Нашите борци против дискриминација

7/03/2007

По неколку години задоцнување, кога дојде јајцето на газот, и кога од Брисел е испратена јасна порака дека ни е потребен нов закон за анти-дискриминација, се огласи конечно и нашиот експерт за човекови права - член на ЕКРИ и почна да открива топла вода: „Прво, драги мои, на трага на уставната норма, треба да се донесе закон за промоција на еднаквост и забрана на дискриминација. Некакви преписи постојат од две-три организации, но ништо издебатирано и јавно промовирано како проект.“ (Граѓанско партнерство).

Очигледно, „експертот“ ја преспал јавната дебата уште пред неколку години за предлог-законите од страна на граѓанскиот сектор. Што ќе и е на владата граѓански сектор, кога си го има граѓанинот-експерт Фрчкоски? Сега, со прифаќањето на неговите јавни предлози – ем ќе се воспостави „граѓанско партнерство“, ем владата ќе заштеди пари на експерти.

Уште нешто: Експертот упорно ја дезинформира јавноста што означува комисијата во која членува - ЕКРИ/ECRI (European Commission against Racism and Intolerance). Овојпат е „ЕКРИ (Европската комисија за борба против расната дискриминација, антисемитизмот и ксенофобијата)“. Во две други колумни беше именувана како „ЕКРИ Европска комисија за борба против расизмот и ксенофобијата“ и „Европската комисија за борба против расизмот и дискриминацијата ЕКРИ“ (Уште еден бисер на „експертот“!).

Дај професоре, научи веќе еднаш што е ЕКРИ и престани јавно да се брукаш.

7 коментари:

Анонимен рече...

апропо она што си ја прашал габриела: во националната програма за усвојување на правото на ЕУ нема таков предвиден закон.А па моите информации викаат дека неговата работна верзија чучи во некое министерство.
во секој случај, ме интересира евентуалниот предлог закон на граѓанскиот сектор. нешто подбарав, ама не најдов.

Unknown рече...

Имаше два предлог-закони, еден од Хелсиншкиот комитет, еден од МЦМС-граѓанска платформа, ако не се лажам.
„во националната програма за усвојување на правото на ЕУ нема таков предвиден закон“
Моите информации од два независни извора се дека претставник на Владата неодамна ги известил невладините организации што се ангажирани на проблемот дека веќе работат на усвојување на нов посебен закон, според „сугестиите“ од Брисел.

Анонимен рече...

Vo momentov vo tek e nova treta inicijativa ..Imeno so poddrska na OSCE formirano e telo od eksperti od ministerstvata , vladini institucii i nevladini organizacii, megju koi se predlagacite na prethodnite dva predlog zakoni.
Planot e najprvo da se odredi dali treba da se ponudi eden zakon za antidiskriminacija ili pak da se odi kon menuvanje na vekje postoeckite so dodavanje na novi clenovi. Sepak vidlivo e raspolozenieto za prvata opcija. Bas me interesira tvoeto mislenje t.e dali si za eden zakon za antidiskriminacija ili?

Unknown рече...

Дефинитивно сум за посебен закон за заштита од дискриминација.

Анонимен рече...

исто и јас. едно затоа што ме нервира само декларативното ставање на антидискриминаторска одредба во секој еден побитен закон ,а најчесто без никаква супстанца, тоест механизми за заштита, друго затоа што не сум поборник за специфицирани закони за на пр. полова, етничка или верска дискриминација, него сметам дека сите видови треба интегрално (што не значи и истоветно) да се тангираат. значи, пример со башка законот за еднакви можности (полово) само се ставаат под тепих дискриминаторските практики по другите основи, кои се исто така дебели.
судот иначе може да си цени суптилитети за заштита.
иако уставот забранува дискриминација, детализирањето со закон нема да е на одмет.

Unknown рече...

„иако уставот забранува дискриминација, детализирањето со закон нема да е на одмет“
Мислиш на оваа уставна одредба? „Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.“
Или на оваа: „Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба.“
Во обете одредби недостасува „друг статус“, и конкретно механизми за заштита.
УСУД - теоретски - го штити само ова:
„забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност;“
Работава е - „Беа осум мачиња, а сега се шест“ :)

Анонимен рече...

Веќе втора година Координативното тело (владини, невладини, експерти...) работи со поддршка на ОБСЕ, Делегацијата на ЕУ во Скопје ОДИХР... За жал после напорна работа на сите, Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација кога влезе во Владина порцедура излезе крајно иштрихана, нефункционална верзија како Предлог закон за заштита од дискриминација. Не само што внатре имаше крајно спротивставени делви кои ќе го закочат практикувањето на Законот, туку и со бришење на одредницата „спречување“ од името и членовите на Законот, Владата се обиде да спречи промоција на еднаквост... По сето ова работно тело во склоп на Координативното напиша „Забелешки кон Предлог законот за заштита од дискриминација“ кои ги испрати и до Венецијанската Комисија. Комисијата ги најде за валидни овие забелешки и го врати Предлогот до Владата и целиот процес за еден чекор назад.
Инаку со планот за Еу интеграција ваков закон треба да е донесен до половината на 2009 година.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week