Мистеријата на „бисексуалноста“
Што точно значи предвидувањето дека сите ќе еволуираме во бисексуалци? Дали тоа значи дека моносексуалноста - независно од тоа дали станува збор за хетеросексуалност (сексуалното мнозинство) или за хомосексуалност (главното сексуално малцинство) - ќе биде надмината како доминантен културен модел од страна на бисексуалноста? Ваквиот одговор логично се наметнува ако го прифатиме научното објаснување на Варонези дека „повеќе нема да биде важно дали практикуваме секс со партнер од спротивниот или истиот пол“.
Со ваквото објаснување, Варонези не претпоставува дека спротивните полови биолошки ќе исчезнат, туку само дека на луѓето од иднината нема повеќе да им биде толку важен полот при изборот на сексуалниот партнер, колку што им е важен на луѓето од сегашноста.
Бисексуалност (двополовост) или асексуалност (бесполовост)?
Но, приказната на Варонези, како што ја цитираа нашите медиуми, сугерира и нешто сосем друго: „„Мажите и жените еволуираат кон ист модел ... Мажите веќе не треба да се борат за преживување и произведуваат помалку тестостерон, а жените имаат нови должности и произведуваат помалку естроген и органите за репродукција им атрофираат“.
Ваквото објаснување сугерира дека поскоро станува збор за некаква биолошка, отколку за културна еволуција. Ако мажите и жените навистина еволуираат кон ист модел тогаш предвидувањето дека „Иднината на човештвото е бисексуалноста“ добива сосем поинакво значење. Имено, тука зборот бисексуалност не се употребува како „сексуална ориентација“, туку како поистоветување на машките и женските карактеристики и губење на биолошката разлика „машко“ и „женско“. Во една таква ситуација, бесмислено би било да се каже дека „нема да биде важно дали практикуваме секс со партнер од спротивниот или истиот пол“ - затоа што, ако се остават прогнозите на Варонези, половите едноставно би исчезнале. И тоа не само во биолошка, туку и во културна смисла.
Ако пак исчезнат половите, тогаш е бесмислено да се тврди дека „Иднината на човештвото е бисексуалноста“, затоа што зборот бисексуалност подразбира „постоење на два биолошки пола“. Можеби пре(д)видувањето на Варонези би требало да гласи поинаку: „Иднината на човештвото е во асексуалноста (бесполовоста)“.
Сексуалноста отаде полот и репродукцијата
Сепак, се чини дека Варонези е во право кога сугерира дека сексуалноста се повеќе се измолкнува од стегите на полот и репродукцијата.
Благодарение на технологијата, зачнување на човечко суштество е можно и без сексуален контакт. „Сексот повеќе не е чин за репродукција“, потенцира сексуалниот профет. Но, дали од тоа логично следува дека „Сексот ќе биде само чин на љубов“? Несомнено, растежот на сексуалната индустрија и сексуалниот туризам воопшто не оди во прилог на сексуалната утопија на Варонези.
Благодарение на технологијата, и биолошкиот пол не е веќе константа, туку менлива. Според некои футуролози, прашање на време е кога промената на полот/родот ќе стане универзално човеково право. Навистина, што ќе се случи ако мнозинството од човештвото го напушти „дво-партискиот полов систем“ и ако ги замени половите очила кои гледаат црно-бело со родови очила кои ги разликуваат сите бои од спектарот на виножитото? И, ако исчезне полот како битна константа, дали притоа ќе исчезне и постојната класификација на три „сексуални ориентации“ според принципот - „ист пол“, „различен пол“, „обата пола“?
Кибер-сексуална либиднина?
На прашањето „Која е твојата сексуална ориентација“ - хетеросексуална, хомосексуална, или бисексуална - некои испитаници го даваат следниов одговор: - Едноставно „сексуална“!
Надминување на традиционалната идентификациска шема се случува и во кибер-просторот, каде што се повеќе луѓе ги инвестираат своите сексуални очекувања. А кибер-сексуалноста не се истргнува само од стегите на полот и репродукцијата, туку и од стегите на телесниот контакт како доминантен начин на сексуална комуникација. Многу кибер-сексуалци се надеваат дека технологијата на „виртуелна реалност“ ќе овозможи нови начини на сексуална комуникација, непоимливи за приврзаниците на „обичната“ реалност.
Дали иднината на либидото („либиднината“) е во кибер-просторот и во „виртуелната реалност“? Којзнае. Како што предупредуваше чичко Аристотел, треба да бидеме многу претпазливи кога си имаме работа со искази кои посочуваат на некое идно време.
Синоќа сонував дека во интергалактичката електронска енциклопедија се појавила следнава статија за Земјаните:
„Човекот конечно оствари контакт со други поразвиени планетарни цивилизации. Првите вонземјани слетаа на Земјата и понудија вакцина против сите можни сексуални инфекции во замена за Антарктикот. За кусо време, Антарктикот стана меѓупланетарен туристички рај, специјализиран за ептен блиски контакти од четврт вид.“
Статијата беше спонзорирана од интергалактичката секс-туристичка агенција „(Кибер)Секс со Земјани“, која нудеше реални и виртуелни прошетки на Земјата со неодоливата туристичка реклама - „Бонус - бесплатно набљудување на секс помеѓу суштества кои сеуште разликуваат само два „пола“ и само три „сексуални ориентации“!
23 коментари:
ти спомена (само:)) пет polови ориентации: и асексуалност и сексуалност.
сепак на човекот „без пол„(ова ми крајно проблематично) порадо би му ја предвидела, ако веќе гатаме, „сексуалноста„ пред „асексуалноста„. вторава, ako se повикам на вики(за други сум премногу сонлива да станам и барам) ќе го пејстам следниот цитат
„Asexuality is a sexual orientation describing individuals who do not experience sexual attraction.„
што значи, не подразбира некој нов пол, туку ориентација која е независна од биолошка (пред)одреденост или прифаќање на културен модел.
Ме испровоцира да изреагирам на скопски: „ебате асексуалната ориентација, ебате“ :)
Зборот асексуалност во друга можна смисла го употребив - како бесполовост.
Ако нема пол - нема ни сексуална ориентација, затоа што по дефиниција таа се одредува според тоа дали сексуалниот партнер (потенцијален или актуален) е од ист или различен пол - или и двата пола.
Од тоа што го прочитав во нашите медиуми, еволуцијата беше опишана многу шарлатански.
Не знам дали информацијата била изгубена во преводот или „професорот“ стварно појма нема од процесот на еволуција - али не би му давал големо значење на „истражувањето“ и на професорот.
хм.... сексусалниот компас работи според половите (магнетни сили, физика, де) а со нивното „губење“ и „претопување“ ќе се збрка скроз и ќе се изгуби сексусалната ориентација па ќе треба да се користи терминот „дезориентација“ ;)
Дамјан, сакав само да укажам на противречностите на бомбастичната „теорија“.
Инаку, иако барав, на мрежа не пронајдов ништо од тој Варонези, а другата типка што е цитирана во веста е прилично познат сексолог.
Окси, сексуалното ориентирање зависи повеќе од хемиски и социјални, отколку од физички фактори.
Инаку ми се допаѓа идејата за сексуален „компас“.
Жаре, а бе ти ко да не си ја чул Марфиевата теорема - „љубовта е хемија, сексот чиста физика“ :)
Тука збориме за сексуална ориентација, не за љубовна. Од кај сеа излегоа фамозните хемијиски фактори?!
Не ми мешај баби и жаби :-P :D
п.с. а за компасот - а бе има и црвена и плава стрелка, за секој пол :) Ептен симптоматично е ;)
Окси, нема само физика и хемија - има и физичка хемија :)
За да ја победи пенисот силата на гравитацијата, потребно е прво да те мавне „либидото“ - да почне размената на хемиски сигнали.
Либидото е најтешка дрога, а дрогата е поскоро хемија, отколку физика :)
Жаре, зошто теоријата на Варонези ја нарекуваш утопија и тоа го поврзуваш со актуелниот растеж на сексуалната индустрија и туризам. Те прашувам пошто во текстот никаде не се спомнува дека во иднината луѓето нема да имаат секс, туку само дека сексот нема да биде чин на репродукција.
Поздрав
Сексот одамна не е само чин на репродукција, и врзувањето на сексуалноста со репродукцијата е теоретски атавизам.
Но, „сексот нема да биде чин на репродукција“ е малку претерано тврдење.
Можеби нема да биде сфаќан така, но тоа не значи дека сексот ќе престане да биде и чин на репродукција.
Утописко е неговото сфаќање дека „Сексот ќе биде само чин на љубов“.
Сексот може да биде и чин на љубов, но може да биде и обична „физика“ - што би рекла Окси.
Сексуалната индустрија нуди секс без љубов - и нејзиниот растеж оди наспроти предвидувањата на Варонези дека „Сексот ќе биде само чин на љубов“.
Окси - дури и Google ја поткрепува тезата дека поскоро може да се зборува за „сексуална хемија“ отколку за „љубовна хемија“:
приближно 56,300 резултати за "love chemistry"
приближно 160,000 резултати за "sexual chemistry"
:)
а некој линк до веста од медиумите, ќе може? :)
Еве го и линкот - Иднината на човештвото е бисексуалноста
ете ти, броевиве...:)
еве сосем случајно, ја листам, можеби за ригорозните читатели и не само тоа, уште една збирка на општи места, но мене секако битно книгиче, од рилке, писмата... „Pol je teško breme...možda su polovi srodniji nego što ljudi veruju, i veliko obnavljanje sveta sAstojaće se možda u tome što muškarac i devojka oslobođeni... udružavaće se kao ljudska bića da jednostavno, ozbiljno i strpljivo zajednički nose teški pol koji im je nametnut..."
нема врска, само мало интермецо...
има врска: провери го „пансексуализам„...
Е, вака:
Ако - „Sexual orientation refers to the direction of an individual's sexuality, usually conceived of as classifiable according to the sex or gender of the persons whom the individual finds sexually attractive“ (Вики),
Тогаш - интересно е прашањето дали пансексуалноста може да биде сексуална ориентација - со оглед на тоа што подразбира „aesthetic attraction, romantic love and/or sexual desire for people regardless of their gender identity or biological sex“ (Вики).
Некои ќе кажат - да - затоа што сексуалноста насочена кон луѓе „независно од родовиот идентитет или биолошкиот пол“ повторно го афирмира полот/родот како неопходен елемент на поимот на сексуална ориентација - и покрај тоа што го негира.
Некои ќе кажат дека пансексуалноста не е сексуална ориентација, дека исчекорува од премногу тесниот поим на сексуална ориентација кој е фиксиран на полот/родот.
Ти, за што би се одлучил/а? :)
А бе, батали google, слушај го Марфи ;)
Ја може да изнапишам секакви глупости на нет и google да ги исфрли како резултати од пребарување само поради некој употребен збор :)
А ,Марфи е еден и единствен ;) Се коси со сите општо прифатени закони на сите науки. Марфи е наука сама по себе :)
p.s. сериозно несериозна сум.... а можеби и несериозно сериозна :) У секој случај - Марфи рулз!
Окси - ме инспирираше.
Следната колумна е на тема „Сексуална хемија“ :)
Инспиративна сум јас, знам :)
Ако пишуваш на тема љубов, секс и полови и хемиски реакции - имај ја во предвид старата опсервација дека :
„Жените го користат сексот за да добијат љубов, а мажитите ја користат љубовта за да добијат секс“ ;)
Тоа ти е еден добар пример за сексуална хемија и физика у едно :)
тоа е веќе друга тема - сексуално искористување :)
Инаку - по се изгледа либиднината ќе биде токму во сексуалната хемија.
За неколку години вијаграта ќе му дојде нешто како аспирин, во споредба со она што ни го „куваат“ фармацевтите.
бидејќи 1.се држиме во случајов до дефинициите во Вики.
2.се држиме до дефинициите крајно педантно,
за жал, одговорот е повторно во дефиницијата на Вики:)) и тоа експлицитно: "Pansexuality (sometimes referred to as omnisexuality[1]) is a sexual orientation"...
а и да не го правевме тоа одговорот би ми бил прашање: дали доколку направиш избор да не правиш избор(по одреден критериум во случајов) е сепак избор?
и: дали изборот подразбира ориентација?
„...дали доколку направиш избор да не правиш избор(по одреден критериум во случајов) е сепак избор?“
само исфрли некои моменти и ќе си одговориш самата - „...дали доколку направиш избор ... е сепак избор?“ :)
Не е секој сексуален избор - сексуална ориентација.
„Не сакам да ја играм оваа игра“ - е исто така легитимен потег во играта :)
Апел Влади и Председнику Републике Србије
Апелујемо* на Владу Србије, Премијера Србије и Председника Србије да у Генералној скупштини Уједињених нација предложе Резолуцију којом би се прогласило супротним међународном праву свако једнострано или мултилатерално признање Косова као независног или полу-независног међународно-правног субјекта. Сматрамо да би свако једнострано или мултилатерално признање Косова било супротно основним нормама и принципима међународног права, а посебно ако би ово признање наступило мимо процеса који су у току у Савету безбедности Уједињених нација. У циљу онемогућавања да до признања Косова дође од стране неких држава чланица Уједињених нација, предлажемо да текст следећег Нацрта Резолуције хитно буде упућен у процедуру у Уједињеним нацијама:
Н А Ц Р Т Р Е З О Л У Ц И Ј Е
Генерална скупштина
позивајући се на члан 2. Повеље Уједињених нација;
позивајући се на члан 24. Повеље Уједињених нација;
позивајући се на члан 25. Повеље Уједињених нација;
подсећајући на Декларацију о принципима међународног права која се односи на пријатељске односе и сарадњу између држава сагласно Повељи Уједињених нација, из 1970. године;
узимајући у обзир Резолуцију Савета безбедности 1244. из1999. године;
тражи од држава чланица Уједињених нација да унилатерално или мултилатерално не признају независност Косова, док се не донесе Резолуција Савета безбедности Уједињених нација у којој се утврђује коначни статус Косова.
* Тим истраживача Института за политичке студије у Београду, којим координира др Игор Јанев, виши научни сарадник Института (постављено на сајт 29.9.2007.)
dr Igor Janev proposed this question of UNGA for ICJ: "Is the unilateral declaration of independence by the Provisional Institutions of Self-Government of Kosovo in accordance with international law?".
29.09.2007. Belgrade
Објави коментар