По што ќе остане запаметена Владата на Бучко:
Наместо остварување на програмската цел „Јакнење на борба против организираниот криминал и корупција“, Владата на Бучко ја оствари целта „Јакнење на организираниот криминал и корупција“.
Наместо остварување на програмската цел „...поттикнување на домашните и привлекување на странските инвестиции“, тимот на Бучко ја оствари целта „потпикнување на домашните и бркање на странските инвеститори“.
Единствената цел што ја оствари тимот на Бучко е „намалување на невработеноста и сиромаштијата“, но само кај дел од партиските послушници на СДСМ и ДУИ.
Бучко воведе оригинална и мошне ефективна мерка против невработеноста - своеволно бришење од списокот на невработените, наместо создавање услови за отворање нови работни места.
И мерките против сиромаштијата ќе останат за паметење: отворање на „народни кујни“ со оригинална порака до сиромашните: „Во иднина да ве има и во поголем број.“
Затоа Владината страница треба под итно да се ажурира.
Особено „насмеаната“ фотографија насловена „Новата-Влада“.
Од „насмеаните“ министри - проплакавме.
„Ју Ту“ (U2), Ед Ширан и Тарас Тополиа објавија песна посветена на
украинските бранители
-
[image: Кадар од спотот на „Ју ту“ - „Вечно твој/а“]
Ирската рок-група „Ју Ту“ (U2) и украинскиот режисер Иља Михајлус објавија краток
документарен фил...
Пред 1 ден
0 коментари:
Објави коментар