Шала мала :)
Вечерва решив да ги посетам изложбите во Музејот на град Скопје.
Во едната галерија нешто говореше Трифун, па чисто од ментално-еколошки разлози решив веднаш да ја напуштам.
Во другата галерија сретнав еден колега-блогер, кој ми рече дека му било жал што не носел апарат со себе, за да го сликне џипот со кој пристигнал Трифун, паркиран токму на тротоарот пред Музејот.
Ех, Трифуне, Трифуне... Се паркира ли џип на тротоар?
Или сообраќајните закони важат само за „обичните“ граѓани?
Еве, уште се обидувам да си замислам како доаѓа пајакот, и како го подигнува погрешно паркирниот џип кој го попречува приодот на граѓаните во музејот.
Се трудам, се трудам, ама нешто не ми иде...
Скопје го преживеа катастрофалниот земјотрес во 1963 год. Сеуште е неизвесно дали ќе го преживее катастрофалното владеење на Трифун Костовски.
6 коментари:
“Еве, уште се обидувам да си замислам како доаѓа пајакот, и како го подигнува погрешно паркирниот џип кој го попречува приодот на граѓаните во музејот“
Ееее шта би било, кад би било.
Класичен психолошки момент. Однос на моќта, манифестација на моќта и признавање на моќта од околината.
Поради тоа што неговата моќ не му е признаена од околината, во смисла не му е признаена поради тоа што НИШТО не направил од кога е на функцијата каде што е, во него се раѓа желба сепак да ја манифестира својата моќ.
Тој МОРА да ја манифестира својата моќ! А како другачије, него ли согласно БАЛКАНСКАТА му ментална матрица ала СЕЛСКИОТ КМЕТ па ќе влезе со коњот во крчмата. И сите да видат, глејте ме јас сум моќен. Јас сум моќен поради тоа што го имам, а не поради тоа што го правам т.е. што треба да го правам.
Како времето ќе си проаѓа, а Трифун ништо не прави за градот (за она што е платен да го прави),ситуацијата ќе стан ува се полоша и полоша.
Се почесто ќе мора да (барем според тоа што му се случува во неговата глава,неговиот свет) да се докажува и покажува колку е моќен, а сепак во очите на другите ќе станува се ПОСМЕШЕН, ПОБАНАЛЕН и ПОЖАЛОСЕН!
"Тој МОРА да ја манифестира својата моќ! А како другачије, него ли согласно БАЛКАНСКАТА му ментална матрица ала СЕЛСКИОТ КМЕТ па ќе влезе со коњот во крчмата."
Баш така, само уште да дознаеме колку коњи џипот има :)
Јас би свртел во А1 да дојде екипа одма, да ме снимаат како се јавувам во полиција и го пријавувам градоначалникот за непрописно паркирање. За таков сеир добиваш телевизиска екипа на лице место за 10 мин. Од искуство зборам. :)
А не се ли блогерите и А1 нешто како конкуренција? :)
Истиот овој очув на градот неодамна придружуван од сурија приврзаници (пензионери и 40-50годишни домачици) лично му се навртел на другар ми затоа што кога се паркирал сосема регуларно на паркинг си дозволил поголема комоција да заземе место за две коли: „Момче, имате ли вие возачка дозвола?! Срамота!„ биле зборовите со кои градскиот татко го прекорил „пресрамениот„ шофер и се искурчил пред Скопјани како тој жестоко се справува со паркинг проблемите во градот.
Lele, zziva sramota...
Објави коментар