Еротски филмски маратон

7/26/2007

Има ли поинспиративна предигра од гледањето на еротски филм со некој/а кој умее да ја стимулира вашата сексуална имагинација? Летните одмори се измислени за уживање во култните еротски филмови.

Порција еротска класика
Не е е лошо да го започнете еротскиот маратон со некои порелаксирачки филмски класици. За љубителите на филмски „дијаманти“ чиј блесок никогаш не згаснува идеален избор е „Некои тоа го сакаат жешко“ (1959). Перформансите на Мерилин Монро се одлични за будење на воајерскиот апетит. Воајерската глад е ненаситна, а некои жешки сцени од „Blow-Up“ (1966) на Антониони може да „легнат“ како одлично предјадење.
За заситување на воајерската глад предлагам француска порција. Пред да започнете со „Последното танго во Париз“ (1972) не е лошо да го извадите путерот од фрижидерот. После толку сексуално зачинети сцени никогаш не се знае кога може да ви се најде.
За десерт предлагам јапонска егзотична храна. Оние кои сакаат да експериментираат со еротски вкусови можат да зачекорат „Во царството на сетилата“ (1976). Само, внимавајте - во „царството“ на опседнатиот сексуален пар воопшто не царува другарство.

Порција: еротски бисери на осумдесеттите
Изборот на соодветна храна, како и изборот на еротска филмска дива на осумдесеттите, воопшто не е лесен. Како апетисан го препорачувам воајерскиот класик „Секс лаги и видео ленти“ (1989), со заводливата Енди Мекдауел во улога на сексуална хуманитарка. Алтернатива: „Поштарот секогаш ѕвони два пати“ (1981). Пред да ја гледате секс-сцена со Џек Николсон и Џесика Ланг не е лошо убаво да ја исчистите кујнската маса.
Кога надворешната и телесната температура ќе се изедначат на 37.2 степени, тогаш „Бети Блу“ (1986) е вистински погодок. Покрај одличниот саундтрак, ќе уживате и во ненаметливите егзибиционистички таленти на Беатрис Дал. Обично, формулата за еротски хит е мошне едноставна. Гладта на филмските воајери може да се засити само со жешки егзибиционистички сцени.
Главно јадење: сексуалното експериментирање со егзотично овошје во „9 и пол недели“ (1986). Со оглед на тоа што облините и умешноста на Ким Бесинџер и Мики Рурки лесно можат да го разбудат сексуалниот апетит, не е лошо претходно да го наполните фрижидерот со разновидно овошје.
Десерт: садо-мазохистичките сцени со Изабела Роселини во „Син Сомот“ (1986). На некои им делуваат како афродизијак, на некои како сладолед.

Еротска храна од деведесеттите
Поради богатата еротска понуда, препорачуваме две порции.
Порција „1992“: Апетисан за поборниците на слоганот „За љубовта нема граници“ - „Оштетени“ со Жилиет Бинож.. Предјадење за љубителите на предаторската сексуалност - „Основен инстинкт“ со неповторливата Шерон Стоун. Главно јадење за љубителите на кинеска храна - „Љубовникот“ на Жан Жак Ано. Десерт - сексперименталните сцени во „Горчлива месечина“ од Роман Полански.
Порција „егзотика-еротика“: Апетисан за љубителите на еротското сликарство – сцените со секс на отворено и секс „на слепо“ во Сирени (1994). Предјадење за љубителите на медитеранска храна – страстните сцени со Пенелопе Круз и Хавиер Бардем во „Шунка, шунка“ (1993). Главно јадење за посетителите на еротски локали: танцувачките сцени од „Егзотика“ (1994) на Атом Егојан. Десерт по избор за љубителите на перверзии: сцените со секс во автомобил од
„Судар“ (1996) на Кроненберг или сцените со врзување од „Романса“ (1999) на Кетрин Бреје. Ако пак еден сака порно, а друг еротика тогаш идеален избор е „Ноќи исполнети со буги“ (1997) во кој Џулијана Мур брилјира во улога на порно-актерка.

„Милениумска“ еротска порција
Оваа порција беше најтешко да се подготви. Ја препорачувам само на љубителите на зачинета храна.
Апетисан за оние што претпочитаат сексуална разновидност и групен секс: лежерните сцени во „Автобувчето“ (Shortbus - 2006) – филм со најдобар почеток од сите еротски филмови што сум ги гледал. Кој не верува, нека провери. Предјадење: скандалозната фелацио-сцена од „Кафеавото зајаче“ (2004) на режисерот Винсент Гало со неговата поранешна девојка од реалниот живот – Клое Севињи.
Главно јадење за љубителите на „швркнати“ експерименти: „Анатомија на Пеколот“ (2004), со славната порно-ѕвезда Роко Зифреди во улога на геј-пастув спасувач кој за прв пат ги истражува сексуалните мистерии на женското тело. Десерт по избор за љубители на сексуални триаголници и мастурбирачки сцени: „Мојата мајка“ (2006) со Изабел Ипер (филм кој дефинитивно не треба да го гледате со вашата мајка) или пак „Сонувачи“ од Беролучи (некогаш за среќа се потребни тројца, некогаш е доволно да си сам/а).

И така, време е да се прекине со зборувањето за еротските филмови кое некогаш делува погубно за уживањето во нив. Време е да завртите некој телефон, да тркнете до омилената видеотека и да го направите вашиот избор – според моите сугестии или според вашите сеќавања. Најпосле, нема подобар водич за култните еротски сцени од вашите сопствени сеќавања на филмовите што сте ги гледале. Ако не можете да се сетите на некоја сцена, не очајувајте – таа не била вредна да се запомни. Вашето филмско сеќавање е главен судија. Ако ги парафразираме проникливите народни сексолози од Кимахобо: „Какво филмско јебавање, такво гледатељско сеќавање!“

(колумната во претходниот „Форум“)

9 коментари:

roxane рече...

ииииииииииинтеррресно :))))
и јас обожавам летна ероткика... фала што ме потсети да гледам некој од овие иако практично сите ги имам видено. едвај чекам овој да го ѕирнам „Ноќи исполнети со буги“ (1997)! :D

јак еротски филм што си го пропуштил е тој еден со николас кејџ и таа една типка, све се случува во луизијана мислам француска четврт. бооооооо , ги шие сите овие останати.
едноставно летото + летниот дожд више никогаш нема да ти бидат исти откога ќе ти продефилира тој филм.
quote-ot kimahobo ->> :)))))))
umref..:))

Unknown рече...

Филмот изгледа се вика Zandalee (1991), и веројатно имам гледано само некои парченца од него.
Фала ти многу за препораката.
А може ли да се најде некаде во Скопје?
Инаку, немам споменато уште неколку мои фаворити, како „Созревањето на Лулу“, „Девојката на мостот“, Valmont...

Съзерцател рече...

Много добар подбор си направил. Но добави за 90-те и The Pillow Book.
Филмот е закон. Сум ги гледал овие и са наистина добри. а един ме поврзва со чупето, али нема да кажа кој.
А за ’Девојката на мостот’ - види го овој спот
http://www.youtube.com/watch?v=Nm6jBTrGMoU

един мој другар го е правил, много е добар. сум го посњетил на девојката си.

Анонимен рече...

Жилиет Бинож.. Жаре бе... Жилет за секоја пригода :) Добри препораки во секој случај.

Unknown рече...

Мерси.
А за клипот, многу е јак :)
Сцената е можеби најдобриот филмски „mindfucking“ што воопшто сум го гледал... а со кого? - нека остане тајна :)

Анонимен рече...

во „милениумската порција“ слободно може да влета и A Snake of June, а ако веќе не може да се избори за место во летните `лајт` еротски шеми тогаш го приложувам во контекст на `кошмарните` пожари :)

п.с
Zandalee може да се мрежосмукне

Unknown рече...

фала за мрежосмукалката :)
Кога веќе спомна источни филмови, тогаш ми текнува и на „The Wayward Cloud“ :)

Анонимен рече...

и Ошима е источен , поради тоа и се присетив на Tsukamoto :)

но, како и да е`, се слагам дека лето без лубеница не бива ;)

Анонимен рече...

A za dinji, malku raspukani, da ne praime muabet :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week