опит за преминаването на югославско-гръцката граница".“ („три седмици“ - е непрецизност!). Бугарската Википедија се повикува на текстот од „Македонско сонце“ (29.05.2005) - „Не му се судеше на Ченто, му се судеше на АСНОМ“:

„На 14 јули 1946 година бил уапсен во близина на паркот во Прилеп, а три недели подоцна било објавено дека е „уапсен токму кога се обидувал да ја премине југословенско-грчката граница“! Според Жаклина Митевска, Ченто имал само намера, а не и обид за илегално мигрирање.

Веста за апсењето на Ченто е објавена во десниот долен агол на насловната страница на „Нова Македонија“ (31 јули 1946). Ударна вест на бројот е „Започна мировната конференција на 21 нација“ - каде што Ченто наводно сакал да го изнесе ставот за обединувањето на Македонија по мирен пат, со признавање не само од Советскиот Сојуз, туку и од Америка и Англија.

Ако Ченто не е уапсен во обид за бегство, тогаш македонската полиција дејствувала превентивно како во „Minority Report“, а начинот на кој е информирана јавноста, судењето на „Ченто“, и бришењето на Ченто како дел од не-комунистичката историја на Македонија, асоцира на „1984“ (Орвел почнал да ја пишува во 1945, а публикувана е во 1949).

Случајот „Ченто“ е симбол на тоталитарната комунистичка власт.

Со повторувањето на судењето на Ченто, неговата рехабилитација, и надоместот за „изгубената заработувачка и пензија“, започна процесот на соочување со минатото.

За жал, наместо да бидат историски „лустрирани“, директните учесници во срамното судење на Ченто, на кои им било наредено Ченто да биде осуден (според цитираната изјава во Фокус на Коле Чашуле, член на судот заедно со Лазар Мојсов и Панта Марина - претседател) - сеуште се сметаат за беспрекорни „херои“.

P.S.
На пример, барем во статиите на македонска Википедија треба да стои податокот дека Лазар Мојсов не бил само претседател на Генералното Собрание на Обединетите Нации (од 1977 до 1988) и претседател на Југославија (од 1987 до 1988), туку и судија на наместениот судски процес против Ченто. Исто и во статијата за Коле Чашуле.

А статиите за Цветко Узуновски и Лазар Колишевски треба темелно да се преработат: „Лазар Колишевски активно учествува во прогонот на македонските противници на новата власт. Со негово знаење истите биле или убивани или праќани на Голи Оток.“

Дали тоа значи дека и Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, бил „македонски противник на новата власт“?

4 коментари:

mitko рече...

Една од убавините на Википедија е тоа што ако нешто не е напишано како што треба (или некому не му се допаѓа) може многу лесно да се смени :)

Unknown рече...

Е, да си ми жив, токму затоа и го нашишав постот. :)

Комитата рече...

Айде смени бе Жарко, може и анонимно да променяш...

Комитата рече...

Ето ти и хардкор бугарашка версия на събитията от Димитър Гоцев ;-)

Връзка

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week