„Уши полни вода“ - „џебови полни песок“

2/12/2007

Ѕвездан повторно „блеска“ во статијата Македонската национална програма:

„...Европа, од некои причини, не може да го разбере реформското значење на воведувањето разни празници, или доградувањето на зградата на Собранието, или законот за лустрација, или градењето уште постар и поубав театар, или бледото рекламирање на рамниот данок, што се презентира како рекламирање на цела една држава...

Не знам како и зошто Европа не може да ги сфати далекусежните ефекти од новата македонска национална програма, отелотворена во изградбата на Музејот на ВМРО и од прославувањето на 23 октомври, а веројатно и од прославата на 14 август, роденден на омилениот ни премиер, ама се' нешто мислам дека современата македонска колективизација, претставена преку насмевките и колективната ароганција, толку многу присутни во вашиот колективен дух, на крајот ќе доведе до онаа толку позната состојба на уши полни со вода и џебови полни со песок.

Само една забелешка. Зошто Ѕвездане „Европа“, а не ЕУ?

И Македонија е земја членка на Советот на Европа, и е исто толку европска земја колку и сите други на овој лажен „континент“.

Ако тврдиме дека ЕУ е „Европа“, тогаш ем се негираме како „Европјани“, ем се себеколонизираме како „Западно-Балканци“.

ЕУ = Европа - тоа е империјалната формула на евроцентризмот.

3 коментари:

Unknown рече...

И Геро нешто слично труби: „Дојде шумарот. Директно од Брисел. ,,Гостин на владата", како да не. Инспекција, бре! И праша: Токму ли сте вие? И виде колку е саат. Реформите запрени, лидерите скарани, рамковниот без рамка, а нашиве далдисале по Александро, по празниците (сега Шведска, па ние), по Мисиркова ,,Бугаринот", по театарот и офицерскиот дом за
чаталење, по трамвајот за глупирање, по книги на државен трошок, по тоа кој ќе се руши, кој ќе се апси, кој ќе биде лустриран, а кој ќе си остане фрустриран. И ни кажа човекот чесно и јасно: ,,Од еден кандидат за ЕУ ова не го очекувавме!" (Шпиц, 10.02.06)

Анонимен рече...

mmm... pretpostavuvam:)...Evropa, evropejci itn kako sinonim za porazviena civilizacija i kultura... spored shto nie seuste ne mozeme da se nareceme "evropjani"....

strav mi e da priznam deka voopsto ne se slagam so ova... nekogas me mrzi da se raspravam, nekogas zavrsuvam so revoltirano treskanje papuci od parket, vo sekoj slucaj, i pokraj toa shto nemam dovolno iskustvo mislam deka bas najgolemiot problem na MK e niskata samodoverba i pesimizmot kako odlika shto definitivno ja razlikuva od drugite "evropski" drzavi...

Анонимен рече...

Вклучи се ...

фино е да ги дефинираш така работите ...
мене би ме интересирало, на пример, се разбира освен Евро Атланнтските порно сајтови ... коа ќе напраиме нешо конкретно за нас ...

или идеата е само да го следиме првецот ...

не е нешо посебно као анализа али има идеа ...

шо знам

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week