Со векови, моралот, религијата, правото... се обидуваат да ја контролираат нашата сексуалност, нашата сексуална имагинација, нашите желби и претстави. Со векови настојуваат да ни наметнат што смееме, а што не смееме да посакаме, да си претставиме, да направиме. Катадневно ја ограничуваат нашата имагинација и акција: де сексот ти бил привилегија на брачната двојка, де сексот ти бил привилегија на хетеросексуалците, де функцијата на сексот била репродукцијата, де храм на сексот ти била спалната соба...
Мили браќа и уште помили комшики - дојде времето за борба за ослободување од гнетот на кобната власт што го гуши нашето либидо. Границите на сексуалната разновидност се граници на сексуалната имагинација! Има толку различни видови секс, колку што само можеме да си претставиме.
Минатиот век, нашите храбри претходници - борците за сексуална слобода - успеаја да ги раскинат прангите на спалната соба на хетеросексуалната брачна двојка – тоа легло на ужасната досада. Крајно време е да продолжиме по нивните стапки, да започнеме нова сексуална офанзива, и да освоиме нови простори каде што слободно можат да се изразат нашите сексуални желби и склоности. Дојде времето да го разбиеме древниот мит за сексот на отворено како нешто неморално и опасно!
Има ли нешто постимулативно од идејата за секс на тераса во претопла јулска ноќ, на полна месечина? Кога соседите можат да ви ги гледаат гаќите, зошто да не можат да ве видат и вас? Дури и да ве накодошат во полиција за „непристојно однесување“, најмногу што можете да загубите се 400 евра. Зарем ќе дозволите потенцијалната парична казна да и застане на патот на вашата сексуална имагинација? Кој не пробал, нема да дознае дали забранетото овошје е навистина најслатко.
Небулозната забрана за ноќен престој во скопскиот градски парк е дополнителен стимуланс за вистинските борци за сексуална слобода и еднаквост. Бесмислените забрани постојат, само за да се прекршат.
Храбри младинци и младинки, мора повторно да го ослободиме градскиот парк од јаремот на исфрустрираната градска власт со сеопшта сексуална офанзија. Ако треба, сите до еден ќе изгинеме на славното „љумфер брдо“, ама паркот на „газда Трифун“ не му го даваме!
Денешнава младина постојано се жали дека клупскиот ноќен живот е ептен сиромашен. „У наше време“ не беше така. Ако некој успееше да здогледа празна клупа, големи беа шансите таа да е свежо фарбана.
Знам дека љубителите на комфорот веднаш ќе се пожалат дека дека клупата ги ограничува можностите за сексуални егзибиции и дека создава набиеници. Ваистина, не само ноќната авантура, туку и клупата си остава свој впечаток. Но, има ли нешто поубаво утредента од благата ненадејна болка во мускулите, која веднаш ги привикува вчерашните сексуални впечатоци?
Ако имате удобна кола и пари за бензин, тогаш можете да ги користите и погодностите што ги пружа некој „настран“ паркинг, како што е популарниот скопски паркинг кај „Видиковец“. Секако, името не го има добиено само затоа што има убав видик на Скопје. Таму можете да уживате во несекојдневната глетка, но можете и да бидете видени.
Сепак, главната опасност на која укажуваат некои напатени форумџии не доаѓа од внимателните „пазачи“, туку од вашата невнимателност. Затоа, „Секогаш прво дигнете ја рачната кочница, без разлика каде се сексате!“
Не само ноќта, туку и водата може да стане ваш сојузник доколку ја одберете плажата како најпожелна сексуална дестинација. Оние кои што сакаат да уживаат само во шумот на брановите, било на осамена дневна плажа, или пак на пуста ноќна плажа, најдобро е со себе да си понесат некое средство за заштита од „жуљавиот“ песок.
Плажата нуди најразлични опции. Егзибиционистите можат слободно да уживаат во водни егзибиции, на општо задоволство на сеприсутните воајери. Оние што не се егзибиционистички расположени, можат да изнајмат „хидро-бичиклето“ или „водно колело“ (педалина на романски и бугарски) и да исчезнат од видното поле на будните „пазачи“.
С-екстремни спортови на отворено
Границите на фантазијата се единствени ментални граници за зависниците од адреналин - љубителите на с-екстремни спортови: секс на дрво, секс на покрив од зграда, секс на велосипед во движење, секс на ролерки, алпинистички секс на карпи, секс со падобран, секс при нуркање... Последните два искрено ги препорачуваат како терапија против предвремена ејакулација.
На крај, запомнете: единствената физичка граница на вашата сексуална слобода, е сексуалната слобода на другиот/другата/другите. И уште едно предупредување: ако ви е многу поважно каде имате секс, од тоа како имате секс и со кого имате секс, бидете подготвени на големи разочарувања.
Доста беше. Смрт на сексуалниот фашизам, слобода на сексуално напатениот народ! Во борба, во борба, во бооорба, за сексуална слобо-да, сло-бо-да...
(колумната од претходниот број на Форум)
12 коментари:
Така е! Смрт за сексуалниот фашизам!
Сум бил осудуван за моето "делување", на пример, секс на хауба при подолг застој на семафори, секс на предавања, секс за време на свадбен ручек, секс во најлон ќеса (те молам не прашувај за подробности), секс во банка откако службеничката се извини на кратко, а потоа го осудуваше нашето "на кратко"...
Сепак, нашата борба ќе продолжи подеднакво силно како и досега. Слободата е нашето царство, а ние сме неговите граѓани!
Сексот е наш, ние сме секси!
„...И уште едно предупредување: ако ви е многу поважно каде имате секс, од тоа како имате секс и со кого имате секс, бидете подготвени на големи разочарувања....“
Зош бе вака сеа на крај сецнуваш со предупредувања?! Таман се расприкажа за на тераса, па плажа, во парк, на клупа, во кола, на дрво, на покрив, на велосипед, на карпи, па при нуркање..... и оп - требало да мислиш и како и со кого.... Бреееј, уништувач на забави еден... :-P :D
Pozdrav od Struga.
Kako Struga nema druga, ama kako druga nema treta... :)
реков ја- чист ацо станковски. :)
Нена, па каде си ти? :)
Жаре, ова "сексот е наш, ние сме секси" ептен ми се наврти во мисливе, па си велам, нека успее оваа петицијата "за" Ирак, а парите кои владата ги лупа на "странска воена помош" да ги преименува и пренасочи за "сексот е наш, ние сме секси" кампања! Не мислиш дека би било попаметно? И башка би те ставиле тебе како координатор и реализатор на кампањата. Ти, со сета своја гиздавост баш на оваа тема мислам дека би бил најдобриот избор. Македонија сигурно дека многу брзо ќе се популаризира во светот како коитус-земја. Можеби тоа ќе ни биде новиот прекар на државава, а граѓаните - форникатори! Зарем сето ова не е подобро од жежок песок во устата и очите, подобро од ладната пот и пушката в раце?!
Многу еквилибризми Жаре, но, ако, ако.
Треба да се просветли омладина. :)
Како друга нема трета, но затоа има четврта, и петта, и...
Да, даа, тоа беа добри денови.
Ај! И, не оди предлабоко.
Дали е ова повик за нова сексуална револуција, или...? Едната внесе некои промени меѓутоа не ги мрдна работите многу напред. Колку е возмозно било сто да се направи се додека сексот не се идентификува на еднакво рамниште на природност како храната, пиењето, спиењето и слични многу продуктивни активности.
додаток - секс во ресторан ;)
предлог филм:
Les Anges Exterminateurs
благодарам многу за препораката :)
naj zakon dosega mi bilo na grobista ali onaka rano nasabajle mhm mhm meraci
A posle, ja zakopa, ili ja ostavi otkopana :)
Да уж. По поводу коментариев - навеяла на меня где-то услышанная фраза:
Это мы языком Пушкина и Достоевского описываем титьки Памелы Андерсон и попу Дженифер Лопес.
Објави коментар