Денеска во ХАГ започнува судењето против деветмина обвинети за случајот „Сребреница“.
Обвинителниот акт можете да го прочитате тука.
Случајот „Сребреница“ е еден од најголемите порази на ОН. Да потсетиме, ОН им ветија на луѓето од Сребреница дека се под нивна заштита, и дека нема да бидат напуштени, а „прокламацијата на зоната како сигурно подрачје создаде кај населението илузија за безбедност.“ (Сребреница - „сигурно“ подрачје)
Во коментарите на постот "Наградно прашање" се разви интересна дискусија за одговорноста на Холандските војници во Сребреница. Овие извадоци од холандскиот извештај можат да помогнат во расветлување на некои дилеми во врска со одговорноста:
„The battalion command realised that the fate of the men, who were separated from the women and children, was uncertain, but not that it would end in the mass slaughter of these and many other men who fell into the hands of the Bosnian Serbs during their flight to Tuzla. In Potocari - in the vicinity of Dutchbat - at least 100 men were killed on the spot during a local settling of scores.“
Треба да поверуваме дека Холанѓаните биле толку наивни, па не знаеле дека она што им се случило на барем 100 луѓе пред нивни очи, може да им се случи и на сите други селектирани мажи?
Дека сепак постојат индиции за свесно соучество не само во депортацијата (етничкото чистење), туку и во геноцидот, илистрираат следниве редови во кои се опишуваат очекувањата на холандскиот командант:
„He had not expected mass murder, nor had he expected the VRS to abide by the rules, and he realised that in the worse scenario there might be some killing. From fear of panic and a direct catastrophe, he was silent about these fears and assisted with the evacuation in full awareness that the fate of the men was uncertain and that they, as he put it, "might end up in the most appalling circumstances".“
Треба да поверуваме дека Холандскиот командант „асистирал во евакуацијата“, надевајќи се дека во најлош случај ќе има само малку убивање од страна на Босанските Срби? Дури и да е така, тој со умисла соучествувал во селектирањето на некои луѓе за кои имал основани сомненија дека ќе бидат убиени, и тоа е доволно да се најде на обвинителната клупа.
Исто така, Холанѓаните лесно можеле да насетат дека станува збор за планирани геноцидни акти:
„That mass murder was the intention is also clear from the fact that, after the prisoners had been taken, no measures were taken to see whether there were 'war criminals' among them, no prisoner-of-war facilities were found, no food or drink were organised, identity cards were destroyed, and no distinction was made between combatants and non-combatants.“
Тие не само што не презеле никакви мерки за да утврдат што станало со селектираните мажи, туку не се обиделе ниту да алармираат, ниту да истражат дали се случиле сериозни прекршувања на човековите права:
„During the week after the evacuation, when the situation had quietened down, Commander Karremans and his deputy Franken did not attempt to issue a call or make inquiries to investigate the serious violation of human rights either.“
Токму затоа, трупите на ОН треба да се сметаат за директни соучесници во можеби најсериозниот случај на масовно прекршување на правото на живот во Европа после Втората светска војна.Затоа сметам дека е крајно неправедно тоа што во Хаг за случајот „Сребреница“ не се обвинети барем командантите на холандскиот батаљон, во најмала мерка како помагачи во „здружениот злосторнички потфат“.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
Во коментарите на постот "Наградно прашање" се разви интересна дискусија за одговорноста на Холандските војници во Сребреница
Само би сакал да дадам коментар за холандските војници, од лично искуство. Тоа се, буквално, манекени со пушка! Поради политички причини (туркање од страна на УСА, која буквално ги штити во овој случај), нивната влада ги вклучува во професионални мисии, но скоро без позитивни резултати... во случајот со Сребреница ептен "заеб" направија.
Во еден од коментарите се спомна шефот на холандската мисија како неконтролирано се тресе пред Младиќ. Кога шефот се тресе, може да се замисли во каква состојба е војникот. Одвај чекале самиот масакр да заврши за да би се вратиле на својата манекенска мисија....
Не за џабе ги викаа силите на ОН treeholders, или како што ти би рекол - „дендрофили“.
Enjoyed a lot! » » »
Објави коментар