Секојдневно, медиумите не бомбардираат со фотографии од мртви или ранети луѓе (дури и деца) и со фотографии од оружје во убиствена акција.
Верувам, се сеќавате, многу луѓе беа шокирани кога беа објавени фотографии од мртвите тела на браќата на Садам Хусеин. Кај нас никој не се побуни кога беа објавени фотографии од мртвите тела на убиените кај „Раштански лозја“.
И британскиот топ медиум BBC објавува фотографии од мртви луѓе.
Одеднаш, Британците почнуваат да се бунат зошто е Објавена фотографија на која принцезата Дајана лежи мртва:
„Потегот на италијанските медиуми предизвикал голема возбуда и огорченост кај многумина, меѓу кои и принцовите Вилијам и Хари, на кои им се слошило од фотографијата. Тие се почувствувале како некој да танцувал по гробот на нивната мајка.“
Не верувам дека размазените „принцови Вилијам и Хари“ биле толку возбудени и огорчени кога ги гледале мртвите тела на BBC и дека тогаш се почувствувале како некој да танцува по гробовите на прикажаните мрти луѓе.
Уште едно сведоштво за Британската и нашата хипокризија.
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
3 коментари:
http://bitchkazz.blogger.ba/
Сите овие фотографски објави на пос(т)мртните ројалистички остатоци се некако бизарни.Смртта на богатите и познатите е смрт на заработувачката од починатите, но и на идеалот за живот од бајките.Една ваква загуба се разбира како загуба на личната иконичност, на имагинарното водство низ палатите на човечките илузии.Смртта на анонимните пак,се прикажува како пројава на нечија надмоќ врз незаштитените, со плуралитет во пораките што треба да не заплашат, преку слика на забрзана и гола смрт.
eve ti neshto za zanimacija:)
http://profile.myspace.com/index.cfm?fuseaction=user.viewprofile&friendID=16287877
Објави коментар