Криминализирање на сексуалните работнички: „Прај - трај“?

9/10/2007

Во написот Затворен бордел во Скопје за неиздавање фискални сметки, новинарката на А1 „информира“:

„Петнаесетте преноќувалци полицијата ги викнала на информативен разговор. Сите кривично ќе ги товарат за оддавање на проституција, а странските државјанки ќе одговараат за непријавен престој.“

Ај, ве молам, објаснете ми, како може некој кривично да се товари за оддавање на проституција, кога оддавањето на проституција воопшто не е кривично дело?

Еве што вели Законот за прекршоци против јавниот ред и мир:

„Кој се оддава на проституција, како и издава, односно става на располагање простории за вршење на проституција ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност.“ (чл. 19)

И покрај тоа што станува збор за прекршители, очигледно е дека полицијата и медиумите сеуште ги третираат сексуалните работнички како „криминалци“, како што претходно укажав во еден објавен текст :

„Наместо да презема мерки против оние што ја експлоатираат проституцијата, нашата држава презема драстични полициски мерки против жртвите на експлоатацијата, ставајќи се во ситуација на активен прекршител на човековите права на сексуалните работнички и работници. (...)

Како резултат на таквата "борба против проституцијата", како резултат на селективната примена на законот и постојните негативни стереотипи, достоинството и човековите права на сексуалните работнички и работници се под постојана закана.“

Работејќи на едно истражување за перцепцијата на трговијата со луѓе, дојдов до сознанието дека мнозинство од граѓаните се убедени дека проституцијата е кривично дело - заблуда што упорно ја промовираат полицијата и медиумите за да се оправда т.н. борба против проституцијата како „општествено зло“ и „социолошко-патолошка појава“.

7 коментари:

Un рече...

Хм...

Трафикингот(traficking) и фајтерите за човекови права

Во Жеровјане и Боговиње сите се IT експерти

Анонимен рече...

На кое сакаш истражување да работиш, мислам дека ќе ти излезе резултат дека мнозинството од граѓаните не ја знаат разликата помеѓу прекршок и кривично дело.
Оттаму и впечатокот дека они нешто тенденциозно против проституцијата. Нема врска. :)

Unknown рече...

Бунка, не знам зошто ама имам чувство како да ме прозиваш :)
Не се сметам само како борец за правата на сексуалните работнички/работници, туку и како борец за правата на жртвите на трговија со луѓе.
Како иницијатор на проектот „Родова перспектива во трговијата со луѓе“, и учесник во проектот „Родова перспектива во градењето (имплементацијата и унапредувањето) на националната стратегија за борба против трговијата со луѓе“ имав прилика да „соработувам“ и со дел од членовите на Националната комисија.
Како соработник на Хелсиншкиот комитет, автор сум токму на делот од годишниот извештај (2005) за „Трговијата со луѓе и човековите права на жртвите“.
Коавтор сум и на еден Country Report за Македонија објавен во една меѓународна публикација, и на квалитативната анализа на истражувањето за перцепцијата на трговијата со луѓе во Македонија (проект на Балканската мрежа за човекови права).
Сум учествувал на три конференции за „Борба против трговијата со луѓе“, а оваа тема била секогаш посебно обработувана курсевите што сум ги држел - „Сексуални политики“, „Женското движење во Македонија“, и „Човековите права на жените“ (во рамките на школата за Роди и Политика).
Се работи за навистина комплексна проблематика, има многу погрешни перцепции - дел од нив забележуваш и во твојот пост - и има ептен многу работи што треба да се направат, како на план на превенција, така и на план на заштита на правата на жртвите.
Ако сакаш, можеме да направиме нешто заедничко.

Unknown рече...

Сатаниел, не се согласувам со тебе.
Горе-долу, повеќето луѓе сега се свесни дека за прекршок се плаќа глоба, а дека за кривично дело се оди во затвор.

Анонимен рече...

Se e prasanje na toa kako ke bides tretiran. Bez razlika sto zakonot kazuva edno, ako ti pravat drugo (te tretiraat kako kriminalec) taka toa ke go dozivee i okolinata.

Btw, na strana serioznata tema...ne li mislite deka e malce (ustvari MNOGU) smesno sto mestoto se vika Traj-praj?

Анонимен рече...

Sopstvenikot imal smisla za marketing :)

Анонимен рече...

dr Igor Janev proposed this question of UNGA for ICJ: "Is the unilateral declaration of independence by the Provisional Institutions of Self-Government of Kosovo in accordance with international law?".
29.09.2007. Belgrade

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week