А одговорноста?

4/04/2008

Кој ќе ја понесе одговорноста што не добивме покана за НАТО во Букурешт?

Кој ќе ја понесе одговорноста за неоснованото изразување верба дека Македонија ќе ја добие поканата за членство во НАТО?

Кој ќе ја понесе одговорноста за погрешната проценка дека ќе можеме да станеме дел од НАТО-семејството без да го решиме спорот со Грција околу името?

Кој ќе ја понесе одговорноста за погрешната 15-годишна стратегија во спорот со Грција - „Времето работи за нас“ и „Тоа не е наш, туку нивни проблем“?

Кој ќе ја понесе одговорноста што „билатералниот спор со Грција“ одеднаш се претвори во спор помеѓу нас и НАТО?

Кој ќе ја понесе одговорноста што сега НАТО бара од нас постигнување „заемно прифатливо решение на проблемот со името“ и тоа „as soon as possible“?

Кој ќе ја понесе одговорноста за тоа што дојдовме во ситуација и Албанија да може да ни стави вето?

Кој ќе ја понесе одговорноста за лагата дека „сите земји членки на НАТО како никогаш досега беа на страната на Македонија, освен една - Република Грција“?

Кој ќе ја понесе одговорноста за тоа што сеуште живееме во аквариум и што вината за тоа постојано ја префрламе на другите?

9 коментари:

Анонимен рече...

Одговорноста? Нормално, кај Грција :)
Не, сериозно, одговорност за изразување верба нема нели, ама има за лош стандард, за лоша социјална држава, за лоши перспективи, со или без разноразни сојузи. Ајде веќе еднаш да се маргинализираме овој настан, и да го видиме онаков како повод за поместување на намерите - поголемо внимание свртено навнатре, кон домашната ситуација. На крајот, од сите овие интеграциски прашање само едно мора да го биде – она соседското – шо да правиш кога лудаци се на власт кај сите соседи, мора да си трпелив и паметен. Моралната одговорност за ова прашање, е на оваа, на сите претходни влади, на слабиот притисок на јавноста...што на крај се разводенува а ла акварел. А ако мислиш на политичка одговорност, ма тоа ептем јок, иако веќе се насеќа пролетно предизборно лудило...

Инаку, колку сето ова со нато е надувано и нереално, еве едно списоче...Бројчињава, не дека ги барав, ми влегоа сами в очи. Како еден цифромат за тивко славење:

1) Во Словенија на референдумот во 2003, од 60 % излезени ЗА пристапување гласале 66 % од нив. Тоа му доаѓа, како што стои во некои тогашни анкети, 37% од јавното мнение во Словенија. Во Македонија, тоа е сигурно двојно од ова. Претерано малку.
2) 20-та точка од извештајот на еден си самит во Романија оваа пролет, се однесува и на земјава. 20?? Да не е некоја помала бројка, сепак? Оти нас ни направија впечаток дека сме issue точка број 1. пак претерано.
3) Наш бруто национален производ, не знам точно колку е, ама лесно се проверува на интернет. Засега може да се замисли огромна цифра, одраз на голема национална, воена и економска. со еден збор значајни партнери каков секој воен сојуз би посакувал. Имаме да даваме.
4) 2-3 луѓе што ги знам не се по-НАТОвчија деновиве. Острови.
5) 4 дебатни емисии во рок од една вечер. Е ова ми е слабост. Обожавам дебатни емисии.
6) 0 надворешни закани.. 0?.. дали сум сигурна или е надувана 0?
....
а ти, ти прашуваш, ама каде ти ја наоѓаш одговорноста?

Unknown рече...

Вико, една долгогодишна политика доживеа пораз вчера.
Поразените се обидуваат да го претворат поразот во морална победа и да ја избегнат одговорноста.
Еве, сакаат и Градскиот парк да го именуваат во „Џорџ Буш“ - заради неговите заслуги што не влеговме во НАТО?
Тие му веруваа на Буш „Велики“, а ги игнорираа Грците кои се закануваа со вето. Буш ги извиси. Им го кажа истото што и Грците - дека треба да постигнат заедничка спогодба ако сакаат во НАТО.
И, од каде сега Буш херој, а ние морални победници?

Unknown рече...

Ете, и The New York Times го искритикува Буш:
"President Bush and European leaders should have worked harder at finding a solution to this corrosive problem before Greece exercised its veto." (April 3, 2008, Shame On Greece: Messing With Macedonia)

Анонимен рече...

Јас мислам вака http://kvadraturanakrug.blog.com.mk/node/146934

мирјана56

Стойчо рече...

Май ще трябва да защитя Буш:-) И Буш, и всички останали съюзници ИМАМЕ голям интерес от влизането на Македония в НАТО (ЕС , Шенген и т.н.).

Колкото и да не ви се вярва, Гърция също има интерес от влизането на Македония в евро-атлантическите структури.

А интересът на всички нас е, че е по-добре да граничиш със съюзник (от НАТО и от ЕС) отколкото съседът ти да е „гето“, „аквариум“ или пази Боже, скандалджия.
Човек като си купува къща, гледа съседите му да не са скандалджии, нали?

Та същото направи и Гърция и успя да го каже пред цялото НАТО (а и пред ЕС) – не искаме съсед-скандалджия. Това беше, нищо друго.

Защото сам по себе си спорът за името е идиотски, но македонският елит (вкл. и организаторите на митинга „Македонио, кога ке те помакедончиме?“) успя да се прояви пред съседите си като изключително скандалджиийски (дали нарочно или защото са глупави е тема на друг разговор.Според мен умишлено го правят вече 15 години)

Ами след като комшията е скандаладжия - никой не може да принуди Гърция да допусне такъв съсед.
Защото, мили мои, НАТО и ЕС са клуб на хора, които НЕ ИСКАТ ДА СЕ КАРАТ един със друг. Разбирате ли? Основното качество на членовете (вкл.и на гражданите и елита) е ДОБРОСЪСЕДСТВОТО и СПОСОБНОСТТА ЗА КОМПРОМИСИ. А идентитетът е последното, за което те питат в Европа. Защото идентитетът е интимен, личен на всеки отделен човек и нито една държава, структура, официална институция няма право да ти се бърка в него.
А любимият ми македонски елит размахва този единтитет наляво и надясно.

Отговорността трябва да се търси изключително и само във вътрешните работи. Ако македонците търсят отговорност - тя е у македонския елит. Ето, американците (цитатът от Ню Йорк Таймс) търсят веднага отговорността у собствения си президент. Гърците - трябва да я търсят в тяхното правителство (защото Гърция също носи отговорност заради това, че допусна югославяните в Македония да вземат връх с това решение!). Същото, естествено се отнася и за България (не бяхме достатъчно настоятелни пред Гърция, защото както казах България има върховен интерес Македония да е част от нашия европейски свят).

Организаторите на митинга „Македонио, кога ке те помакедончиме?“ победиха! Помакедончиха я;-)

Анонимен рече...

Се разбира дека одговорноста и последиците ќе паднат на нејаките и напатени плеќи на -ЦАЦКО.
Туку , ме интересира ако знаеш евентуално да ми помогнеш и да ми кажеш -ШТО ПРАВИМЕ СО ОДГОВОРНОСТА НА ВАЈНИТЕ КОЛУМНИСТИ И ОПИНИОН МЕЈКЕРИ кои се БУНТУВАА ЦЕЛО ОВАА ВРЕМЕ.

Unknown рече...

Анонимусе, одговорноста, првенствено, треба да ја понесат оние кои имаат моќ да донесуваат политички одлуки и кои донесоа лоши проценки и одлуки.
За што побргу да одиме понатаму.
Ако не се лажам, проценка на „државниот врв“ беше дека Буш ќе ни ја заврши работата за поканата затоа што ќе ги притисне Грците или да не не попречуваат како "the Former Yugoslav..." или да направат компромис во врска со последниот предлог на Нимиц.
Тоа не се случи.
За да одиме понатаму, тие што донесоа погрешни одлуки и проценки треба да се повлечат од сцената и да им отстапат место на тие што сугерираа да се направи компромис со Грција, затоа што спорот за „меѓународното име“ не го засега нашиот идентитет.
Имајќи предвид дека ниту референдум, ниту предвремени избори не и одговараат на Македонија, оти времето не работи за нас, решението го гледам во привремена широка коалиција (алтернативно - експертска влада)која ќе настојува до есен да ги реши домашните задачи за да не ја пропуштиме шансата за преговори со ЕУ. Оти ако тоа го пропуштиме - тогаш ќе бидеме дефинитивно поразени и занавек претворени во аквариумска рипка.

Plamen рече...

Ясно е ,че гръцките претенции са най-примитивен национализъм от 19-и век, на аз се питам друго - ако Македония беше член на НАТО, а Гърция и България - кандидат-членове, дали Скопие щеше да им постави някакви условия за прием?

Стойчо рече...

В историята няма условно наклонение, за щастие:-)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week