Расизам во Скопје

7/05/2007

Пред неколку дена гледав прилог на ТВ „Сител“ во која група бездомници беа претставени безмалку како дивјаци опасни по живот. Денеска гледам дека „Сител“ продолжува со расистичкиот и дискриминаторски пристап: „Сликата во центарот на градот продолжува да изгледа како селска паланка. Ромите бездомници се уште го узурпираат зеленилото кај Плоштадот.“ (ПЛОШТАДОТ НА МЕТРОПОЛАТА ПРЕТВОРЕН ВО МАЛА ШУТКА).

Бездомниците кај плоштадот се во слична ситуација како безработниците во паркот пред Собранието. Зошто новинарите на „Сител“ не пишуваат дека и паркот пред Собранието изгледа како „селска паланка“? Зошто не сугерираат дека и и овие „узурпатори“ треба да се дислоцираат од паркот?

И, зошто граѓаните на Скопје се солидаризираат само со протестот на безработниците, а не и со протестот на бездомниците, кои исти така бараат работа за да ги прехранат своите деца?

6 коментари:

Анонимен рече...

Срамота за Сител и нивната уредувачка политика.

Unknown рече...

Уште полошо, не гледам дека некој реагира, а Сител е „национална“ телевизија.

Анонимен рече...

ма што ви е
отсекогаш сме биле тешки расисти и тоа доста отворено ама несвесно. (во тв програми)
најгадно е у ствари кога “ние“ се згрозуваме од расизмот на некои амери и сл.
:)

Unknown рече...

"најгадно е у ствари кога “ние“ се згрозуваме од расизмот на некои амери"
Сети се само на „Црна арапина“ :)

Анонимен рече...

Расизам во Скопје, хахаха. Баш сте смешни, скопјанчиња. Дојдете во Тетово да видите што е расизам.

Unknown рече...

Работава испадна, кој е поголем расист... Ужас.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week