Шутирањето со „шпиц“ е одлика на прави мајстори, и тоа само во ретки прилики. Тоа ги разликува од „рогачите“ кои шутираат со „шпиц“ кај ќе стигнат.
Ај да видиме дали последната „острилка“ на Ивица Антески (Хелсиншки во офсајд) е мајсторски „шпиц“ или обично „рогање“.
Еве на која оценка реагира Антески:
"Според сознанијата добиени од непосредното набљудување и извештаите на набљудувачите од други невладини организации прекршувањата на бирачкото право од големи размери направени во гласачките места со доминатно албанско население директно се одразија на бројот на местата кои во парламентот ги добија конкретни партии и во услови на потполно отсуство на соодветно делување од страна на ДИК за заштита на законитоста на изборите, директно влијаат на стабилноста на идната влада и на нужноста од непосакувани коалиции.“
Иако аргументот е комплексен, Антески се фаќа само за матниот заклучок:
„Какви се тие „непосакувани коалиции” и зошто би го загрижувало Хелсиншки, фактот дека ќе има „нестабилна влада”? Тоа се политички оценки што не се во функција на борбата за човекови права. Шут во празно.“
Во големата реченица од извештајот на „Хелсиншки“ е направен обид да се покаже како „прекршувањата на бирачкото право од големи размери“ директно влијаат како на бројот на освоени мандати, така и на „стабилноста на идната влада и на нужноста од непосакувани коалиции.“
Всушност, оценката на „Хелсиншки“ е обид да се покаже како прекршувањето на човековите права влијае во процесот на формирање на политичката сцена, и затоа тврдењето на Антески дека таквата „политичка оценка“ не е во функција на борбата за човекови права е обично „рогање“.
Дел од мандатот на „Хелсиншки“ е да дава оценки што се однесуваат на политиката на човекови права, водејќи сметка и за почитувањето на демократските принципи и владеењето на правото.
Сметам дека шутот на Антески ќе бил далеку поефектен ако во случајов го обвинел „Хелсиншки“ за конфузност, и за обид за „прорекување“, затоа што мандатите сеуште не се верификувани (допрва ќе се прегласува на некои места) и затоа што е дадена оценка за нешто што допрва ќе се случува, а не за нешто што веќе се случило.
Втората констатација на Антески е токму во таа насока:„А загриженоста за парламентот во кој влегле пратеници што биле во судир со законот е офсајд. Ниту е конституиран парламентот, ниту има пратеник за кого има правосилна пресуда. Офсајд.“
Оценката на „Хелсиншки“ дека „се стимулира порастот на криминогениот фактор во составот на Собранието“, поради „отсуство на реакција на предлагањето кандидати за пратеници кои се осомничени или обвинети за учество во големи прекршувања на законот“ е, најблаго кажано, избрзана. Таа не води сметка за правото на пресумпција на невиност и претпоставува дека во Собранието веќе имало „криминоген“ фактор, претпоставка која не ја поткрепува со правосилни судски пресуди.
Овој „шпиц“ не е обично рогање.
Е, сега, зошто „Шпиц“ мава токму по овие слабости од обемната анализата на „Хелсиншки“, кој смогна сили да се огради од сопствената првобитна оценка, изнесувајќи притоа мошне цврсти аргументи?Дали е тоа прашање на „уредувачка политика“, или повторно е во игра борба на суети?
Малку „шпиц“, малку „рогање“
7/15/2006во 14:47
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Мојот список со блогови
-
-
Hello world! - Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!Пред 6 месеци
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 4 години
-
Поддршката за СЈО не значи приврзаност кон идоли, туку кон идеали - Држава е збир од институции, а секоја институција е многу повеќе од збирот на поединците што работат во нив. Можеби авторитарните личности на кои им е стра...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 6 години
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 14 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 16 години
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Архива на блогот
-
▼
2006
(466)
-
▼
јули
(38)
- Право на одмор
- Ројалистичка хипокризија
- Голем пораз, мала победа?
- Малку „шпиц“, малку „рогање“
- Изборна кражба?
- Одговорноста за Сребреница
- Неодговорени прашања
- Не е време за „херои“
- Политолозите бараат извинување
- Колку им верувате на весниците?
- Духот на времето: „И што сас тој?“
- Криза на легитимитетот
- Наградно прашање
- Тетово: „argumentum ad Kalashnikov“
- Битола: „големи“ и „мали“
- Струмица: и ВМРО-ДПМНЕ сит, и СДСМ-овците на број!
- Со помалку гласови, повеќе пратеници
- Голем пораз на СДСМ во Куманово
- Катастрофа на СДСМ во Кисела Вода
- Коалицирај или исчезни!
- Нова Влада - нов „имиџ“
- Новата Влада?
- Кој не заслужува одговор?
- Вуна у парламент?
- Топ 10 - лузери
- Теорија на релативноста
- Предизборни дилеми
- Чекајќи го обвинителството
- За насилството врз децата
- „Информирај се, едуцирај се“!
- Предизборен гаф
- Демократска (не)свест
- Невидливоста на жените
- Секој си знае – не сме имбецили!
- Црнила
- Соочи се со различноста (6)
- Иднината на фудбалот е во жените?
- Homo Ludens (3)
-
▼
јули
(38)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
Прочитајте што вели Милчо Манчевски: „Кога бев мал сакав да станам филмски режисер. Арно ама, немав врски за да ме примат на филмската ака...
-
Точно за еден месец ќе одбележиме 60 години од Универзалната декларација за човекови права, усвоена на 10 декември 1948. Во првиот член од п...

Popular Posts this month

Popular Posts this week

5 коментари:
Жарко, а што ќе речеш дека претседателката на Хелсиншки не е „бајасд“ кон портокаловите? Ова е само уште еден доказ.
Еве уште неколку прашања...
1. Кој ја предложи за претседател на ДИК?
2. МАССО е поддржана од Хелсиншки. Хелсиншки повеќе пати реагираше против злоупотребата на правата на сексуалните малцинства. Зошто изостана критиката во предизборната кампања поврзана со интервјуто на Милошовски кое содржи фашизоидни примеси со теории на „здрава нација“.
3. Што и е ветено за досегашните услуги. Дали критиката ќе омекне наредните 4 години?
„Дали критиката ќе омекне наредните 4 години?“
Верувам (поточно, се надевам)дека критиката нема да омекне за следните четири години, како што не омекна ниту во претходните 8, независно дали беше СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ на власт.
„Хелсиншки“ не е само претседателката, иако таа е овластена да го претставува комитетот, па честопати се добива погрешен впечаток.
Има таму доста критички настроени индивидуи со различни стојалишта, честопати и спротиставени, и речиси е невозможно да се контролираат - особено не од која и да е партија на власт.
Секогаш има место за критика кога станува збор за заштита на човековите права. Прашање е колку тие што се на власт сакаат и знаат да ја искористат критиката за да го унапредат постоечкиот систем на заштита.
Знаејќи ја Најческа (на која by the way не знам зошто сите се наорлиле?) Хелсиншки ќе продолжи да си ја работи својата работа на најпрофесионален можен начин.
Но, не може Хелсиншки да ги реши проблемите во државава. Не, тие само постојано укажуваат на грешките. Anonymous, ѕирни на нивниот сајт, прочитај ги извештаите па ќе ти се разјаснат многу нешта...
;)
Жарко, острилката (за разлика од моите колумни) е уреднички коментар, што значи оној кој се потпишал зборува во име на целата редакција. Секако и во свое име. Јас го напшишав делот во кој не се согласувам со Хелсиншки. За делот со кој се согласувам немаше баш место во острилката, а и веројатно не беше редакциски став.
Апсолутно се согласувам со констатациите дека изборите беа далеку од демократски. Уште многу работи (освен отсуство на ќотек на изборните места и слични гомненици) требаат додека изборите станат демократски.
Критиката во однос на „несакани коалиции“ се однесува на политичката оценка - кои се посакуваните коалиции? Тоа не е сосема јасно. Има ли некоја посакувана коалиција меѓу членовите на бордот?
На тоа се однесуваше критиката. И мислам дека е легитимна. Затоа и ја напишав и се потпишав под неа.
А, верувај, има многу луѓе што не се согласуваат со ставовите на Хелсиншки, па макар биле и аргументирани - во коментар во весник, на кој сум јас потпишан неаргументирани критики немало и нема да има.
Looking for information and found it at this great site... breast enlargement Laser eye surgery risk boston Pentium 4 laptop sales various internet marketing Spyware check online Prostate+surgery+impotence Bontril ups overnight delivery rati services incorporation Barcode scanners cleveland lexus pop up blocker
Објави коментар