Порнографијата и децата

7/04/2007

Владата сака да ги заостри казнените мерки во врска со порнографијата.

Во предлог-измените на Кривичниот законик (доставени до Собранието) во членот „Прикажување на порнографски материјал на дете“, зборот „дете“ (претходно интерпретирано до 14 години) се заменува со зборот „малолетник“, а минималната казна станува 6 месеци.

Лично, сметам дека ако не постои член кој им забранува на децата што имаат наполнето 14 години да стапат во сексуален однос, тогаш станува бесмислена забраната за прикажување на порнографија на деца до 18 години (претходно беше до 14).

Исто така, мора да се понуди дефиниција што ќе се смета за порнографија, а што за еротика, односно, што ќе може, а што нема да може да им се прикажува на децата. Во спротивно, на голема врата се воведува цензура, а цензурата е забранета со уставот.

Во постот Право на порно - и тоа за џабе!, укажав дека „Секое експлицитно прикажување на сексуални акти не е порнографија.“

Со предлог-измените се воведува и нов член:

„Производство и дистрибуција на детска порнографија преку компјутерски систем (Член 193 – а):

(1) Тој што произведува детска порнографија со цел нејзина дистрибуција, дистрибуира или пренесува или нуди или на друг начин прави достапна детска порнографија преку компјутерски систем, ќе се казни со затвор од три до пет години.

(2) Тој што набавува детска порнографија преку компјутерски систем за себе или за друг или поседува детска порнографија во компјутерски систем или медиум кој служи за чување на компјутерски податоци со намера за прикажување на друг или за дистрибуција ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“

Детската порнографија е вака дефинирана: „Под детска порнографија се подразбира порнографски материјал кој визуелно прикажува очигледни полови дејствија со малолетник, или очигледни полови дејствија со лице кое изгледа како малолетник, или реални слики кои прикажуваат очигледни полови дејствија со малолетник.“

Според ваквата дефиниција, дури и за дистрибуција на клип преку интернет на консензуален сексуален однос со полнолетник „кој изгледа како малолетник“ можеш да заработиш затворска казна од три до пет години!

Е, ова е веќе тешко забегување!

6 коментари:

Анонимен рече...

Ако сум снимал свое порно ко малолетен и го дистрибуирам ко полнолетен, и тоа ли е казниво со закон???

Unknown рече...

da.

Анонимен рече...

Жаре, треба да се замислиш. Јас како што те опулив, ти богами можеш на многу да им заличиш на „малолетник“ посебно на некој загребен извршител на новиот закон кој ќе сака да го заѕида постоењето на истиот :)

Unknown рече...

:) Има многу луѓе со над 20 год. што изгледаат како малолетници. Што станува со нивните права?
Ова ми личи на дискриминација врз основа на изглед.

Анонимен рече...

Прв пат ќе ти биде? Мене стално ме дискриминираат секакви на основа тоа.

Анонимен рече...

Знаеш, малку е срамота кога уште ти бараат лична карта, а ти веќе си наполнил 30 :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week