Ете, според Б.Ц., спречувањето на конфликтот од 2001 год. - „кој не внесе во една виорна војна“ - „не е само резултат на среќа туку на една разумна и рационална политика која се водеше во тој период“. („Загубивме клучна година“)
Може ли да се оцени една политика како „разумна и рационална“ ако резултирала со „виорна војна“? Пак изгледа Б.Ц. си има проблеми со меморијата. Многу бргу заборавил дека сите потписници беа построени како мали ученичиња од „меѓународната заедница“ за да го потпишат „Рамковниот договор“.
Ако тогаш било „разумна и рационална политика“ да се послуша „меѓународната заедница“, зошто тогаш истото не се прави и сега - кога ептен е познато што треба да се направи - за да се интегрираме во НАТО и ЕУ?
Социјалната цена за „демократизацијата“
Што се постигна? - „Граѓаните платија висока социјална цена, се зголемија сиромаштијата и невработеноста во периодот на градење на пазарната економија и демократизацијата на општеството. Наспроти сето тоа се постигнаа големи резултати и успеси.“
Кои успеси и резултати, „државнику“?
Може ли да се зборува за било какви „резултати и успеси“ кога сме на прво место на топ-листата од земји со највисока стапка на невработеност од 37.3%? Кога сме убедливо пред Намибија (33.8), Јужна Африка (27.1), Западниот брег и Газа (26.7), Гваделупа (24.7), Етиопија (22.9), Мартиник (22.4), Боцвана (19.6), Полска (19.0) и Доминиканска Република (18.4)? (извор: The Economist Pocket World in Figures, 2006).
Граѓаните ја платија таа цена, а не ти „државнику“. Каква цена плати ти за „ролексот“?
Кочничарот за реформите
Што вели еден од главните кочничари, за реформите:
„Клучни беа судските реформи, тука моравме да демонстрираме прогрес и тоа таксативно беа наброени работите: од докомлетирање на Судскиот совет, донесување на законите за Јавното обвинителство, профункционирањето на Академијата за судии и слично. Токму на тој план кој ни беше посочен како клучен критериум не направивме буквално ништо, изгубивме месеци и месеци во јалови политички преговарања и договарања, но резултат нема.“
И ти не направи ништо. Што се однесува до комплетирањето на Судскиот совет, ти си еден од најодговорните зошто судскиот систем е речиси блокиран.
Кочничарот за „Рамковниот“
Според Б.Ц., „Рамковниот“ се заобиколува „...кога некои пратеници ја менуваат етничката припадност за два месеца за да се измени бројниот однос во Комитетот за односи со заедниците, или на пример, кога се прават некакви дневни-политички пазари за измена на изборното законодавство, повторно за да се постигне некаква дневна цел: да се измени вистинската суштина на Бадинтеровиот принцип.“
Едно прашање претседателе? Колку вработени советници Албанци има во твојот кабинет?
Меѓуетничките односи
Нешто сепак се подобрило: „...факт е дека меѓуетничките односи се на многу повисоко ниво, дека имаме доволна меѓусебна и заемна доверба евентуалните проблеми патем да ги решаваме без да предизвикуваме некакви поголеми дестабилизации во државата.“
Според кои показатели се подобриле? Според препукувањата во Танушевци? Според тоа што сите внатрешно-раселени лица се вратија во своите домови? Според тоа што отселените жители од конфликтните региони во Западна Македонија (независно од етничката припадност) решија да се вратат во своите некогашни села и градови?
За каква „меѓусебна и заемна доверба“ зборуваш „државнику“?
Според што ја измери?
Според искрениот дијалог меѓу Тачи и Ахмети, Груевски и Шеќеринска кој произведе „европска“ иднина на Македонија?
***
За Б.Ц. е прерано да размислува за повлекување од политиката.
За Македонија е можеби предоцна.
7 коментари:
Da mu ebam mamta na b,c
„...Ако тогаш било „разумна и рационална политика“ да се послуша „меѓународната заедница“, зошто тогаш истото не се прави и сега - кога ептен е познато што треба да се направи - за да се интегрираме во НАТО и ЕУ?...“
Хехехе, изглеа дека му се променија дефинициите за разумно и рационално од денешна перспектива.
И, многу тешки прашања му поставуваш на човеков, бе! Не е фер, со оглед дека сите испити му се веќе паднати.....
Б.Ц. се виде што може и што направи. Не знам што треба да се случи за да испари од политичката сцена.
Интересна ти е споредбата на стапките на невработеност. Имам забелешка само кај Мартиник и Доминиканската Република. Мислам дека овие земји се под француска управа и мислам дека нивните граѓани ги имаат истите права како Французите. Ако им се работи можат да одат во Франција или било каде во ЕУ. Тоа значи дека реалната невработеност во овие земји е помала.
www.psiholog1.wordpress.com
За да „испари“ Б.Ц. треба да се доведе до „точка на вриење“ :)
Окси, не му се сите испити паднати.
Допрва треба да видиме како ќе помине на суд.
Ако е вистина она што го тврди ВМРО-ДПМНЕ, тогаш и против Б.Ц. треба да се поведе соодветна судска постапка.
A za da dojde do tocka na vrienje bi trebalo da se objavat nekoi intervjua koi poodamna stojat kaj tebe nezavrsheni.Ne velam oti samo tie kje ja zovrijat ovaa vechno mlaka bara ama belki za nekoj stepen kje ja potkrenat temperaturata.
„млака бара“ - ме бендисува :)
И „жабокречина“ не е лошо.
dr Igor Janev proposed this question of UNGA for ICJ: "Is the unilateral declaration of independence by the Provisional Institutions of Self-Government of Kosovo in accordance with international law?".
29.09.2007. Belgrade
Објави коментар