Охрид – културна престолнина на Македонија?

7/05/2007

Во почетокот на своето обраќање на НАТО самитот, Груевски го прогласи Охрид за „културна престолнина“ на Република Македонија.

Ако Охрид е навистина „културна престолнина“, зошто тогаш Министерството за култура не се префрли во Охрид?

Ако Охридското езеро е „бисер на Балканот“, зошто Министерството за животна средина не се премести во Струга?

Зошто сите државни органи на „македонската функционална мултиетничка демократија“ сеуште се наоѓаат само во Скопје?

Децентрализирањето на голем дел од државната управа од Скопје во помалите градови би било силен поттик за регионален развој.

6 коментари:

GoodBytes рече...

Исто, јас одамна заговарам Охрид да стане универзитетски центар. Од една страна тука е вековната традиција, од друга се сместувачките капацитети, а од трета - помал град е подобар за студентарија, наместо тискањето во Скопје.

Ова секако нема да се случи, барем не со ДРЖАВНИТЕ универзитети.

Unknown рече...

На мое изненадување, колку што можев да видам, Струга расне во нов универзитетски центар, иако Охрид има „вековна традиција“.
Инаку, и јас навивав, и сеуште навивам за тоа Охрид да стане Универзитетски центар.

Photo Volan рече...

Добар е и твојот и предлогот на goodbaytes ...

Pozdrav.

redfinger рече...

Одамна велам дека Скопје за РМ е како преголема глава на мало тело. Што повеќе се префрлат некои работи во помалите места, тоа подобро, само се плашам да не е малку доцна, барем за Скопје.

Анонимен рече...

Никогаш не е предоцна.
Колку побргу, толку подобро.
Некои се жалат, Скопје не бил велеград затоа што немал сериски убиец.
Скопје е веќе сериски убиец.

Анонимен рече...

http://www.kajgana.com/more.php?id=35&tema=1

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week