Сребреница

7/12/2007

И денеска, како и секоја друга година, роднините на жртвите од геноцидот во Сребреница не потсетуваат на скандалозното отсуство на правда:

„Роднините на жртвите од Сребреница се’ уште се вџашени од фактот дека двајцата најодговорни босански Срби Ратко Младиќ и Радован Караџиќ успеваат да ја избегнат правдата.“ (12 години од геноцидот во Сребреница)

Да потсетам на моето „Наградно прашање“ од лани: „Што е поголема срамота за „хуманата“ Европа?
1) Масакрот врз 8.000 беспомошни мажи и момчиња во Сребреница пред 11 години?
2) „Воајерството“ на трупите на ОН („толерантните“ Холанѓани)?
3) Фактот дека и после 11 години „меѓународната заедница“ не може да ги пронајде осомничените „српски херои“ Младиќ и Караџиќ?“

Систематското туркање под тепих на прашањето за Одговорноста за Сребреница, е исто така облик на соучесништво во злоделото.

21 коментари:

Анонимен рече...

Zare,dali imas citano nesto za KARMATA,ZAKONOT NA APSOLUTNATA PRAVDA?

Pozdrav,

Jove

Анонимен рече...

А зошто па стварно треба да се верува дека имало геноцид?
геноцид бе еј?

Unknown рече...

Мал извадок од кај тетка Вики:
"The Srebrenica massacre is the largest mass murder in Europe since World War II.[7] In the unanimous ruling "Prosecutor v. Krstić", the Appeals Chamber of the International Criminal Tribunal for the former Yugoslavia (ICTY), located in The Hague, ruled that the Srebrenica massacre was genocide[8], the Presiding Judge Theodor Meron stating:

By seeking to eliminate a part of the Bosnian Muslims [Bosniaks], the Bosnian Serb forces committed genocide. They targeted for extinction the forty thousand Bosnian Muslims living in Srebrenica, a group which was emblematic of the Bosnian Muslims in general. They stripped all the male Muslim prisoners, military and civilian, elderly and young, of their personal belongings and identification, and deliberately and methodically killed them solely on the basis of their identity.[9]

The International Court of Justice concluded that the Srebrenica massacre was genocide with the specific intent (dolus specialis) to destroy Bosnian Muslims in the area."

Анонимен рече...

жар, а сакаш сеа тета рокс да напише кај тета вики, како македонската диктатура и фашистичка полиција со се специјални единици од војската ги имаат нападнато граѓаните со албанско ентичко потекло во тетовскиот крај ?
сакаш да напишам нешто за macedonian atrocities во арачиново?

па да не дојдеше до така експрес рамковна капитулација и ние ќе кркавме еден геноцид.
ама на кој да му објаснувам???
кога нели,
ти тутнуваат една хорор стори во време на огромна граѓанска војна.. ја лапнуваш, ама со малку сомнеж..
нема некаков развој на настани или докази..
но ти ја повторуваат
повторуваат...
10години подоцна,
и понатаму НЕМА докази и покрај грдни сателити што све снимале и присутност на какви све не обзерватори шо холандски шо црвеникрстови..

но, по на гебелс-хитлер методот,, што поголема е лагата тоа поубедливо е , и на пат е да стане вистина.

бтњ,
чак првата ПРВАТА реченица е огромна навреда за сите погинати во масс масакри по 2св.војна.

треба ли стварно да ги спомнувам

виетнам
моѕамбик
камбоџа
руанда

Unknown рече...

Рокси, тоа од тетка Вики беше цитат од конкретни пресуди, така што аргументите против тетка Вики ти се ирелевантни.
Како што пишува на Srebrenica Genocide Blog, SREBRENICA GENOCIDE IS NOT A MATTER OF ANYBODY'S OPINION; IT'S A JUDICIAL FACT.

Анонимен рече...

Да да пресуда, која е така срочена , така аматерска да стварно може само скептиците вакви како мене, да се исмејуваат.

не очекувам јас овде , да ние исправиме вистини, го најдеме светиот грал.
очекувам да, кога кај некого , во близина се десила граѓанска војна и број контроверзни случки во тој регион да има барем малку некава лична совест и се заинтересира за она што ни се сервира. како вистина, како историја.

Unknown рече...

Рокси - поентата е - да не се повтори!
А Младиќ и Караџиќ не се кријат сами - некој им помага и ги штити, а некој можеби не сака ни да ги уапси.
Тоа се вика - попречување на правдата.

Анонимен рече...

каква правда бре....
правда???
демек, веруваме у правда?

а па бен ладен енеми но1 , леле глеам шо го фатија.. 7год више го бркаат.
а правдата, хм, како тоа не го репна никсон и сличните таму кога дозволија џиткање аген оранж врз цивили и труење на илјадници илјадници невини луѓе?
или па причата со пиноче?..

life isnt fair , there's no justice
deal with it!
:) :)

Анонимен рече...

многу интересна пресудицава за која тука зборите. по неа, геноцид се случил ,али србија не е виновна за истиот. виновна е само затоа што не направила ништо да го спречи.
од друга страна, конвенцијата не дефинира дека perpetrator мора да биде држава, или било која форма на организирана власт (иако компаративното право дава и такви дефиниции). и уопште, конвенцијата не се бави со субјектот кој врши геноцид.
прашањево е сеа, кој е субјектот? тука судот не дава одговор.
не зборам за пресудата за крстиќ на хашкиот трибунал, него на судот на правдата. интересно штиво, таа пресуда.
прашањево на рокс зашто па треба да се веруе дека имало геноцид, ми личи на оние америчките пролупани историчари, поткрепени од ахмадинеџад, кој цел свој научен, пред се, век, тврдат дека холокаустот е една митолошка измишљотина.
или поевропски пример еве, ле пен и хајдер од австрија, исто така се занимаваа со тоа дека конц, логорите и пропратните дешавања се малтене фолклор на војните (ќе извините што не цитирам изјави, али побуричкајте, точно ќе најдете што рекле).
Идејата, ако точно ја сфаќам “има-и-пострашни-масакри-а-и-на-нас-ќе-ни-се-случеше-за-малку“ и за мене е прилично горчлива, и точна, и сфаќам како фрустрира цели нации или ранливи групи или семејства. Али не е оправдување за пренебрегнување на туѓите несреќи. И тоа баш заради личната (па и колективната, ако сакате) совест.

Unknown рече...
Авторот го отстрани коментаров.
Unknown рече...

Рокси, логиката „life isnt fair , there's no justice deal with it!“, е логика со која може да се оправда било какво прекршување на човекови права, па и геноцид.
Доведена до крајност:
„Ако животот не е фер, затоа што смртта е неизбежна, зошто тогаш веднаш не се самоубиеш?“
Или, зошто да е забрането убивањето, кога и онака убиените ќе умрат, порано или подоцна...
Ваквата философија која го негира фундаменталното право на живот и ја релативизира правдата, произведува машинерии за колективно уништување на човечки животи.

Анонимен рече...

нена,
сепак ми се чини дека го одбираш полесниот пат.
ја читаш пресудата , малку нелогична ти е.. ама ете, нема везе.
најчудно, еј србија не е директен извршител -нарачувач на геноцидот, па тогаш кој е? србија е само виновна шо не го спречила. уоууу.

ова само го зборуваат луѓе што врска си немаат за конфликтот и за конфликтот знаат од вести и вака два три линка.

за да се изврши геноцид, демек систематско селектирање на 7-800 од машки пол жртви, и носење (не знаеме каде) да ги егзекутираме и сместиме во некакви непронајдливи дупки , ископани така да никој не ги ни видел ни во текот, ни отпосле треба така малку логистика, отворен терен, средства и што све не, нешто што во тој период е исклучено како можност. но ни тоа нема врска нели.

Она што е вистина е дека во тој период трупите на насер орич со овие на република српска се спукуваа во повеќе наврати , со тоа што од двете страни имало по некоја илјада жртви. Денес тие жртви проаѓаат како жртви на геноцид.. но во колку ете тоа ве прави среќни и сигурни во постоењето на правдата ок..
нена, на прим се чуди како тоа србија не е директно виновна а не и беше чудно тоа што тие што од хаг добија години затвор ради учество во тој масакр/геноцид, се босански срби. под власт на босанска српска армија нели. илити, плавшиќ и сл.

И повеќе од што можеш да замислиш нена, познат ми е ревизионизмот и негационистите. (особено што имам прабаба еврејка и членови на фамилија со изгубени животи во холокаустот)

Јас лично барам само кохерентност во настаните , случките и реперкусиите. (ете пресуди)
На прим. геноцидот во арменија, сеуште не е признат. Значи 80год. подоцна сеуште се тегне тоа. А ова со сребреница го решија за неколку годинки и тоа со број неправилности околу доказите, без арбитрација..

Па ако критериумите за докажување на геноцид се лесни за манипулација, истовремено постојат политички интереси и мешања , па приватни финансирања на тие трибунали кои ќе ги донесуваат пресудите, тогаш , нели е правно рискантно да самата пресуда - геноцид- изгуби на своето значење и да изгуби на својата тежина.

Конкретно, ако погледнеме од тие што се осудени за геноцидот, има само еден кој добил 18год. ( најверојатно ќе биде помилуван и ќе отслужи 8год) , другите се све со 5-6год. и евентуално помилување е на пат. ???

тебе ова сериозно ти звучи ???
па побогу, ако веќе ме носат во треблинка и го кркам јас и многу други тогаш барем би сакала , тој ден кога правдата ќе пресече , да тие што директно биле вклучени , кркаат или доживотно или некои 40г.

а ова???
значи, кои се параметрите?

особено што во весник можеш да прочиташ некои ко добиваат 20г. за обична саобраќајка, или во америка осудени на 200год. за свирепо убиство..
испаѓа дека за еден криминалец убиец поисплатливо е да се даде во мега масакр, геноцидни активности, полесно ќе пројде во очите на правдата , отколку некој што убил во афект, невнимание, несреќа..

Анонимен рече...

не Жарко.
не би била до толку радикална и би се изразила така во контекстот кој ти го објаснуваш.

она што е интересно, е дека тоа моето , лајф изнт фер дил вит ит, кажано така на крај па уште со смајли, најповеќе суситира реакција, макар што сум кажала можеби 100други ствари кон кои вреди да се навратиме.

Тоа моето лајф изнт фер, ако смеам да го парафразирам или објаснам.. би било нешто како,
постојано правдата кочи, зарибнува и подобро да го прифатиме тоа како неминовна реалност. (небаре имаме избор??)

ко што жртвите на пиноче , нема да да им се оддаде почитта преку правдата.. така и за многу ддруги, тоа е реалноста.

со тоа не сакам да кажам,
еее и за овие од сребреница исто нека биде туку да се вистински докаже тој чин и виновните добијат вистински пресуди.

ова вака како што е до сега направено, е само мачкање очи.
кочење на целиот балкан, сега со претекст младич,караџич, нив кога ќе ги фатат..
ќе им засметаат муџахедините кои се масовно населени низ босна..
после тоа одеднаш ќе им засметаат дивљачката трговија со оружје,дрога и бели робови на косово (сега не им смета).. и постојано ете ти , балканот живее на вересија, на сива економија и оригинал кокакола со марлборо.

Анонимен рече...

Драга Роксен,
ја коментирав у мој домен. Тука збориме за два различни суда, пресуди и пристапи на третирање на геноцидот. Едниов суд суди држави, а едниов луѓе. Ја зборев и за конвенцијата за геноцид. Тој акт НЕ ПРЕЦИЗИРА дека држава мора да стои позади геноцид. У пракса, групицава зверови, ако не се докажало дека биле линкани со државата Србија- за жал, тука се завршува причата. Значи, они лично ќе си одговараат, а државата Србија не. И ваљда јасно е дека овој момент е релевантен за субјективно исполнување на правдата, а многу повеќе за милијардата долари отштета што Србија сега нема да ги плати. За лична освета кон убијците и оние што го наредиле тоа- Судот на правдата нема надлежност.
У Трибуналот хашки немам голема доверба, одма да си кажам – и не од причини “Америте ни го сместија“ , него од чисто ладен правнички аспект. Према томе, нема што да ти опонирам на тема годините затвор за босанските срби. Од истиот аспект повеќе го ценам Судот на правдата- се слагам дека пресудава што ја збориме е контроверзна ( и затоа и уосталом коментирам за отсуството на правила за –извршители- на дело геноцид) , али читни ја сепак.
За конфликтот не знам само од вести и од два три линка, иако признавам дека не сум била во босна во времето на војната, па кој како се спукал можам да си коментирам само врз база на она што ќе го дознаам како некаков си доказ. И не е прашање на моја верба дали имало или не геноцид, едноставно од тоа што можам да го осознаам мислам дека имало геноцид.
Мислам дека имало геноцид и во случајот со ерменија. И точно тоа ми беше и поентата на тоа претходно што пишував. Можам да ги сфатам, и човечки се, и националните и личните и секаквите фрустрации и мачни чувства дека нема правда и дека све базира на моќ. Али не би ми паднало на памет да негирам туѓи судбини зашто еве и ја имам судбина, или и некој друг има иста таква.

Анонимен рече...

„чак првата ПРВАТА реченица е огромна навреда за сите погинати во масс масакри по 2св.војна.
треба ли стварно да ги спомнувам
виетнам
моѕамбик
камбоџа
руанда“
"The Srebrenica massacre is the largest mass murder in Europe since World War II"
А Виетнам, Мозамбик, Камбоџа и Руанда не се во Европа

Анонимен рече...

„ова само го зборуваат луѓе што врска си немаат за конфликтот и за конфликтот знаат од вести и вака два три линка.“

А ти претпоставувам знаеш од тоните напишани на темата, и Слобо испод руке. Страотно е колку сурово звучиш Роксен. Единственото мене кое ми смета во оваа пресуда е тоа што не е поврзана со субјектот.
Требаше да се поврзе, со Србија да, на чело со пајташите кои стоеја покрај тој систематизам. Тоа што Ерменскиот геноцид не е признат, тоа што Руанда се случи веднаш после ЕУ-САД лелекањата и издигање споменици за холокаустот, мене не ме оттрга од ставот дека она кое се случи во нашето соседство треба да се осуди , и дека некој треба да плати... макар само со прст према него. Срамотно да, што Србија се извлече од одговорност, но јеби га, новата политика го налага тоа.

Жал ми е што правдата на Ерменците не е задоволена, жал ми е што Тутсите и Хутите беа оставени сами да си ги залечат раните (и си ги залечија подобро од нашите, Руанда е фантастичен пример дека не се потребни 200 годишни пресуди), ама не ми е жал што макар и (не)сериозни, како што милуваш, пресуди сепак можеби ставија еден прст на чело.

И доста со западот и обвинување на судовите. Додека дојде западот во Босна, војната беснееше цели ебени 4 години. И американецот е крив? западњакот? хаг? Абе ајде.
Не е спорно дека многу одвратни актери имаше на сите страни во таа војна, крупни играчи, мафијаши која ја искористија глупоста на масата. Со тоа што во Србија мафијашите малку преминаа граници, се занесоа, ликвидатори станаа власт, со монструмот Милошевиќ...
Слични имаше секаде, ама за некоја среќа не во тој обем.

Да се споредува Српската воена агресија со онаа на индивидуални Босански полковници е малтене срамота. Сараево 2 години без вода го оставија и си играа бам бам со снајпери... ако зборуваме за еквивалент на двете страни, зошто Бања Лука или останатите српски територии не беа подлегнати на таков воен тертип. не ми споредувај со ситни босански и хрватски риби.. Србија беше машинерија, која косеше пред себе. Не споредлива е агресијата...


Пресудите роксен, индивидуалните, имаат мнгоу помало влијание од психолошкиот мир кај жртвите, кое може да го даде една ваква пресуда и препознавање. Џабе некој да лежи и 500 години ако не се пррепознае дека ова беше едно систематско чистење на еден народ, од хрпа мафијаши со зафителени глави, кои сопствениот народ си го уназадија и унаказија... па неговите некогашни приврзаници го признаваат тоа... Тадиќ лани се појави на комеморација во Сребреница ако не се лажам...
И немало геноцид...што затоа што во ерменија немало? Ебем ти логика.

Анонимен рече...

Нена,
епа добро.. тука негде се разбираме.
Баш мене за тоа ми се збореше (ама да се има со кого) ;) , за тие неправилности , печурка-трибунали, меѓународно право? ни јас не викам дека САД се тие што прават дар-мар (не би можеле во колку не постои согласност од другиве) но во случајов факт е дека они го подигнаа овој трибунал, лобираа кај неколку земји да го финансираат и сеа ете ти.

Пази , САД покренува трибунали и изиграва авторитет по овие прашања а самите они го немаат ратификувано , потпишано договорот за меѓународно право и човечки права!! абе ај. Ама со кој да зборам овде?
со луѓево што повеќе саакаат да им се сервира инстант-правдичка ? да жртвите бидат на спокој ????

нена, интересен чланак е ова , читни го ако имаш време..
http://www.rightsforall.amnesty.org/info/report/r07.htm


До другиве.
Воопшто не ме тангираат пораките од типот “сурова си“.. “леле како можеш“ ..
Во едно модерно демократско општество сосема нормално е да постои отворена дебата , судир на мислења кои во случајов се од историски и комшиски карактер.

ЈАс едноставно не можам да се сложам за геноцидов, и не можам да сфатам како тоа
(а) геноцид и истребување на еден народ , ги поштедува жените и децата(?) , мислам, зашто не покосиле се под себе за да постигнат каква таква цел (иако им останува уште 4,5 милиони босански муслимани за да дојдат до крајната цел?
(б) во ера на ултрамодерни сателитски инструменти кои го ѕверат секој сентиметар на земјава а особено места кои се во некаков конфликт, да пројде незабележано и никогаш документирано ваквото организирање на “собирање мажи муслимани“ товарење во камиони и носење не знам каде , копање дупки во земјата каде што ќе ги кријат сите тие илјадници.. никогаш не пронајдени бајдвеј.. и се тоа во период од 1,2дена а да не биде приметено од ниедни холанѓани, остали унпрофори и што све не?
ај земи барај , акај по села да бараш-собираш мажи и тоа стотини+стотини =илјадници па да видиме што све нема да ти биде потребно за таквата операција.
НЕ е тоа , као да сеа ене 7000 мажи седат на едно место, доаѓаат 150 камиони, ги товарат , и ги носат некаде.
Конкретно она што е најнаврдувачко за нас како граѓани и за самите жртви, што целиов случај е претставен со доста аматерски пропусти а се’ е сведено на системот како германскато наци систематско собирање евреи и носење кон логори.

Ако за нешто се залагам, тоа е да се точно идентифицираат жртвите -нивната смрт и од друга страна пронајдат извршувачите на масакарот и нарачителите.
Е тогаш, извршувачите да си добијат фино лепо по 80год. доживотна казна а нарачителите 100год. по можност да бидат судени во америка , каде што има смрта казна.
Е тоа го сметам за правилно а не ваму добил 8год. затвор (со можност за намалување на казната) АЛООО!??

тоа е неправда и иронија а не ова јас што поставувам само политички некоректни прашања па шокирам анонимуси кај Жаре.

до географија. хмм, добро, сакаш да се играме географија?
ај вака,
што правиме за сите оние убиени во сурови масакри (од овој вид како сребреница) од страна на европските нежни неубивачи.. после 2св. војна, како на прим. масакрите во Алжерија од страна на французите.. или Британија во јужна африка, сиера леоне, мозамбик (1,5м. убиени)..
фините белгијанци во конго..
ако европска земја прави пуздер некаде таму уџум , значи ли тоа дека истата е ослободена од било какви обвиненија,судења како што е случајот , денес во светот.
Ова ми беше мала дигресија кон никот географија..

дигам раце од коментирање на теми каде што македонецот има бариера/склероза да води разговор без предрасуди.
Да сакав да дробам за босанци муслимани, босанци срби,срби и сл. ќе одев кај нив на форум и сл.
Мене ме интересира некаков наш од страна поглед кон ваквите специфични теми, со тоа што мене лично не ме интересира пристрастност ни кон србите ниту кон босанскиве муслимани а верувам ни вас.

Vladimir рече...

“Мене ме интересира некаков наш од страна поглед кон ваквите специфични теми, со тоа што мене лично не ме интересира пристрастност ни кон србите ниту кон босанскиве муслимани а верувам ни вас.“

Секоја чест. Убаво напишано, како и останатите работи погоре.

Секоја чест за обидот да се даде малку боја на црно-белиот поглед кон работите.

Анонимен рече...

Географија најголемиот масакар во Европа после Втората Светска Војна се случи во Егејска Македонија и беше извршен над Македонците. Англичаните и Грците употребуваа напалм бомби за да ги заплашат цивилите и бунтовниците. Е така да знаеш!

Анонимен рече...

Роксана, кои жени и деца поштедени? Кое нефилмувано копање дупки? Кај читаш ти за војната во Босна или напамет збориш ... кај овој дел некаде престанав да те читам, па прости што ќе го завршам и коментарот. Од „реалисти“ кои вадат примери и факти од ракав.. знаеш до каде....?! До папак!

Unknown рече...

детенце,
ај не ме нервирај.. јави ми се по имејл brzokucam8@gmail.com
ако имаш г'с па да те ишлакам на раат. :)))

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week