Случај „визитка“

12/18/2006

Нешто е гнило на Философскиот факултет?
Таков впечаток се добива, по изјавата на Министерот за образование Рушити:

- Деновиве се сретнав со претставници на Филозофскиот факултет во Скопје. Во неврзан разговор ми рекоа дека им завршиле работа на луѓето што сум ги упатил кај нив. Останав вчудоневиден. Им реков дека такви луѓе не познавам ниту сум упатил некого на високообразовни институции за некој да им заврши работа. Бидејќи не беа убедени во ова, ми кажаа дека тие покажале моја визит-картичка на која го имало мојот телефонски број. Категорично демантирав дека сум испратил кого било и ги предупредив да ми се јават ако се најдат во иста ситуација. Нема да дозволам некој да ми го злоупотребува името и ќе преземам мерки ако продолжи таквата практика - вели Рушити.“ (Со визитка на министерот станале асистенти)

А зошто веднаш не преземе соодветни мерки министерот, туку само „ако продолжи таквата практика“?

Казните за ставање во нееднаква положба, според Законот за работни односи, се од 100.000 до 200.000 денари (член. 264). Исто така, оштетените кандидати имаат право на надомест за штета за дискриминација во висина од пет месечни просечни плати (член 10).

Еве, да претпоставиме дека правната држава ќе функционира, и дека надлежните ќе ги казнат одговорните лица. Кој најпосле ќе одговара за исплатените средства кои се добиваат или од буџетот (џебот на граѓаните) или од студентите?

4 коментари:

Filozof рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
Filozof рече...

Оф, колку би сакал да ги постројам тие од комисијата за прием на асистенти, што се покориле на 'картичката', пред (ваљда постоечка) етичка комисија на Факултетот.

Колку би сакал да ги видам како си ги гледаат врвовите на ципелите, откако ќе бидат прашани кога тоа претходно одлучувале врз основа на силни аргументи и критериуми како овој последниов, 'визитката'?

Кои се човечките ресурси регрутирани на Факултетот, на ваков или мошне сличен начин?

Гад дем! Еве сме!
Да го зграпчиме денот и да гледаме како се тркалаат глави!

А и како да ќе сме изненадени ако си останат нештата заташкани...

Ајде, иницијативо, што чекаш?!?

Ајде, мудросерци од Филозофски, дајте малку интелектуална и интелегентна акција.

Фак реторика, колумнизам, предавања, што-ти-ја-знам-од-академско-научно-ангажирана природа...
Дрн-дрн-дрн...

Сакам применета етика!
Сакам одговорност!

Сакам да ги видам да бидат со образ, и одлучувачите за прием, и примените!

Ниту едните не треба да држат никакво место на Факултетот!

И дајте нека се видат тие досиеја, како е одразена клучната "квалификација" помеѓу примените и одбиените!

Вие, одбиените, имате право на увид!

Јес да малце би се нарушила приватноста на примените "по ургенција", ама вака пак ми се чини и дека не ја заслужуваат приватноста, туку треба да кркаат јавен резил, без пардон!

И нека си се пријават во заводот за невработени, и нека не заборават со резимето да достават и мејл адресар, именик од мобилни телефони - да се знае со кого се' се знаат.

Мислам, ако се веќе толку добри social networker-и и social engineer-и, тоа е веќе квалификација за, мислам, адвертајзер, комерцијалист, PR експерт, медија планер, политички стратег...

Анонимен рече...

Mnogu gnev se zbral vo tebe, "mladi choveche"... :)

Unknown рече...

Треба да се отвори лустрационен процес и на факултетите.
Ако почнеме со скенирање на магистратурите и докторатите, едно чудо афери може да излезат! :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week