Говор на омраза и полициско насилство

9/17/2007

Во последниот извештај, Хелсиншкиот комитет - укажува дека Јазикот на омразата е повторно на јавна сцена:

„Последен фрапантен пример за употреба на јазикот на омразата е делот од излагањето на претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров на 36-тата светска македонска иселеничка средба во Трново по повод Илинден (2 август 2007). Тој во таа прилика го изговори и овој повик (цитирано според ТВ Канал 5): „Бараме и трајна забрана на ѓаволската секта на Вранишковски во Македонија поради поттикнување и разгорување на национална омраза, раздор и нетрпеливост и повреда на угледот и достоинството на Република Македонија. Битолчани имаат историска одговорност да го откорнат нивното дувло под Пелистер“. Речникот на претседателот на Светскиот македонски конгрес воопшто не се разликува од воинствените повици против Евреите во триесеттите години на минатиот век кога Германците на овој начин беа повикувани од нацистите да „се справат“ со Евреите.“ (Месечен извештај за јули/август 2007)

Кој невиден парадокс! Човекот кој очебијно поттикнува и разгорува национална и верска нетрпеливост никој не го чепка - а Вранишковски си одлежа за „календарчето“.

Интересно, Хелсиншкиот комитет ја поздравува и охрабрува ажурноста и професионалноста во работењето на Секторотза внатрешна контрола при МВР, кој во два драстични случаи констатирал пречекорување на службените овластувања.

случај 1: „По барање на лицето вработено во МВР, странката застанала со возилото, а осомничениот кој се легитимирал како припадник на специјалните единици при МВР-Алфи вперил пиштол во него и почнал да му нанесува повреди мавајќи го по главата со кундакот од пиштолот, а потоа и со тупаници и клоци по целото тело. Подоцна, лицето вработено во МВР било идентификувано како граничен полицаец. Службеното лице имало и дополнителна помош од други цивили, наводно негови пријатели кои му се приклучиле во тепањето. Странката била однесена со Итна помош во Клинички центар и задржана три дена.“

случај 2: „На ден 13.05.2007 година г. Стојчевик бил физички нападнат од страна на припадници на АЛФА – полицијата во присуство на својата сопруга и неговото две годишно малолетно дете. При извршениот напад кој се случил на јавно место се здобил со тешки телесни повреди.“

Иако во мојот последен контакт со „Алфите“ воопшто не бев жртва на физичко насилство (Лишување од слобода заради утврдување идентитет?), сеуште немам добиено никаков одговор од Секторот за внатрешна контрола на мојата усна претставка поднесена во полициската станица.

Како што гледам, биле прилично зафатени.

3 коментари:

Анонимен рече...

И јас не сум добил никаков валиден одговор од внатершна контрола за незаконскиот претрес на кој полициските инспектори ме присилија. Единствено добив информација дека во секторот многу се работело па не можеле да одговорат во рок од ми се чини 15 дена.
www.psiholog1.wordpress.com

Unknown рече...

Еднаш имав прилика да им држам на некои од „Алфите“ и од НТШ предавање за човековите права на корисниците на дрога.
Беше вистинско шоу.
Еден од главните „Алфи“ раскажа мошне интересна приказна како било на времето кога некој ќе се пожалел на полициска злоупотреба кај неговиот командир.
Командирот прво прашуел нешто како - „Дај да видам модриците, каде те тепале?“
Ако жалителот немал модрици од тепање, тогаш командирот ја земал лопатата што му стоела зад вратата, и со неа го бркал граѓанинот што му одземал време за џабе.
Мнозинството од аудиториумот полицајци ја дочека со аплауз оваа симптоматична приказна.
Ете, таква е кај нас состојбата со човековите права.

Анонимен рече...

Апел Влади и Председнику Републике Србије


Апелујемо* на Владу Србије, Премијера Србије и Председника Србије да у Генералној скупштини Уједињених нација предложе Резолуцију којом би се прогласило супротним међународном праву свако једнострано или мултилатерално признање Косова као независног или полу-независног међународно-правног субјекта. Сматрамо да би свако једнострано или мултилатерално признање Косова било супротно основним нормама и принципима међународног права, а посебно ако би ово признање наступило мимо процеса који су у току у Савету безбедности Уједињених нација. У циљу онемогућавања да до признања Косова дође од стране неких држава чланица Уједињених нација, предлажемо да текст следећег Нацрта Резолуције хитно буде упућен у процедуру у Уједињеним нацијама:

Н А Ц Р Т Р Е З О Л У Ц И Ј Е

Генерална скупштина

позивајући се на члан 2. Повеље Уједињених нација;

позивајући се на члан 24. Повеље Уједињених нација;

позивајући се на члан 25. Повеље Уједињених нација;

подсећајући на Декларацију о принципима међународног права која се односи на пријатељске односе и сарадњу између држава сагласно Повељи Уједињених нација, из 1970. године;

узимајући у обзир Резолуцију Савета безбедности 1244. из1999. године;

тражи од држава чланица Уједињених нација да унилатерално или мултилатерално не признају независност Косова, док се не донесе Резолуција Савета безбедности Уједињених нација у којој се утврђује коначни статус Косова.



* Тим истраживача Института за политичке студије у Београду, којим координира др Игор Јанев, виши научни сарадник Института (постављено на сајт 29.9.2007.)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week